Автомобили
Kia и во август со раст на глобалната продажба
Корпорацијата Kia неодамна објави дека во август нејзината глобална продажба изнесувала 255.481 возила, што претставува зголемување од 5,2 отсто во однос на претходната година…
Со исклучок на возилата за специјална намена, продажбата надвор од Кореја се зголеми за 5,8 отсто на годишно ниво, на вкупно 212.882 возила. На корејскиот пазар Kia забележа 42.225 продадени возила, што е раст од 2,4 отсто во однос на претходната година.
Најпопуларните модели на Kia се спортските теренци – Sportage, Seltos и Sorento
Во однос на продажбата, најуспешни спортски теренци се Kia, при што Sportage е продаден во 41.376 примероци во август, а потоа следат SUV моделите Seltos (31.647, не се продава во Европа) и Sorento (21.498 продадени примероци).

Надвор од Кореја, продадени се 212.882 Kia возила, што е за 5,8% повеќе
Продажбата на Kia надвор од Кореја е зголемена за 5,8 отсто во споредба со август минатата година (212.882 продадени возила).
На пазарите надвор од Кореја, спортското корисно возило Sportage го предводи патот со 36.166 продадени возила. По него следуваа Seltos (28.135) и седанот K3/Forte (17.702 примероци).
Во Кореја, Kia продаде 42.225 возила, што е за 2,4% повеќе од претходната година

Минатиот месец Kia продаде 42.225 возила на корејскиот пазар, што е за 2,4 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година. Соренто SUV предводеше во продажбата со 7.176 продадени примероци, следен од Sportage (5.210) и миниван Carnival (4.937 возила).
Kia ќе го продолжи продажниот моментум со лансирањето на целосно новиот Sorento, седанот K5 и миниванот Carnival (последните два не се достапни во Европа), чија продажба се очекува да започне во втората половина на оваа година. Kia исто така планира дополнително да ја збогати својата понуда со нов електричен луксузен SUV EV9, кој го очекуваме во Европа на крајот на годината.
/Automagazin
Автомобили
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“
Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.
Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.
Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА
Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:
Автомобили
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј
По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.
Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.
Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.
Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.
Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.
Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.
Извор: BUG
Автомобили
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)
Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.
И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!
Мал дел фотографии:
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин1 денInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин1 денOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин1 денMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин1 денКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден9 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle8 часаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии











