Следете не

Автомобили

(ВИДЕО+ФОТО) Кичевчанецот Бојоски уште еднаш докажа дека е професионалец зад воланот и маестрално извози на авто-слаломот во Прилеп

Објавено пред

на

Пред неполни два часа заврши овогодинешниот авто-слалом во Прилеп во организација на „Федерација на историски возила“„Олд тајмер клуб, Автомото – Класика“ и „Општина Прилеп“ но со меморијален карактер поради трагично починатото младо момче Стефан Столески.

И оваа година натпреварите се одржаа во три категории, додека нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски се натпреваруваше во класа 3 заедно со уште 11 учесници, рекорден број во таа категорија. Бојоски заврши на четвртата позиција со извозено време 1:40 и покрај стартните проблеми со возилото тимот на „Adler“ успеа во најкус можен рок тоа да го санира и се стартуваше.

Кристијан Бојоски – професионален возач: „Најмалце е битно кое место ќе го освоиш, секој натпревар на време е посебно доживување, најбитно е дружењето, имавме мали проблеми со менувачот, на самиот старт но потоа и во самиот слалом имав исто така проблем но, што е тоа е, се враќаме со 4-то место и без награда. Верувам дека ќе се поправиме следен пат, за мене сте вие мојата победа и поддршка, моето семејство, спонзорите „Аuto Star, Adler, Биодент и останатите“ како и вашиот медиум како генерален покровител. Вoeдно сакам да им честитам на сите учесници и професионалци што дадоа свој придонес, како и на организаторите кои ја негуваат традицијата долги години“ – за Порта.мк истакна шампионот.

Мал дел од атмосферата преку видео и неколку фотографии од нашиот тим, уживајте!

Видео:

 

Фотографии:

Автомобили

Дали знаете по колку време метличките на бришачите стануваат неупотребливи?

Објавено пред

на

Фото: Thibault Valjevac @ unsplash

• Многу возачи се сетат на бришачите дури кога ќе ги фати силен дожд — и тогаш откриваат дека се веќе бескорисни или дури и опасни.

• Иако нивниот животен век зависи од многу фактори, експертите препорачуваат замена на секои 6 до 12 месеци.

• Во пракса, возачите често чекаат премногу долго — сè додека не се појават траги или нерамномерно чистење на стаклото.

• Изложеноста на сонце, мраз, нечистотија и времето генерално ја оштетува чувствителната гума, поради што таа станува тврдa, кршливa и губи еластичност.

• Според истражување на германскиот клуб ADAC, бришачите треба да се менуваат најдоцна на секои 24 месеци, без оглед колку често се користат.

• Екстремните услови како летната топлина и зимскиот студ значително го скратуваат животниот век. Користење на бришачи на суво или замрзнато стакло дополнително ги оштетува.

Квалитетот на бришачите е исто така важен: обичните гумени модели се трошат побрзо, додека брендирани како Bosch можат да траат подолго.

• Знаци дека е време за нови бришачи:

  • Оставаат линии и дамки

  • Прескокнуваат по стаклото

  • Испуштаат чудни звуци

  • Гумата е напукната или оштетена

• За подолг век:

  • Редовно чистете ги бришачите и стаклото

  • Користете квалитетна течност за миење

  • Не ги активирајте врз мраз

Извор: Vecernji

Прочитај повеќе...

Автомобили

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Објавено пред

на

Фото: Priscilla Du Preez 🇨🇦 @ unsplash

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе вложи вкупно 852 милиони евра во изградба на шест фабрики за батерии за електрични возила во неколку земји членки на ЕУ.

Целта: декарбонизација и индустриска конкурентност

Овие инвестиции се дел од Индустрискиот акционен план и Договорот за чиста индустрија. Според соопштението од Европската комисија, се работи за клучен чекор кон:

  • Намалување на емисиите на стакленички гасови

  • Намалување на зависноста од увоз на батерии

  • Поттикнување на технолошки развој

  • Создавање на висококвалитетни работни места низ Европа

Кои земји ќе добијат фабрики?

Фабриките ќе бидат изградени во следниве земји:

Франција
Германија
Шведска
Полска

Сите проекти се очекува да започнат со работа пред 2030 година и ќе придонесат кон создавање на стабилна и одржлива индустриска база на ЕУ.

Што точно се финансира?

Финансирањето ги опфаќа и капиталните и оперативните трошоци на фабриките, со можност дел од средствата да бидат исплатени и пред почетокот на активното работење. Средствата ќе бидат распределени според исполнувањето на клучни проектни пресвртници.

Очекувани резултати до 2040 година

Проектите имаат амбициозна цел:

  • Намалување на емисиите за 91 милион тони CO2

  • Комбиниран производствен капацитет од околу 56 GWh батериски ќелии годишно

Овие фабрики ќе користат иновативни, еколошки прифатливи технологии, што е од суштинско значење за европската стратегија за климатска неутралност и технолошка независност.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Автомобили

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Објавено пред

на

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал, значи и значително зголемување на потрошувачката на гориво, што се одразува на вашиот буџет.
Но, постои едноставен и генијален трик кој може да ви помогне да заштедите гориво додека уживате во пријатно разладена кабина.

Клучот е во рециркулацијата на воздухот – еве како функционира
Клима уредот во автомобилот може да лади на два начина: внесувајќи воздух однадвор или рециркулирајќи го воздухот кој веќе е во кабината. Кога климата зема топол воздух однадвор, троши повеќе енергија за да го излади. Од друга страна, со рециркулација, системот го користи веќе изладениот воздух, што значи дека се потребни многу помалку ресурси за одржување на пријатна температура.

Рециркулацијата заштедува гориво до 15%
Со притискање на копчето за рециркулација на воздухот, климата работи поефикасно, бидејќи воздухот во кабината е веќе постуден. Ова може да ја намали потрошувачката на гориво за 10 до 15 проценти, што значи реална заштеда на месечно ниво.

Совет од експертите е оваа функција да ја активирате веднаш штом ќе влезете во автомобилот, особено во најжешките делови од денот. На подолги патувања повремено вклучете свеж воздух однадвор за подобра циркулација, но најголем дел од времето оставете ја рециркулацијата вклучена.

Извор: Telegraf

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle6 часа

Дали премногу често имате столица? Еве што значи тоа за вашето здравје

Сè е индивидуално, велат експертите, а следниве фактори можат да влијаат на фреквенцијата на празнење на цревата. Честото одење во...

Lifestyle6 часа

Клуч за контрола на шеќерот во крвта: Три знаци дека не внесувате доволно растителни влакна

Препорачан дневен внес на растителни влакна: Жените треба да внесуваат околу 25 грама дневно Мажите околу 38 грама дневно Според...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за петок (25 јули)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Lifestyle1 ден

Поради една грешка, клима уредот троши трипати повеќе електрична енергија

Како правилно да се разладите без да ја зголемите сметката? Најголемата заблуда – вклучување само повременоМногумина мислат дека заштедуваат струја...

Lifestyle1 ден

Избркајте ги мувите со лимон: Природен трик што навистина делува

Досадните муви се вистинска напаст секое лето. Наместо да трошите пари на агресивни хемикалии и спрејови што мирисаат лошо и...

Магазин1 ден

Google го менува начинот на пребарување: пристигнуваат Gemini 2.5 Pro и Deep Search

Google воведува сериозни подобрувања во својот пребарувач преку вештачка интелигенција. Двата нови адути – Gemini 2.5 Pro и Deep Search...

Македонија1 ден

Исклучен од сообраќај тетовчанец, управувал автомобил под дејство на алкохол

На 24.07.2025 во 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (24 јули)

ОВЕН Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за...

Македонија2 дена

СВР Тетово спречи девојка да си го одземе животот, лишен од слобода маж поради сомнение за посредување на проституција

Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да...

Македонија2 дена

УЈП со важно соопштение за авто-такси превозниците

Управата за јавни приходи истакна важно соопштение, кое гласи:

НАЈЧИТАНИ