Следете не

Македонија

(ФОТО) Секаде нè има, кичевчанец собра 6 награди на државниот шампионат во Авто-слалом организиран викендов во општина Долнени

Објавено пред

на

Изминатиот викенд 13 и 14 ноември се реализира Државен шампионат во Авто-Слалом 2021 на леталиштето за воздухоплови на стопанското воздухопловство коешто се наоѓа во близина на селото Сарандиново, општина Долнени.

Одлична прикажана организација, љубителите на автомобилизмот имаа што да видат и да уживаат во настанот…

На ова величествено збиднување учествуваше и нашето брендирано модифицирано возило „Opel Kadett“ во сопственост на кичевчанецот од матичниот „Car Club-Кичево“ – Кристијан Бојоски поддржан и акредитиран од „АКК Фичо 600“ .

Тој се натпреваруваше во две класи, класа 3, класа 6, додека заслужено заработи 6 медаљи што е апсолутен рекордер од своите почетоци.

🥇 – место (група 1, класа 3 над 1600 цм³)
🥈 – место (група 1, класа 3 над 1600 цм³)
🥈 – место (група 1, класа 6 над 1600 цм³)
🥉 – место (група 2, класа 6 над 1600 цм³)
🥉
–  место (група 1, класа 3 над 1600 цм³)
🥉–  место (група 3, класа 3 над 1600 цм³)

Љубовта кон автомобилизмот во мене преовладува од мали нозе, благодарејќи им на постарите и поискусни денес можам да се натпреварувам и да уживам во она што ме исполнува. Се надевам во иднина дека повеќе ќе се вложи во овој спорт. Посебна благодарност сакам да упатам пред се на мојот тим кој неуморно ме следи, техничките подготовки на „Adler Automotive“, вашиот медиум кој ми е главен покровител и се разбира сите кои на свој начин го помагаат моето учество на овие адреналински натпреварувања – за нашиот портал додаде Бојоски.

Во прилог мини-галерија од настанот:


Македонија

ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Објавено пред

на

©porta.mk

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.

ЦУК предмалку го истакна следново:

Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни

АКТИВНИ: 8

1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);

2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);

3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);

4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).

5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )

6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)

7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)

8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)

Прочитај повеќе...

Македонија

Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.

Прочитај повеќе...

Македонија

Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Објавено пред

на

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Извор: ЦУК /Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (8 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Скопје3 часа

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од...

Спорт4 часа

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден. По одиграните натпревари кои завшрија со следните...

Македонија6 часа

ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија...

Спорт7 часа

Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со...

Македонија8 часа

Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот...

Македонија9 часа

Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет...

Македонија11 часа

РЦ Запад и Капетанија викендов спроведоа засилени акциски мерки согласно законот за внатрешна пловидба

Викендов (05/06/07), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при регионалниот центар „Запад“, како и инспектори од...

Македонија13 часа

Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Кичево13 часа

Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило....

НАЈЧИТАНИ