Спорт
Омерагиќ: „Очекувам секогаш да судите со праведност и непристрасност“. Кичевските професионални судии со поддршка за Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ

Во рамки на денешниот ден, професионалните судии кои се дел од Општинскиот фудбалски сојуз Кичево имаа работна средба во „Куќа на фудбалот“ со претседателот на ФФМ г-дин Масар Омерагиќ, кои му дадоа своја поддршка, изразувајќи задоволство за неговиот однос и доверба кон нивната силна посветеност на Фудбалската федерација, како и за обезбедувањето на одлични услови за работа, едукација и професионален развој на судиите.
– „Очекувам од вас секогаш да судите со праведност и непристрасност. Со почит кон сите фудбалери, тренери и навивачи, само со фер однос кон сите, можеме да ја зачуваме довербата во фудбалот“ – на кратко упати порака првиот човек на ФФМ, полн со ентузијазам и елан за работа.
Извор: ФФМ
Спорт
Половина стадион распродаден, во вторник сите на градски на Македонија – Велс!

Во рамките на второто квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година, Македонија ќе го одигра вториот меч на градски, додека вчера првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ одлучи и обзнани дека сите средства собрани од продажба на билетите за мечот меѓу Македонија и Велс да бидат наменети за семејствата на настраданите и повредени во големата трагедија во Кочани каде во пожар во дискотека животот го загубија 59. лица, а околу 190 се повредени.
Според информациите до кои дојдоа нашите колеги од спортските редакции, продадени се повеќе од 18,000 билети, додека како што знаеме капацитетот на стадионот е нешто повеќе од 34,000 седишта.
– Цената на каритите изнесува 300 и 400 денари, додека пак 900 денари ќе чини билетот од прва категорија, истите може да ги купите и online ТУКА
Уште еднаш преку нашиот упатуваме апел до македонските љубители на фудбалот но и сите други кои се ве можност, без разлика на временските услови – да ги наполнат трибините во вторник и со тоа директно ќе ги поддржат семејствата на настраданите, единството и сплотеноста секогаш се најважни, поготово во вакви катастрофални моменти каде буквално секој денар е важен. 🙏
Спорт
Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста.
Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот.
Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе.
Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.
– Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат.
Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија.
– Се гледаме во вторник на Националната арена, за јавноста истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, после победата во гости на нашата селекција против Лихтенштајн од 0:3.
Спорт
Ова се стартните 11 на македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн

Почетните 11. на Македонија против Лихтенштајн
#НапредМакедонија 🇲🇰
#ГордиПодСонцето ☀️
#ХрабриВоСрцето 🇲🇰
-
Македонија1 ден
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Македонија2 дена
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Македонија6 часа
Вкупно 17 лица приведени кои не почитувале денови на жалост во државата
-
Временска прогноза2 дена
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура1 ден
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Спорт1 ден
Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани
-
Скопје21 час
СВР Скопје: Управувал возило без возачка со 104 км/ч каде било ограничено 50 км/ч
-
Спорт2 дена
Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани