Кичево
Кичевчани кренаа глас за спас од кучињата скитници преку „Online“ петиција

Група на кичевчани видно револтирани од кучињата скитници кои во Кичево се веќе сериозен проблем за пешаците, а може да се каже и за движењето на патничките-моторни возила креираа онлајн петиција за кренатиот глас да допре до одговорните.
– Ситуацијата во градов е алармантна. Секој ден правам планови од каде да поминам со бебешка количка, затоа што пред некое време ми се пуштија по количката. Нема смисла да ни е ограничена слободата на движење поради нечија неодговорност и негрижа – вели г-ѓа Јолеска, додека г-ѓа Славица Блажеска преку иницијативата ќе бара и средба со локалните власти, бидејќи како што вели за медиумите – кичевската ситуација со кучињата скитници е излезена надвор од контрола, да се изнајде решение за нивно згрижување.
Групата граѓани веќе го креираа и планот на нивното дејствување, додека пред 20 часа оформија и фејсбук група именувана како „СТОП за хоророт во кој живееме во Кичево“ со цел полесно информирање околу текот на настаните.
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија13 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин9 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации