Спорт
Кичево домаќин на тренинг кампот на репрезентативците од Македонија во фудбал до 16 години
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Вујадин Станојковиќ во периодот од 20. до 26. февруари ќе одржи тренинг камп во Кичево.
Во склоп на подготовките, предвидено е да се одигра една контролна средба. Нашите фудбалери во пријателски дуел ќе ги одмерат силите со младата екипа на Црвна Звезда на 24. февруари, на градскиот стадион „Билјанини извори” во Охрид со почеток од 14:00 часот.
Селекторот Вујадин Станојковиќ за кампот и подготовките во Кичево ги повика следните фудбалери:
Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Спаско Ахтаров (Македонија Ѓ.П.), Амар Хаџибулиќ (Работнички);
Одбрана: Андреј Велков (Брегалница), Анес Мелиќи (Шкендија), Никола Стојковски (Шкендија), Генц КЌику (Работнички), Андреј Љубевски (Работнички), Филип Митец (Академија Пандев), Валдрин Винца (Фирст Виена 1895, Австрија), Мемет Шабани (Шкендија);
Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Фљаркон Мемиши (Шкендија), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Дарио Јакимовски (Македонија Ѓ.П.), Александар Спасовски (Кул Здравје), Дарко Сековски (Вардар), Валдет Јакупи (Бургеланд, Австрија), Даниел Коцев (Работнички);
Напад: Алтин Ајили (Вардар), Димитар Папазов (Форца Вардар), Стефан Младеновски (Вардар), Веби Ислами (Шкендија), Давор Лефковски (Вардар);
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.
Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.
Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Спорт20 часа(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Хороскоп16 часаХороскоп за недела (14 декември)
-
Хроника22 часаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Кичево4 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
