Култура
Кичевскиот храм Св.Апостоли „Петар и Павле“ организираат бесплатен превоз по повод свечената Божествена Литургија во Скопје
На 24.05.2022 година во вторник, ќе се одржи најсвечената Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје на која ќе служат светејшиот патријарх српски г.г. Порфириј и Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Поради тоа, се известува верниот народ од Кичево дека ќе има БЕСПЛАТНО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ за заедничката служба на која ќе служат патријархот и архиепископот, та да се земе учество на овој историски настан, којшто ќе остане запаметен во историјата на Република Македонија и запишан во страниците на црковната светска историја.
Организиран е автобуски превоз со ограничен број на седишта, поточно 52 слободни седишта.
Пријавувањето ќе биде во нашиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево.
Тргнувањето ќе биде во 06⁰⁰ часот наутро од пред храмот, па затоа најдобро е најдоцна до 05⁴⁵ часот да се соберат сите за да тргне навремено превозот.
Литература
Во пресрет на најголемиот празник „Велигден“, стихови на кичевчанката Наумоска за Господовите страданија на патот на болката во страсната седмица
Во пресрет на најголемиот христијански празник „Велигден“, нашата кичевчанка Наташа Наумоска повторно споделува со вас две стохозбирки со духовна содржина:
„СТИХОВИ ЗА ГОСПОДОВИТЕ СТРАДАНИЈА НА ПАТОТ НА БОЛКАТА ВО СТРАСНАТА СЕДМИЦА“
Велика Среда
Тоа е денот
на Христовото помазание,
пред да се случи
од Јуда предание.
Жената мироносица,
со солзи покајнички,
нозете ги изми
на Христа Божествени.
А Јуда Искариотски
Го предаде Христа
на Неговите непријатели
за триесет сребреници.
Два настани важни
на Велика Среда –
Бог и покајанието
и предавството го гледа.
Милостив е Господ
за тие што се каат,
а предавниците само
за темнината ќе знаат.
Велики Четврток
Да чекори започна
Христос кон Голгота,
за да биде распнат
за Својата чистота.
Кај Пилат Го однесе
народот неверен,
да биде казнет
зашто беше Праведен.
Откако нозете ги изми
на Своите апостоли
и со крајно смирение
нив ги послужи.
Со леб како симбол
на Неговото пречисто Тело,
со вино во знак
на Неговата пречиста Крв.
Христос Себеси се раздава
на Тајната вечера,
Велики Четврток е роденден
на Светата Литургија.
Издаден од Јуда
и трипати одречен од Петар
после тајната вечера беше
крунисан Јудејскиот Цар.
„Ти си цар Јудејски?“
Го прашува Пилат,
а Христос одговара:
„Ти велиш!“
Толпата народ неверен
да се распне Христос бара,
а Христос со смирение
ништо не одговара.
Смирено ја прифаќа
грубоста од мноштвото,
трпеливо остава
да се исполни пророштвото.
Велики Петок
Му ставија венец
и Го биеја Оној
Кој врз Себе ги зеде
гревовите на светот.
Чекори Исус
кон Своето распетие
со Крстот на рамо
и крвави рани.
Со крајно смирение
ја извршува волјата
на Својот Отец,
без да се брани.
Распнат е на Крст
заедно со двајца разбојници,
Христос Невиниот,
Најмилиот, Најчистиот.
На едниот што Му се потсмеваше
Христос му прости, од срце,
а го зеде при Себе оној што рече:
„Христе, сети се на мене!“
О, колку е болно!
Исус на крстот издивнува,
од болка за Него
и небото потемнува.
Огромна е болката
на Марија Дева
за Синот Единороден,
на Оца Единосуштен.
Јагнето Божјо на Крстот
се жртвува за нас,
без да се противи,
без да пушти глас.
Велика Сабота
Погребен е Оној
Кој беше распнат
и со Својата крв ги изми
гревовите на светот.
Ден на тишина
тивка, мачна,
ден на покојот
на Христа покојникот.
Марија Дева
Синот Го оплакува
додека Христос
во гробот пребива.
Втор ден на молк,
тага и жалост,
ден на длабоко молчание,
пред гробот на Христа поклонение.
Ден кога Христос
слезе во адот
и ги отвори
портите на рајот.
Ден на свештен трепет
и исчекуванието,
ден помеѓу смртта
и Воскресението.
Воскресение Христово – Велигден
И дојде Марија Магдалена
на Гробот на Христа,
а Исус Христос ѝ се јави
воскреснат од Гробот.
Со јајце црвено
отиде кај Тибериј
и го поздрави со зборовите:
„Христос воскресна!“
Воскресна на третиот ден
според Писмото
и на небо се издигна
и седна оддесно на Оца.
