Кичево
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.
Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.
Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏
Кичево
(ВИДЕО) Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вчера го исполни кичевскиот плоштад до последно место, незапаметена македонска атмосфера во срцето на градот

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ својата славна приказна ја заврши таму каде што истата продолжува – во срцето на Македонија, во Кичево! Секоја станица досега беше повеќе од концерт – беше заедничка молитва испеана низ песна, беше сведоштво дека македонската песна живее, дише и ги зближува генерациите.
Вчерашната вечер беше вечер на емоции, гордост и незаборавна музика. На сцена блеснаа ѕвездите на вечерта кој со својот глас ја славеа татковината: Спасен Сиљаноски, Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев.
Овој караван ни покажа нешто многу важно – за убавата македонска песна секогаш има расположение и публика! Илјадниците луѓе кои пееја низ цела Македонија го докажаа тоа. Благодарение на Скендеровски продукција кои се организаторите на оваа музичка мисија овие концертни збиднувања добија поинаква музичка димензија.
Во продолжение погледнете го ТУКА, краткото видео од вчера во Кичево:
Кичево
Концертниот караван „Македонијо во срце те носиме“ во недела пристигнува на градскиот плоштад во Кичево, Спасен Сиљаноски, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски на едно место…

По успешните и емотивни вечери ширум Македонија, концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ со полна енергија и патриотски дух ќе допатува во нашиот град Кичево.
Во градовите каде што овој караван помина, веќе одекнаа звуците на љубов, традиција и гордост. Илјадници луѓе се собраа под отворено небо, со едно срце и една песна – за Македонија. Речиси и да нема гостување, а тоа да не биде буквално претесно за публиката која ја почувствува магијата на новите композиции, химни на љубовта кон татковината, а изведувачите ја испратија најсилната порака – Македонската песна живее!
Сега, таа иста енергија доаѓа и во Кичево. Затоа во недела на 28 септември со почеток од 20:00 часот на градскиот плоштад со срце и глас, заедно да пееме за Македонија!
На сцената ќе блеснат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев и се разбира нашата кичевска гордост, мега популарната фолк ѕвезда Спасен Сиљаноски како домаќин на оваа вечер.
– Песната нѐ обединува, ни дава сила и нѐ потсетува кои сме, Кичево ќе го покаже музичкиот дух, духот на македонската музика која своите зачетоци се буквално од тука
„Македонијо, во срце те носиме” – затоа што песната е нашата душа, а Македонија е нашата инспирација!
Кичево
Кичево: За среќа само материјална штета од сообраќајката на кружен тек кај „Автобуска станица“

Предмалку сообраќајка се случила на влез на град Кичево, односно во близина на „Автобуска станица“.
Според очевидци, учествувале пмв. „Голф“ и „Пежо“, неофицијално едниот учесник изгубил контрола врз своето возило и удрил директно во другото возило.
ОВР Кичево уште врши увид, додека учесниците се на местото на настанот. На местото на настанот веднаш пристигнала и екипа на Брза помош.
Апелираме за поголемо внимание во сообраќајот и прилагодување спрема поставената патна и сообраќајна сигнализација.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (29 септември)
-
Кичево11 часа
(ВИДЕО) Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вчера го исполни кичевскиот плоштад до последно место, незапаметена македонска атмосфера во срцето на градот
-
Временска прогноза16 часа
Почеток на месец октомври ќе се соочиме со ладен зимски бран од исток, проследен со врнежи од дожд, а на високите места снег
-
Македонија1 ден
Жители од струшко неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за вторник (30 септември)
-
Магазин13 часа
ChatGPT Pulse ви ги носи утринските вести врз основа на вашите разговори
-
Lifestyle13 часа
Применете ги овие едноставни трикови и облеката ќе мириса долго по перењето
-
Магазин13 часа
Спроведено истражување на 15.000 телефони: Ова се најдоверливите брендови