Автомобили
Кичевчанецот Бојоски во недела ќе учествува на Авто-слалом натпревар во Прилеп

Во недела со почеток од 10:00ч на 30.06.2024 град Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар.
На наше огромно задоволство и под наше медиумско покровителство свое учество “на Точила” ќе земе и ланскиот шампион од Кичево, Кристијан Бојоски со својот модифициран кадет.
Во организацијата која беше во октомври 2023, за која имаме информација дека исто така повторно ќе биде, Бојоски го извози најдоброто време во класата олд тајмери.
Нашиот тим ќе го проследи овој натпревар. Бидете дел и заедно да навиваме за кичевчанецот кој благодарение на пријателите и спонзорите кои здружено помагаат првично во техничката спремност, но и останатите важни работи, повеќе години по ред Бојоски зема свое учество и се искачува високо на пиедесталот.
Потсетување, како изгледаше октомврискиот авто-слалом ТУКА, кој годинава очекуваме повторно да блесне, но да бидеме дел и на летниот во недела!
Автомобили
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година

Во првата половина од 2025 година, европскиот автомобилски пазар бележи значајни промени и трендови. Според податоците на JATO Dynamics, објавени од Best-Selling Cars, најпродаван производител останува Volkswagen Group, додека зад него се позиционираат Stellantis, Renault Group и Hyundai-Kia.
Volkswagen Group и понатаму водечки
Volkswagen Group го задржа својот статус на најголем производител во Европа со над 1,8 милиони продадени возила. Иако 72% од продажбата сè уште се базира на конвенционални мотори, уделот на електричните и хибридните модели расте и сега изнесува 28%.
Stellantis стабилно на второ место
На второ место е Stellantis, со продадени 1,04 милиони автомобили. Оваа групација сè уште најмногу се потпира на класични погонски склопови – дури 85% од продажбата доаѓа од бензински и дизел модели.
Renault и Hyundai-Kia со силен раст
На третото место е Renault Group, со 704.000 продадени возила, додека Hyundai-Kia се пласира на четвртото место со 541.000 возила. Двата производители се издвојуваат со висок удел на електрифицирани модели – околу 43% од вкупната продажба.
Премиум брендовите ја забрзуваат транзицијата
BMW Group продаде 485.000 возила, од кои 40% се електрични или хибридни. Mercedes-Benz постигна 355.000 продажби, со удел на електрифицирани модели од 34%.
Ford исто така продаде 257.000 автомобили, со идентичен удел на електрифицирани возила како и Mercedes – 34%.
Geely сè поактивен во Европа
Кинеската Geely Group оствари 202.000 продажби, од кои дури 67% се електрични или хибридни автомобили. Со тоа, Geely се искачи на деветтото место, пред Nissan (165.000 возила) и веднаш зад Ford.
Toyota лидер во електрификацијата
Иако по вкупна продажба е на шестото место со 479.000 возила, Toyota е апсолутен лидер во електрификацијата. Дури 86% од нејзината продажба во Европа се хибриди и електрични автомобили – највисок удел меѓу сите водечки брендови.
Силната хибридна понуда и растечката популарност на електричните модели ѝ овозможуваат на Toyota да се натпреварува рамноправно со европските производители, иако традиционално тие доминираат на пазарот.
Извор: 24Sata
Автомобили
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар

Темата за иднината на рачните менувачи ја допревме и порано, но анализата на најновите податоци од европските пазари, а особено од САД, јасно укажува дека тие полека исчезнуваат од автомобилската сцена.
Трендовите покажуваат дека автоматските менувачи веќе се наметнуваат како доминантен избор, оставајќи го класичниот рачен менувач на маргините. Воведувањето на SUV сегментот, а потоа и ширењето на електричните возила, само го забрза овој процес. Она што започна во САД уште кон крајот на 90-тите, а глобално во првата деценија од 21 век, денес изгледа како неповратна трансформација.
Американскиот пазар, со своите автопатишта и традиција за возила со големи димензии, одамна е предводник во користењето на автоматски менувачи. Првиот масовно достапен автоматски менувач, развиен од „Џенерал Моторс“ уште во 1939 година, ја трасираше патеката. Дека промената е драматична, говорат бројките: во средината на 90-тите години речиси 28% од новите возила сè уште имале рачен менувач, додека денес тој удел се сведе на едвај 0,8%.
Европа долго време одолеваше. Во 2001 година, дури 91% од сите автомобили регистрирани на петте најголеми пазари (Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија) користеа рачен менувач. Дури и кај премиум и луксузните марки, автоматиката тогаш беше ретка и скапа опција. Но, со текот на времето, развојот на технологијата ги намали трошоците, а урбанизацијата и сè погустите сообраќајни метежи го направија автоматскиот менувач попрактично решение.
Не е изненадување што автошколите во најголемите земји на ЕУ сè почесто обучуваат возачи директно на возила со автоматски менувач. Денес, само симболичен дел од часовите е резервиран за рачна контрола.
Податоците го потврдуваат тоа: во 2023 година само 29% од новите автомобили во овие пет европски пазари имале рачен менувач. Кај премиум возилата доминацијата на автоматиката е речиси апсолутна – од 31% во 2001 година, уделот пораснал на 97% во 2024. И кај масовните брендови се забележува радикален пресврт – од едвај 5% во 2001 година на 63% минатата година.
Извор: motor1.com
Автомобили
Volkswagen ја гради иднината на производството со вештачка интелигенција и AWS

Групацијата Volkswagen ја гледа иднината на автомобилската индустрија во вештачката интелигенција и облак технологиите. Компанијата веќе имплементираше AWS cloud решенија во 13 производствени погони на своите брендови Volkswagen, Audi и Volkswagen комерцијални возила, со што постигна значителни заштеди и зголемена ефикасност.
• Благодарение на високата достапност и скалабилност на AWS технологијата, Volkswagen успешно ги премести критичните системи во облакот, намалувајќи го ризикот од застој на производствените линии.
• Стандардизацијата на овие процеси веќе носи заштеди од двоцифрени милиони евра.
Вештачка интелигенција за подобро производство
Моментално, компанијата користи над 1.200 апликации за вештачка интелигенција. Меѓу нив е и системот KI4UPS, кој овозможува брза детекција на потенцијални електронски проблеми на производствените линии. Со помош на Amazon SageMaker, Volkswagen обучува AI модели кои ја подобруваат контролата на квалитетот.
Оптимизација на потрошувачката и одржливост
Значителен напредок е постигнат и во областа на енергетската ефикасност. Во фабриката во Познањ, Полска, вештачката интелигенција ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија. Резултатот е намалување на трошоците за енергија за 12 проценти и значително намалување на емисиите на CO₂.
Volkswagen со оваа стратегија ја поставува основата за модерно, ефикасно и поодржливо производство, користејќи ги најновите иновации во облак технологии и вештачка интелигенција.
Извор: Index
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (10 септември)
-
Македонија1 ден
МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера
-
Временска прогноза2 дена
Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи
-
Македонија8 часа
(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога
-
Спорт1 ден
Англиската репрезентација со четири победи вечерва со фаворитски статус во Белград пред Србија
-
Македонија1 ден
Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Временска прогноза13 часа
Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд
-
Македонија12 часа
(ВИДЕО) МВР: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП