Кичево
Кичевска парохија со важно известување за граѓаните

Кичевското архиерејско намесништво при храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево ги ИЗВЕСТУВА верните граѓани и населението на градот Кичево и околината дека оваа година нема да се оди по домовите на верните од страна на свештениците за осветување на вода и благослов на домовите поради пандемијата со корона вирусот и пазејќи ги мерките дадени од здравствениот систем и препораките од Епархијата.
МЕЃУТОА, за да не се остават верните чеда без благослов и за да не се изгуби суштината на овој водосвет за време на Великиот Пост, свештениците ЌЕ ОСВЕТУВААТ ВОДА ВО ХРАМОТ и секој кој сака да земе осветена вода, да си понесе сад (шише) за вода, а притоа да си донесат СПИСОК НА ИМИЊА со живите членови од семејството за да се споменат за здравје и спасение кога ќе се отслужи следниот водосвет. Овој чин на Мал водосвет ќе биде почесто извршуван низ целата Света Четириесетница (посните денови) за да може секој верник да си земе и понесе света вода за осветување на домовите и на своите души и тела.
ОД ПОНЕДЕЛНИК, 05.04.2021 ГОДИНА ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ОВОЈ ЧИН НА МАЛ ВОДОСВЕТ.
Нека Божјиот благослов биде со сите нас, па во овие времиња на пандемија да останеме разумни и верни на Црквата, па со Божја помош и милост го дочекаме Големиот ден – Велигден и велигденските празници.
/Кичевска парохија
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавен прекин на електрична енергија од половина час во следните кичевски села утре

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 15.04.2021 година – четврток, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на овие кичевски села:
- с. Вранештица, с. Лисичани, с. Челопеци, село Староец, с. Цер, с. Дупјани.
- Прекините се најавени од 08:00 до 08:30 часот
Извор: Струја
Кичево
Во Кичево пронајдена неексплодирана граната, од ДЗС е безбедно подигната

Вчера на ден 13.04.2021 година во 12:30 часот во ОВР Кичево пријавено е дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на населбата Иванидол, пронајдена е неексплодирана граната.
Од извршениот увид констатирано е дека се работи за минофрлачка мина од 60 милиметри без запалка, која, по преземени сигурносни мерки од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, безбедно е подигната.
Извор: СВР Охрид
ФОТО: Архива
Кичево
Највкусното мени од „Bacardi Lounge Bar“ до вашата сакана дестинација, брзо и било каде во Кичево, порачајте веднаш!

Поради актуелнита мерка за затворање на угостителските објекти која стапи на сила од 7 април до 20 април, преку нашиот медиум нашите партнери од „Bacardi Lounge Bar“ ве известуваат дека доставата е активна 🛵 до вашата сакана дестинација било каде во Кичево, почнувајќи секој ден од 09:00 до 22:30 часот и недела од 15:00 до 22:30 часот преку јавување на ☎️ 076/599-566
🗣Хранете се квалитетно и почитувајте ги мерките за заштита 🧼 од Коронавирусот, за на крај истиот да го победиме и нормално да живееме!
- Доколку телефонската линија е зафатена, бидете трпеливи и обидете се повторно.
- Добар апетит! 🌮
Бакарди тим.
-
Магазин2 дена
Убава вест, пејачот Влатко Миладиноски стана татко по втор пат, Илинче доби сестричка
-
Спорт2 дена
Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош
-
Без категорија2 дена
Хороскоп за денес (13 април) вторник
-
Македонија1 ден
Нови 1.129 ковид случаи, починале 27 лица, Кичево бележи 27 нови случаи денес
-
Кичево8 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавен прекин на електрична енергија од половина час во следните кичевски села утре
-
Кичево9 часа
Во Кичево пронајдена неексплодирана граната, од ДЗС е безбедно подигната
-
Кичево1 ден
Вчера се запалил електричен столб на улица „Ужичка Република“, нема повредени
-
Хороскоп3 дена
Денешен Хороскоп (12 април) понеделник