Кичево
Кичево се празни? Дури 800 лица за месец ипол евидентирани во германската Амбасада?
Од град Кичево во февруари во германската амбасада се пријавиле над 400 лица, исто толку и во март.
– „Трендот на заминување на младите и понатаму е загрижувачки. Ова се податоците што ги собра ТВ21 од агенциите кои се занимаваат со барања за визи, не вклучувајќи го бројот на лица кои поединечно аплицирале.
Истата ситуација е и во март, иако месецот не е завршен, а бројката е 350-400 на пријавени само преку агенции, дури и овде не се вклучени лицата кои се пријавиле поединечно“, истакна почитуваната Салије Садику од Кичево за ТВ21.
Универзитетскиот професор Дервиш Алими вели дека на студентите паметот им е кон Запад бидејќи, според него, овде не гледаат перспектива. Тој вели дека сето ова заминување на млади дипломци доаѓа како резултат на вработување на партиска, а не на професионална основа.
– „Таму им се главата и умот, затоа што не гледаат перспектива, затоа што критериумите за избор не се стручни, има студенти кои имаат просек од 10, не наоѓаат работа, очајни се и заминуваат. Нема вработување врз основа на просекот и школската подготовка“, вели Алими.
Во Македонија нема статистички податоци за тоа колку луѓе ја напуштиле земјата минатата година, но неофицијалните податоци велат дека Македонија во последните 20 години ја напуштиле над 450 илјади граѓани за подобар живот во земјите на ЕУ.
Целосната репортажа на ТВ21 погледнете ја во прилог:
Извор: ТВ21
Хост: Салије Садику
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
Кичево
Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно лице се обидело со употреба на сила да влезе во семејната куќа каде живее неговата мајка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Кичево5 часаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево9 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп20 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Временска прогноза1 денСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Македонија1 денПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
-
Магазин1 денГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
-
Lifestyle1 денБез оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот
