Кичево
Кичевските „Вулканизери“ поради социоекономската состојба ги поскапуваат своите услуги
Кичевските „Вулканизери“ едногласно донесоа одлука да ги поскапат своите услуги за клиентите. Имено во нивното соопштение за јавноста стои дека причина за тоа се повеќе фактори како „Поскапување на електричната енергија, зголемување на плати за вработените, поскапувањето на нивните репроматеријали и сл.“
– Принудени сме поради задржување и подобрување на квалитетот на нашите услуги да мора да ги усогласиме и цените – за нашиот портал вели еден од сопствениците на „Вулканизерски сервис“ повеќе од 20 години.
Заклучно со денес 28.02.2022 новите цени на услугите на „Вулканизер“ ќе изгледаат вака:
- Со почит
- Здружение на Еснафи Вулканизери од град Кичево
Кичево
Утре ќе се изведуваат градежни работи на патот кон „Крушино“ – с.Кнежино, за таа цел ќе има времен прекин на сообраќај додека не се завршат активностите
Градежна механизација и оператива на изведувачот ГД „Гранит“ – АД Скопје во текот на утрешниот ден (петок) 20.12.2024 во временски период од 10:00-13:00ч во делот на девијацијата кај месноста „Крушино“ и пат до с.Кнежино кичевско, ќе врши градежни активности – асфалтирање во делот на спојот на стариот со новиот поставен асфалт.
За таа цел се упатува молба до сите граѓани кои транзитираат до с.Кнежино, „Крушино“ или „Куќа на Уметноста“, односно кои ја користат оваа локална делница да имаат разбирање и трпение додека завршат активностите околу предвидените градежни работи кои според информациите ќе траат половина час, информираат од месната заедница на с.Кнежино преку своето електронско гласило knezino.mk
Кичево
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
Токму така, секој ден со почеток од 12:00 до 20:00ч, во недела од 12:00 до 19:00ч, на радост на најмилите, оние кои најмногу му се радуваат на Дедо Мраз, „ФОТО Зоран“ специјално ви нуди професионално фотографирање.
Не ја пропуштајте уникатната понуда да ја овековечите годината со спомени на кои со задоволство ќе се навраќате, а од 2-ри јануари Дедо Мраз ќе биде гостин и на најголемиот Хуманитарен Базар на градскиот плоштад во Кичево.
Добредојде Дедо Мраз и кај нас, Хо Хо Хо… Дечиња, ве покануваме заедно да се забавуваме со Дедо Мраз и да се фотографираме.
Кичево
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
Кичевската Православна црква Св.Апостоли Петар и Павле преку соопштение ги известува верниците кои ја слават домашната слава и именденот посветени на свети Николај Мирликијски (Св.Никола), дека на ден 18.12.2024 година (среда) со почеток од 06:00 часот, па се до 15:30 часот ќе се благословуваат славските колачи.
Исто така, на ден 19.12.2024 година (четврток), ќе се осветуваат славските колачи со почеток од 07:30 часот, па сѐ до 12:00 часот на пладне.
Се повикуваат верниците да бидат трпеливи додека очекуваат да им се благословат колачите, се вели во интегралното соопштение за јавноста.
-
Временска прогноза16 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Автомобили18 часа
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Временска прогноза3 часа
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
-
Спорт15 часа
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
-
Магазин15 часа
Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација