Технологија
Ќе биде ли новиот Windows 11 бесплатен?
Останува помалку од една недела до официјалното претставување на новата верзија на Виндоус (Виндоус 11?). Претежно има информации на Интернет за тоа како ќе изгледа новиот ОС, но скоро и да не се споменува една многу важна работа – дали новиот Виндоус, како Виндоус 10, ќе биде бесплатен за корисниците?
Нема официјални информации за оваа тема, но ако можеме да направиме мала анализа. Имено, ако земеме предвид дека Apple со години нуди бесплатна надградба на нови верзии на macOS, како и дека Microsoft го стори истото со Виндоус 10, може да очекуваме да се повтори овој пат. За компаниите, генерално, не би било проблем да купуваат лиценци за нов ОС (иако знаеме дека многу ретко одлучуваат да се префрлат на нов ОС веднаш по објавувањето), но на крајните корисници им е тешко да се согласат да го купат. На крајот на краиштата, фактот дека беше бесплатен, им овозможи на Виндоус 10 да заземе голем дел од пазарот многу бргу по објавувањето.
Неофицијално, се појавуваат информации дека новиот Windows може да биде бесплатен за сите корисници кои имаат валидни лиценци за постари верзии на ОС. Ова не значи само корисници кои користат Виндоус 10, туку и корисници кои сè уште работат со Виндоус 7 или 8.
Извор: Betanews
Магазин
Pinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација
Pinterest ја претстави новата функција Pinterest Assistant – дигитален асистент со вештачка интелигенција кој им помага на корисниците полесно да откријат идеи за облека, мебел и други инспиративни стилови преку апликацијата. Овој асистент ги користи податоците од активноста на корисниците – зачувани пинови, табли и пребарувања – за да понуди персонализирани препораки што одговараат на нивниот вкус и естетика.
Асистент што го разбира вкусот на корисникот
За разлика од класичното пребарување, кое бара прецизно внесени поими, Pinterest Assistant е создаден да разбере описни и разговорни барања. На пример, ако напишете „перници што одговараат на мојата дневна соба“, асистентот ќе ги анализира вашите постоечки пинови и ќе ви предложи идеи што се совпаѓаат со вашиот стил – како да имате личен декоратор во апликацијата.
Асистентот поддржува и гласовно пребарување, овозможувајќи им на корисниците да зборуваат наместо да пишуваат. Вештачката интелигенција потоа го анализира аудиото и го поврзува со визуелна содржина за да прикаже најрелевантни резултати – приближувајќи го процесот на откривање инспирација кон реалното искуство на купување и дизајнирање.
Решение за натрупаната вештачка содржина
Pinterest ја претставува оваа функција во момент кога корисниците се жалат на зголемената количина слики создадени од вештачка интелигенција. За да го намали тоа, платформата веќе воведе означување на ваквата содржина, како и опција за прилагодување на количината што ја гледате. Pinterest Assistant, иако не е директен филтер, може да помогне на оние што сакаат поавтентични и реални резултати.
Асистентот е моментално достапен во бета верзија во САД за корисници над 18 години, а поширокото воведување се очекува во следните недели и месеци.
Извор: Engadget
Магазин
Вашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти
WhatsApp воведува нова безбедносна функција што им овозможува на корисниците целосна заштита од спам и потенцијални измами. Новата опција, наречена „Strict Account Settings“, е моментално во тест фаза за Android и iOS, а наскоро ќе биде достапна за сите.
Функцијата делува како „екстремна заштита“, овозможувајќи целосно блокирање на линкови, фотографии, видеа и повици од непознати контакти. Со тоа, се ограничува пристапот до чувствителни поставки на сметката, што ја прави апликацијата речиси непробојна за напаѓачи и измамници.
Според описот на WhatsApp, новата опција е првенствено наменета за корисници кои се под активен напад или чиј број и уред биле компромитирани.
Сепак, и за секојдневните корисници функцијата може да биде корисна – особено за елиминирање на спам пораките и несаканите групни разговори. „Строгите поставки на сметката“ можат да се комбинираат со другите безбедносни алатки, како што се Advanced Security Tools на Android или Stolen Device Protection на iPhone, за уште посилна заштита.
WhatsApp ја тестира оваа функција веќе неколку недели, а нејзиното јавна објава се очекува во наредниот период.
Извор: Blic
Магазин
YouTube наградува лајкови со забавни анимации
ouTube воведе нова интерактивна функција – копчето „Ми се допаѓа“ сега може да ве награди со кратка, забавна анимација секогаш кога ќе лајкувате одредено видео.
Оваа функција беше најавена уште во средината на октомври како дел од серија ажурирања на интерфејсот на платформата, чија цел е подобро и поинтерактивно корисничко искуство.
20 различни анимации според жанрот на видеото
Моментално се достапни околу 20 различни анимации, прилагодени на жанрот на видеото што го гледате.
-
Ако е во прашање автомобилско или тркачко видео, копчето „Ми се допаѓа“ ќе се претвори во вртечка гума со чад.
-
Кај едукативните видеа, иконата накратко станува сијалица, симбол на нова идеја.
-
За видеа со кучиња и мачки, има посебни анимации со животинска тема — иако засега нема ништо за видеа со бебиња.
Корисникот Андреас Сторм на платформата X (порано Twitter) сподели две кратки видеа во кои се прикажани сите 20 анимации, што беше забележано и од Android Authority.
Новата функција е уште еден обид на YouTube да ги поттикне корисниците на поголема интеракција и да внесе дополнителна забава во секојдневното користење на платформата.
Извор: TheVerge
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (14 ноември)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Lifestyle2 денаКолку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.
-
Хороскоп8 часаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Балкан1 денАвион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
-
Lifestyle2 денаКако да ја направите вашата правосмукалка да трае подолго и да работи како нова
-
Занимливости2 денаМрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
-
Магазин2 денаPinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација
