Следете не

Кичево

Кичево конечно го доби големиот Голд Слот Клуб, каде секој ден и секој час е добитен!

Објавено пред

на

Во нови простории, со нови и збогатени понуди, како и интересни игри на слот апаратите, но и рулетот, Голд Слот Клуб ви нуди забава и одлични добивки.

Промоциите се распоредени секој ден и буквално во секој час. На вас останува да влезете со насмевка и да излезете добитни.

Секој ПОНЕДЕЛНИК, СРЕДА и НЕДЕЛА двоен БОНУС!

Бонус ЏЕКПОТ- Бонус ПРОМО!
Од 10:00 до 13:00 часот

ВТОРНИК – ДОБИВКА СЕКОЈ ЧАС?

Секој вторник HAPPY HOUR – од 13:00 – 17:00 часот ИГРАШ и секој час ПРОМО ДОБИВАШ!

ЧЕТВРТОК – долгоочекуваната промоција ПОВТОРНО во Голд Слот!

*** GOLDEN HOUR DEAL****
500 за 1000
Секој четврток од 13:00 – 17:00 часот!

ПЕТОК – ВИКЕНДОТ МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ!

*** GOLDEN HOUR DEAL ****
ПРОМОЦИЈА 1000 за 2000
01:00 – 03:00 часот по полноќ

САБОТА
Leadies Night

Повелете во новите простории на Голд Слот клубот во Кичево во центар и почувствувајте ја моќта на својата игра!

Кичево

За утре најавен времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево во следните локалитети и живеалишта

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 19 мај 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат локалитетите и живеалиштата во следните места на Општина Кичево:

Од 09:15 до 15:00 часот (Манастир Св.Богородица)

Од 10:00 до 12:30 часот (дел од потрошувачите од с. Србица и Ново Село) 

Инфо: Струја

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера во Кичево се случиле неколку сообраќајни несреќи во кој има и повредени учесници

Објавено пред

на

На 17.05.2022 во 15.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, во близина на превојот „Стража“, Л.Е.(28) од с. Поповјане, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Л.Е. бил пренесен во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа  на ОВР Кичево.

На 17.05.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се  случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с.Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, кичевско и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(52) од Скопје.

По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле пренесени во Медицински центар Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.

Извор: МВР / Дневен Билтен за медиуми

Прочитај повеќе...

Кичево

Во текот на утрешниот ден во Кичево ќе се спроведува дезинсекција за уништување на ларвените облици на комарци

Објавено пред

на

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола преку нашиот медиум ве известува дека утре на ден 19.05.2022 год, екипа на ЦЈЗ-Битола ќе спроведува „Ларвицидна Превентивна“ теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените облици на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во претпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена  на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на град Кичево кои се мапирани на терен како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предивдени со оперативниот план и програма на градот.

Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларвите на комарецот од типовите Aedes и Cules (во 2 и 3 ларвен стадиум).

Со информациите за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ – Битола известени се медиумите, здруженијата на пчелари, локалната самоуправа и сите останати надлежни инстутиции. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата ссе одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања телефонскиот број на ЦЈЗ Битола е отворен 047/208-100 – се вели во соопштението на Центарот за јавно здравје – Битола

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден2 часа

19 мај – На денешен ден

1635 – Франција и објави војна на Шпанија во Триесетгодишната војна (1618-1648). 1649 – Името Комонвелт се користи за прв...

Хороскоп9 часа

Хороскоп за 19 мај (четврток)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Кичево12 часа

За утре најавен времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево во следните локалитети и живеалишта

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 19 мај 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што...

Спорт12 часа

„Каменица Саса“ го освои фудбалскиот трофеј од Купот на Македонија во големото женско финале против „Асс Јунајтед“

Eкипата на Каменица Саса успеа да го подигне трофејот од Купот на Македонија по одличната игра и убедливо издвојуваната победа...

Здравје и убавина18 часа

Дали луѓето со висок крвен притисок можат да пијат кафе?

Иако нашироко се верува дека кафето го зголемува крвниот притисок, не постои истражување кое потврдува дека тоа е вистина. Експертите...

Магазин18 часа

Првите фотографии укажуваат на тоа како ќе изгледа iPhone 14

Веќе се појавија неколку гласини за претстојната серија модели на iPhone 14. За почеток, познато е дека Apple ќе ја...

Временска прогноза18 часа

Денес и утре по свежо време, додека викендот пред нас доаѓа топлотен бран со високи температури!

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку посвежо за разлика од вчера со повремени локални врнежи од дожд. Локално...

Македонија18 часа

Ново поскапување на бензините од ноќеска, додека дизелот останува не променет – ова е новата цена за литар бензин!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Спорт19 часа

Бараж натпреварот помеѓу Тиквеш и Воска ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица

Бараж натпреварот за Прва МФЛ меѓу екипите на Тиквеш и Воска ќе се одигра на 22. мај во 17:00 часот...

Кичево19 часа

Вчера во Кичево се случиле неколку сообраќајни несреќи во кој има и повредени учесници

На 17.05.2022 во 15.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, во близина...

НАЈЧИТАНИ