Кичево
Кичевчани Ве повикуваме викендов на голем Хуманитарен настан во дворот на црквата Св.Петар и Павле, потребни се само храна и средства за хигиена!
Се наближува големиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение и додека сите ние го празнуваме со богати трпези има семејства кои гладуваат. Човечки е да споделиме дел од она малку што го имаме со некој што нема. Речиси сите организации до сега биле успешно реализирани, кои благодарение на хуманите кичевчани барем за момент и одредено време успеавме да израдуваме неколку семејства.
– Затоа на 8 април (сабота) и 9 април (недела) од 10:00 до 16:00 часот во дворот на црквата Св.Апостоли Петар и Павле (за кој сме oсобено благодарни до Кичевската парохија за нивната помош) повторно ќе се собираат донации (храна и секаков вид помош) како и средства за хигиена. Истите намирници и храна ќе се даваат токму во прави раце, односно најпогодените социјално ранливи групи на граѓани од Кичево.
– За таа цел организаторите и нашиот медиум кој неуморно дава поддршка и ги покрива/оранизира поголемиот дел на хуманитарни настани, така што и овој пат ги повикуваме сите хумани граѓани, фирми, маркети да ни се приклучат на хуманитарната акција која е со единствена цел да може да им се помогне на многу сиромашни семејства. Без поделби на верски и етнички гледишта.
Што се однесува до можноста за доаѓање, доколку некој има обврски и неможе да го посети хуманитарниот пункт, а сака да донира може да се обрати на тел 076/824-325 и истите донации да завршат во прави раце и после настаните.
Ти биди причина за некој да верува во добрината на луѓето!!!
Биди хуман затоа што раката која дава никогаш не се суши!!!
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час, инфомираше МВР.
Кичево
На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та ја зрачи позитивната енергија во онлајн етерот и како дел од организацијата ја имаме таа чест премиерно да Ве известиме дека и оваа господова година 2026 традиционално ќе се реализира кичевскиот хуманитарен „Божиќен Базар“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево, почнувајќи од 2-ри јануари (петок) со почеток од 18:00ч, до 10-ти јануари (сабота) со исклучок на 6-ти и 7-ми бидејќи тие денови се нашите најголеми празници.
И оваа година покрај најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, ќе имаме одлична програма и многу забава.
За возрасните штандот ќе биде збогатен со греана ракија, вино, пиво, апетисани, кафе и топол природен чај, масата ќе ја красат најразновидните слатки производи, како и посебен штанд со познатите вкусни палачинки.

Ланскиот Божиќен Базар 2025 година
Оваа година на програмата се организира повторно богата лотарија за возрасните, но и за дечињата. Ученици ќе презентираат слики на платно и креативни arts and crafts, ќе се презентираат декоративни свеќи, голем избор на рачно изработени накит и женски чанти.
За сите дечиња присутен ќе биде Дедо 🎅 Мраз од Лапонија :), додека благодарение на спонзорите, ќе имаме „пакетчиња за сите дечиња“. Маскоти, за голема радост на дечињата ќе имаме и Рингишпил, како една од најголемите атракции минатите години.
За Божиќ, односно на 8-ми до 10-ти односно до самиот крај, на богатата трпеза ќе биде застапена највкусната скара. На музичкиот подиум и оваа година ексклузивно ќе бидат домашните кичевски бендови и пејачи од нашето поднебје, Културно уметничките друштва и останато.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993 заклучно со 10-ти декември 2025. После тој датум ја заклучуваме конечната агенда.
Кичево
(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
Денес и официјално Д-р Александар Јовановски ја презеде градоначалничката функција и влезе во општинската зграда на град Кичево. Со свеченост и честитки беше пречекан од вработените, упатувајќи срдечни поздрави за успешен старт, многу здравје, среќа и бериќет во плодна работа.
Советниците ги зедоа своите уверенија за четиригодишниот мандат, а примопредавање во една добра атмосфера му оддаде и досегашниот градоначалник Фатмир Дехари кој му посака успех во работата и многу здравје каде му врачи еден скромен поклон – четири слики во една од град Кичево, изгравиран со честитка за успешна работа.
– Верувам дека со заедничка работа, искрен дијалог и посветеност ќе создадеме поубав, поправеден и поуспешен град за сите нас и за идните генерации. Нека е аирлија, да продолжиме напред заедно, за мене како што знаете поделбите не постојат, она по што ќе се водиме е достоинствен живот за сите – истакна Јовановски на социјаните мрежи.
Посакуваме среќен почеток и успешна работа!
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (16 ноември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Скопје1 денЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт1 денДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Спорт11 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза1 денОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Спорт3 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Македонија4 часаПоради сообраќајка прекин во сообраќај кај Валандово