И пак ќе дојде на земјата
со сиот Свој сјај,
да им суди на живите и мртвите
и Неговото Царство не ќе има крај.
Благословен е Бог,
и благословен е Плодот
од утробата на Марија Дева
Исус Христос што Го роди
во Витлеемската пештера.
Кој беше неправедно осуден,
Кој беше мачен и распнат,
Кој воскресна на третиот ден
и Чие Воскресение е суштина
на нашата христијанска вера.
Затворот Христов
Окован во пранги,
камшикуван,
понижуван,
исмејуван,
со трнов венец на главата,
секакво страдање
од суровите војници трпел,
нашиот Спасител,
Исус Христос,
Да Му благодариме!
Via Dolorosa
Поклонение
на Твоето Распетие
до Кувуклија
по Голгота,
преку Via Dolorosa…
Молк пред столбот
каде на Вероника
ликот свет Свој
и го подари
да сведочи
за твоите
крвави рани
на Via Dolorosa…
Окови камени
за нозете блажени,
отпечаток
на дланката
Твоја пречиста,
крвава,
на Via Dolorosa…
Трае се уште
Твоето Распетие Христе,
одново и одново
Те распнуваме
со нашите гревови
и слабости
и Те носиме секој ден
на Via Dolorosa…
- Двете книги се објавени во електронска верзија на сајтот на „Македоника“
Филм
Вечерва за прв пат во НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево, анимираниот детски филм „Смрдушковци“
Денес со почеток од 18:00 часот во големата сала на НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира премиера на детскиот анимиран филм „Смрдушковци“. Популарниот филм достапен преку „Катавеј ДООЕЛ“ кој е во режија на Тоби Генкел и трае 85 минути, веќе се емитува низ градовите, а вечерва ќе биде за прв пат претставен и пред кичевската публика.
– Имено, се работи за потрага по својот нов дом, Смрдушковците пристигнуваат во прекрасното, мало и мирно село Смрдвил. Но, за жал Смрдвил има огромен проблем, во близина има локална депонија која предизвикува секакви проблеми и го уништува прекрасниот Смрдвил. Нешто мора да се превземе! Макс, синот на градоначалникот, е млад талент кој тајно мечтае да го реши смрдливиот проблем со една луда машина, која ја изработува заедно со професорот Пенливски и неговата внука Лота. Кога Макс се сретнува со Смрдливците на депонијата, веднаш станува јасно дека тие се решението за проблемот, затоа што јадат ѓубре! А за Смрдливците, депонијата значи дека конечно нашле вистински дом. Сè би било во ред ако не беа плановите на сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач Чекановски кои сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдливчињата сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите Макс и Лота.
Кога сме кај билетите, истите можат да се купат во Центарот за култура „Кочо Рацин“ два часа пред емитување на филмот, нивната цена е симболична 100 денари.
Возрасна категорија: За цела публика
Фејсбук настан: ТУКА
Бидете дел.
Култура
Денеска е голем празник „Цветници“, за многу години да е!
Празникот е познат и по последото влегување на Исус во Ерусалим, додека именден слават Цветан, Цвета…
Овој празник е подвижен празник. Зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден. Се слави секогаш во неделата пред Велигден, затоа што тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.
Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.
Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки но и со својата облека го постилал патот
Маслинката е и знак на нашето соединување со Исус. Со искреното одење со Исус може тој знак на мирот и надежта да стане појдовна точка за подобар свет. Додека во црквата и во славењето го имитираме она што некогаш се случило во Ерусалим, да го сфатиме тоа и како опомена да не излеземе од поворката која го следи Исуса. Затоа што упорно и верно одејќи по Него ќе бидеме доволно храбри и силни во себе да ги изградиме основите за вистинскиот мир.
Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (30 април)
-
Хороскоп6 часа
Месечен Хороскоп (Мај 2024)
-
Литература7 часа
Во пресрет на најголемиот празник „Велигден“, стихови на кичевчанката Наумоска за Господовите страданија на патот на болката во страсната седмица
-
Македонија2 дена
РКЕ: Од ноќеска нови цени на горивата, дизелот и бензинот 98 со намалена цена за литар
-
Филм2 дена
Вечерва за прв пат во НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево, анимираниот детски филм „Смрдушковци“
-
Македонија17 часа
Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода
-
Магазин18 часа
Фантастични резултати на Samsung во првиот квартал
-
Свет2 дена
Во оваа земја се забрануваат уреди од технологија за продажба кои ќе содржат лесни лозинки од типот „admin“ или „123456“