Кичево
Започнува наградна игра во кичевскиот локал за брза и квалитетна храна „Kelly Doner“, направи сметка од 600 ден – добиј ваучер и учествувај за вредни награди!
Пред нешто повеќе од 2 месеци во Кичево стартува со работа „Kelly Doner“, реномираниот локал за брза и квалитетна храна каде може да го најдете светски познатиот австралиски донер, секогаш свеж, секогаш добро спремен, покрај широката палета на ладни пијалоци. Овој пат за своите купувачи од „Kelly Doner“ организираат наградна игра – со многу едноставни правила.
Што значи, од утре 25-ти ноември (понеделник), до 25-ти декември (среда) со вашата направена сметка од 600 денари и повеќе, добивате ваучер. Со тој ваучер кој ќе биде со ваше име и презиме по автоматизиран процес учествувате во наградната игра, на која главна награда е „Samsung Galaxy A55“ за прво место, второ место 3000 денари, додека трето место ваучер од 1000 денари за купување во „Kelly Doner“.
Извлекувањето на среќните добитници ќе биде официјално на 28-ти декември (сабота) со почеток од 14:00ч во просториите на локалот
Заследете ги на нивниот инстаграм профил ТУКА и следете ги сите новости поврзани со наградната игра!
Официјален контакт број за повеќе информации, воедно и порачки на храна со бесплатна достава – 078/645-555
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника2 денаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево24 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп12 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза13 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Спорт12 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија13 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима



