Кичево
Кичевскиот fast food „Fresch“ кој ги има највкусните сендвичи во градот има потреба од една работничка

Кичевската сендвичара „Fresch“ има потреба од една работничка која ќе биде во редовен работен однос и осигурана од првиот ден. Поради проширувањe на нивната дејност во текот на летниот период може да се јави потреба и од дополнителен персонал.
Приклучете се во успешниот тим, бидејќи „Fresch“ полни три години e супер-бренд за брза храна во Кичево на супер-атрактивно место во срцето на градот, секогаш исти, секогаш уникатни, само за добар апетит!
Повеќе информации ќе најдете на тел бр. 072/744-666
Кичево
На регионалниот пат Кичево-Осломеј вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу две пмв

На 24.04.2025 во 16.55 часот, на регионалниот пат Кичево-Осломеј, на влез во селото Мамудовци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(88) од Кичево и патничко возило „тојота рав 4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(66) од селото Туин, кичевско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „тојота“ Р.Б.(67) од с.Туин, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид изврши увидна екипа од ОВР Кичево, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ утре ќе работи на терен, следните кичевски улици и села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 25.04 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села и улици од град Кичево:
Планиран прекин | КИЧЕВО | ДЕЛ ОД УЛ.МИЦКО СТАНКОСКИ И ДЕЛ ОД УЛ.ТАНЕ ЦАЛЕСКИ | 25.04 – 09:00 | 25.04 – 12:00 |
Планиран прекин | ЗАЈАС | ДЕЛОТ ОКОЛУ ШКОЛОТО – ЗАЈАС ТЕЌЕ | 25.04 – 09:00 | 25.04 – 14:00 |
Во истата информација се известува и за ден 29.04 – вторник дека „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следното село:
с.Преглово, околу училиште „Кемал Ататурк“ 09:00-12:00 часот
- Во моментот непланиран прекин на електродистрибуција има во кичевското село Црвивци.
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор

Вчера 23.04.2025 г. во просториите на општина Кичево се одржа работен состанок на општински кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор.
Целта на состанокот беше дефинирање на мерките и надлежностите на институциите за поголема и поефикасна заштита од пожари во шуми и на отворен простор, ефективна координација со навремено реагирање при појава на пожари, методи за превенција како најефикасна заштита од појава на пожари кои сериозно можат да го загрозат шумското богатсво и да предизвикаат повреди и жртви.
– На состанокот, покрај полициски службеници од ОВР Кичево, присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, на службите во локалната самоуправа,на јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица, Министерство за Одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски шуми“, доброволни противпожарни друштва, невладини организации и медиуми – за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор
-
Кичево1 ден
„ЕВН КЕЦ Кичево“ утре ќе работи на терен, следните кичевски улици и села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (24 април)
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Во 3 по полноќ го ограби верскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обршани, општина Кривогаштани
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (25 април)
-
Култура1 ден
(ФОТО) Во с.Цер кичевско одбележани 120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба
-
Мобилни уреди2 дена
Внимание: Се појави нов малициозен софтвер за мобилните телефони кој користи „NFC“ технологија за кражба на платежни картички
-
Кичево6 часа
На регионалниот пат Кичево-Осломеј вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу две пмв