Магазин
Кина планира детална истрага за App Store

Акциите на Apple паднаа за 2,6% откако се прошири веста дека Кина размислува за формална истрага за таксите и политиките на App Store.
Државната управа за регулирање на пазарот на Кина започна истражување за политиките на Apple во App Store. Главните теми на истрагата се веќе добро познати: 30% провизија од продажбите и блокирање на платежни услуги од трети страни.
Сè уште нема официјална потврда дека истрагата ќе започне, а Кинеското Министерство за трговија не ги коментираше овие наводи. Сепак, веста брзо се прошири и почна да влијае на вредноста на акциите на Apple.
Ова доаѓа во период на зголемени трговски тензии меѓу САД и Кина, што сугерира дека истрагата може да биде дел од пошироки економски мерки. Од своја страна, Apple тврди дека политиките на App Store се дизајнирани за заштита на корисниците и подобрување на нивното искуство.
Во меѓувреме, Кина веќе започна антимонополска истрага против Google. Доколку истрагата против Apple стане официјална, компанијата може да се соочи со сериозни предизвици. Иако Европската Унија успеа да ја принуди Apple на промени без значителен удар врз продажбата на iPhone, ситуацијата во Кина изгледа поразлично. Само во декември, продажбата на iPhone во Кина падна за 11%, што отвора прашања за иднината на Apple на овој огромен пазар.
Извор: CNBC
Магазин
Најбрз домашен сладолед со само една состојка

Верувале или не, за овој вкусен и кремаст сладолед потребна ви е само една состојка – банана. Ова е одличен избор за оние што сакаат нешто освежително, без додаден шеќер, глутен или вештачки состојки.
Основен рецепт
Состојки:
-
2 зрели банани
Подготовка:
-
Излупете ги бананите и исечете ги на тркалца.
-
Ставете ги во сад или кеса за замрзнување и оставете ги во замрзнувач најмалку 2 часа.
-
Кога ќе се замрзнат, ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса со текстура на сладолед.
-
Послужете веднаш или вратете го сладоледот во замрзнувач уште половина до еден час за поцврста конзистенција.
Идеи за вкусови:
Доколку сакате да експериментирате, додадете некои од овие состојки во блендерот за да добиете различни варијации:
-
Кикирики вкус: 3 лажици путер од кикирики + 2 лажички мед
-
Чоко-лешник вкус: 3–4 лажици намаз од чоколадо и лешник
-
Јагодова свежина: Неколку замрзнати јагоди + 2 лажици слатка павлака (вратете го во замрзнувач за да се стегне)
-
Класично чоколадо: 3 лажици какао + 2 лажици павлака + 1 лажичка екстракт од ванила (оставете повторно да се стегне)
Овој рецепт е совршен за топли денови, кога сакате нешто брзо, здраво и домашно!
Магазин
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!

Ако барате нешто брзо, лесно и освежително за време на горештините, овој мус од малина во чаша е совршен избор. Не ви треба рерна, само неколку минути и малку фантазија за сервирање.
Потребни состојки:
-
150 г свежи или одмрзнати малини
-
40 г пастеризирани белки од јајца
Подготовка:
-
Подготовка на овошјето:
Ако користите замрзнати малини, оставете ги целосно да се одмрзнат и отстранете го вишокот течност. Потоа изблендирајте ги во мазна смеса. Доколку сакате помека текстура, процедете ги низ сито за да ги отстраните семките. -
Матење белки:
Во посебен сад изматете ги белките додека не добиете цврст снег. -
Комбинирање:
Полека соединете ги двете смеси, мешајќи со шпатула и нежни движења за да го задржите волуменот.
Послужете во чаши, а по желба декорирајте со свежо овошје, нане или малку рендана чоколада.
Извор: SD
Хороскоп
Хороскоп за вторник (24 јуни)

ОВЕН
Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста која ви се допаѓа. Ако сте во врска, задоволни сте. Избегнувајте цигари.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C
-
Автомобили4 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Магазин4 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Магазин4 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка