Кичево
Кичево вчера: Удрен велосипедист + случен пожар на орман со електрични броила
На 26.10.2021 година во 18.30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, патничко возило „Форд Фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(19) од Кичево, удрил во велосипед управуван од И.А.(65) од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница во Кичево. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кичево.
Истиот ден околу 18 часот во СВР Охрид пријавен е пожар на метален разводен орман со електрични броила, поставен на улицата „Иван Трпески“ во Кичево. Пожарот, во кој нема повредени лица е изгаснат од Територијалната противпожарна единица.
Извор: СВР Охрид / ОВР Кичево
Портпарол: Стефан Димоски
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт2 денаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Хороскоп15 часаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура1 денУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза22 часаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин2 денаВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
-
Магазин2 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин2 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
