Кичево
Кичево: Изминатото деноноќие регистрирано едно непочитување на Полициски час

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 118 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-50, Струга-15, Кичево-25, Дебар-28).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 97 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-50, Струга-10, Кичево-37,).
Во овој период, регистрирани се три прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 (Струга-02, Кичево-01).
Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид / Стефан Димоски
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) На прекрасното кичевско „Осломејско езеро“ деновиве се одржуваше „Боила куп Кичево 2021“ – ловење крап каде учество имаа 16 тимови

Деновиве, поточно од 08.04 до денес 11.04-2021, во Кичево на прекрасното Осломејско езеро се одржа спортски натпревар во ловење на КРАП именуван како ,,Боила куп Кичево 2021,, со учество на 16 тимови, каде екипата на „Карш Фиш“ победи на овој натпревар.
За потребите на натпреварот, членовите на Спортско риболовното здружение Хантер Фиш, заедно со многу други љубители на спортскиот риболов но и со несебична помош и поддршка на приватни и јавни претпријатија и установи го уредија теренот околу езерото за ова напреварување .
Вкупно уловена тежина: 240,54 килограми
Број на риби: 57
Просек: 42,20 килограми
Најголема риба од „Карп Фиш“ – 6630 килограми
- 🏆место освои „Карп Фиш“ 18п 79.260 килограми
- 🥈место освои „Миа Еко Фиш“ 9п 44.040 килограми
- 🥉место освои КТ „Стартер“ 11п 40.840 килограми
Се надеваме дека со понатамошно уредување на овај простор вакви натпревари ќе бидат почеста слика, преку нашиот медиум како дел од несебичниот придонес и поддршка за овој рекреативен спорт тимот од Хантер Фиш им се заблагодаруваат на сите учесници, спонзори, пријатели, и познаници, кои допринесуваат и помагаат во изгадба на езерото.
Кичево
Вчера на ул „Рудничка“ затекнат крадец во полициски час, додека ТППЕ и вработени од „Лопушник“ изгасија пожар на шума во кичевската месност „Јани“

Портпаролот на СВР Охрид г-дин Стефан Димоски ги извести медиумите дека вчера на 10.04.2021 година во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.А. (34) од Кичево, бидејќи го затекнале при обид за извршување тешка кражба во угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден во полициското одделение Осломеј, пријавен е пожар на нискостеблеста вегетација во месноста „Јани“, помеѓу кичевските села Туин и Поповјани. Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кичево и Шумското стопанство „Лопушник“.
Извор: СВР Охрид
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Сестринството на кичевскиот Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ во знак на вчерашниот празник подари рози на вработените во повеќе сектори

Со благослов од Манастир „Св.Богородица – Пречиста“
Свештена Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“
-
Кичево2 дена
Вчера на ул „Рудничка“ затекнат крадец во полициски час, додека ТППЕ и вработени од „Лопушник“ изгасија пожар на шума во кичевската месност „Јани“
-
Кичево1 ден
(ГАЛЕРИЈА) На прекрасното кичевско „Осломејско езеро“ деновиве се одржуваше „Боила куп Кичево 2021“ – ловење крап каде учество имаа 16 тимови
-
Спорт9 часа
Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош
-
Магазин12 часа
Убава вест, пејачот Влатко Миладиноски стана татко по втор пат, Илинче доби сестричка
-
Хороскоп2 дена
Викенд Хороскоп (11 април) недела
-
Македонија2 дена
Денеска потврдени 687 нови случаи на Ковид-19, починале 46 лица, најмладиот имал 34 години
-
Временска прогноза3 дена
Сепак ќе имаме дестабилизација на времето, ова се најновите детали
-
Македонија3 дена
Денеска од Ковид-19 1.092 нови случаи, починале 32 лица