Кичево
Кичевското планинарско друштво „Ендорфин“ со марш во чест на првото училиште по македонски јазик во с.Подвис

По повод 81 година од првото училиште на македонски јазик на слободна територија (Подвис, 23 септември 1943 г.), на 22 септември 2024 г. (недела), Планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ го организира Вториот планинарски марш на релација:
с. Подвис (660 м.н.в.) – црква Св. Атанасиј (старо село Подвис, 810 м.н.в.) – Ледина (1065 м.н.в.) – врв Планиница (1391 м.н.в.) – Првото училиште на македонски јазик (старо село Подвис, 850 м.н.в.) – с. Подвис (660 м.н.в.).
Акцијата се одвива по кружна маркирана планинарска патека во должина од 14 км и висинска разлика од 730 м., а според карактеристиките на теренот се квалификува во категоријата на лесни планинарски акции.
ПРОГРАМА на ПЛАНИНАРСКИОТ МАРШ
07:00 ч. – собирање на учесниците на ширината во долното село Подвис (кај „новото“ училиште)
07:10 ч. – старт на акцијата
7:40 ч. – пристигнување кај црквата „Св. Атанасиј“ во старото село Подвис (пауза 5 мин.)
09:20 ч. – пристигнување на групата кај месноста Ледина (пауза 10 мин.)
09:30 ч. – поаѓање кон Планиница (највисока точка на маршот)
11:00 ч. – пристигнување на врв Планиница (1391 м.н.в.), пауза 30 мин. (зависно од временските услови)
11:30 ч. – поаѓање кон месноста Вирчено
13:30 ч. – пристигнување кај зградата на првото училиште во старото село Подвис
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГОДИШНИНАТА ОД ПРВОТО УЧИЛИШТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА СЛОБОДНА ТЕРИТОРИЈА
14:00 ч. – доделување благодарници за учество
15:30 ч. – упатување кон долното село Подвис
16:00 ч. – крај на маршот
ВАЖНО
– Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце
– Доручекот е од ранец, вода 2 л. (на патеката само на едно место има вода)
– Задолжителна пријава за учество со број на членови
Планинарско друштво/клуб:
______________________________________________
Име и презиме / бр. на л. карта /
1.
2.
3.
Доставување на пријавите на е-пошта: [email protected] или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.
*Заради организациски потреби пријавувањето за Маршот е најдоцна до петок (20 септември 2024)
*Акцијата се организира во соработка со Месната заедница на с. Подвис.
Водичи:
Давор Јанкулоски (075 668 501)
Мирослав Секулоски (071 511 702)
Елена Ванчоска-Секулоска
Зоран Маџоски (077 495 232)
Горан Стаматоски
НАПОМЕНА
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
*****************
Првото училиште во Подвис е регистрирано како државно културно наследство на Македонија од 1978 г. За жал, овој податок не ја подобрува руинираната состојба во која се наоѓа.
Со искрена надеж дека ова место што поскоро ќе го добие заслуженото внимание од страна на државните институции и дека урнатините нема да останат последниот сведок за камен-темелникот на образованието во слободна Македонија, за местото каде што учителот Василко Ристески им соопштил на учениците дека ќе учат на македонски јазик,
Се вели во соопштението на Планинарското еколошко друштво ЕНДОРФИН истакнато преку нивниот фејсбук настан.
Кичево
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани

Денес во Општина Кичево, се одржа комеморативна седница во проширен состав за кобната несреќа во Кочани.
Со едногласна одлука советот изгласа одобрување на финансиски средства од 600,000 денари за финансиска помош за трагичниот настан.
Сочувство до семејствата на настраданите и лесно закрепнување на повредените.
Господ на помош на сите, стои во интегралното соопштение на советник кој истото го истакна на социјалните мрежи.
Кичево
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00 часот во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево.
Сите треба молитвено да земеме учество и во мир да се помолиме за упокоение на душите на починатите, а за здравје на оние кои се лекуваат, затоа што само така се покажува христијанскиот мир и свесноста за преумување, истакнаа од кичевската парохија.
Кичево
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.
– Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.
Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
-
Македонија1 ден
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Македонија2 дена
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Македонија4 часа
Вкупно 17 лица приведени кои не почитувале денови на жалост во државата
-
Временска прогноза2 дена
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура1 ден
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Спорт2 дена
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати
-
Спорт22 часа
Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани
-
Спорт2 дена
Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани