Следете не

Технологија

Ќе биде ли новиот Windows 11 бесплатен?

Објавено пред

на

Останува помалку од една недела до официјалното претставување на новата верзија на Виндоус (Виндоус 11?). Претежно има информации на Интернет за тоа како ќе изгледа новиот ОС, но скоро и да не се споменува една многу важна работа – дали новиот Виндоус, како Виндоус 10, ќе биде бесплатен за корисниците?

Нема официјални информации за оваа тема, но ако можеме да направиме мала анализа. Имено, ако земеме предвид дека Apple со години нуди бесплатна надградба на нови верзии на macOS, како и дека Microsoft го стори истото со Виндоус 10, може да очекуваме да се повтори овој пат. За компаниите, генерално, не би било проблем да купуваат лиценци за нов ОС (иако знаеме дека многу ретко одлучуваат да се префрлат на нов ОС веднаш по објавувањето), но на крајните корисници им е тешко да се согласат да го купат. На крајот на краиштата, фактот дека беше бесплатен, им овозможи на Виндоус 10 да заземе голем дел од пазарот многу бргу по објавувањето.

Неофицијално, се појавуваат информации дека новиот Windows може да биде бесплатен за сите корисници кои имаат валидни лиценци за постари верзии на ОС. Ова не значи само корисници кои користат Виндоус 10, туку и корисници кои сè уште работат со Виндоус 7 или 8.

Извор: Betanews

Магазин

Крај на една ера: Microsoft се збогува со „Blue Screen of Death“

Објавено пред

на

Фото: Joshua Hoehne @ unsplash

Microsoft објави дека ја укинува легендарната порака за грешка позната како „Blue Screen of Death“ (BSOD), симбол на фрустрација и неизбежен дел од компјутерското секојдневие за генерации корисници. Новиот изглед ќе биде со црна позадина, со цел да се модернизира корисничкиот интерфејс и да се намали стресот при технички прекини.

Зошто промена?
Целта на Microsoft е да го намали времето на застој и да овозможи поедноставно и понеутрално визуелно искуство во моменти на проблеми. Новиот „Black Screen of Death“ ќе биде воведен со ажурирањето Windows 11 24H2 во текот на летото 2025 година. Компанијата најави дека со оваа промена застојот кај повеќето корисници ќе биде скратен на само две секунди.

Историја на BSOD
Синиот екран на смртта постои од почетокот на 1990-тите и стана препознатлив дел од Windows системите. Освен што беше симбол на фрустрација и честа тема на мимови и шеги во ИТ заедницата, BSOD имаше и важна улога — прикажуваше кодови за грешки што им помагаа на техничарите да ги дијагностицираат проблемите.

Довербата во BSOD дополнително се наруши во јули 2024 година, кога неуспешно ажурирање од компанијата CrowdStrike предизвика глобален бран на падови на системи, со сини екрани што ги преплавија деловните и јавните инфраструктури ширум светот.

Промена на тонот
Microsoft сега се обидува да го смени тонот и изгледот на критичните грешки. Новиот црн екран треба да изгледа технички понеутрално и да биде во согласност со дизајнерските насоки на Windows 11. Ова е дел од поширока стратегија за модернизација на системот и намалување на непотребниот стрес кај корисниците при појава на грешка, пренесува CNBC.

Со ова, завршува една ера во дигиталната историја на Windows корисниците — ера што беше обележана со сини екрани, но и со брзи технички решенија и дијагностички алатки. Потсетување: на 5 мај 2025 година, Microsoft го исклучи и Skype, уште еден симбол на интернет комуникацијата кој го обележа почетокот на новиот милениум.

Извор: Blic

Прочитај повеќе...

Магазин

iOS 26: Ова се iPhone моделите што добиваат надградба

Објавено пред

на

Фото: Bagus Hernawan @ unsplash

Apple на својот годишен настан WWDC 2025 официјално го претстави iOS 26 — новата верзија на оперативниот систем која носи свеж визуелен стил наречен „Liquid Glass“ (Течно стакло). Со овој модерен и унифициран дизајн, интерфејсот на iPhone ќе добие уште поголема усогласеност со остатокот од Apple екосистемот.

Како и секоја година, iOS 26 прво ќе биде достапен како бета верзија за програмери, а наскоро потоа и како јавна бета за поширок круг корисници. Со оваа верзија Apple завршува софтверска поддршка за дел од постарите модели.

Кои iPhone модели добиваат iOS 26?

Новиот iOS 26 ќе биде достапен за следните уреди:

  • iPhone 16e

  • iPhone 16

  • iPhone 16 Plus

  • iPhone 16 Pro

  • iPhone 16 Pro Max

  • iPhone 15

  • iPhone 15 Plus

  • iPhone 15 Pro

  • iPhone 15 Pro Max

  • iPhone 14

  • iPhone 14 Plus

  • iPhone 14 Pro

  • iPhone 14 Pro Max

  • iPhone 13

  • iPhone 13 mini

  • iPhone 13 Pro

  • iPhone 13 Pro Max

  • iPhone 12

  • iPhone 12 mini

  • iPhone 12 Pro

  • iPhone 12 Pro Max

  • iPhone 11

  • iPhone 11 Pro

  • iPhone 11 Pro Max

  • iPhone SE (втора генерација и понови)

Кои модели остануваат без поддршка?

Со iOS 26, Apple ја завршува поддршката за следните постари модели:

  • iPhone X

  • iPhone XS

  • iPhone XS Max

  • iPhone XR

Овие модели, лансирани меѓу 2017 и 2018 година, веќе нема да добиваат понатамошни ажурирања на софтверот.

Што да очекувате од бета верзијата?

Бета верзиите на iOS 26 се наменети за тестирање и може да содржат грешки, нестабилности и функции што сè уште не се целосно оптимизирани. Apple ги користи повратните информации од корисниците за да ги реши овие проблеми пред финалното издание. Финалната верзија ќе биде постабилна, но како и секогаш, можни се ситни пропусти кои ќе се отстрануваат со следни ажурирања.

Извор: Benchmark

Прочитај повеќе...

Магазин

Windows 10 добива уште една година поддршка – Microsoft нуди и бесплатни опции

Објавено пред

на

Фото: Clint Patterson @ unsplash

Иако беше најавено дека поддршката за Windows 10 ќе заврши на 14 октомври 2025 година, Microsoft реши да направи отстапка и да понуди две бесплатни опции со кои корисниците ќе можат да продолжат да добиваат безбедносни ажурирања до 2026 година.

Покрај платената програма за продолжена поддршка Extended Security Updates (ESU), која чини 30 долари годишно, сега се достапни и следниве бесплатни алтернативи:

  • Размена на 1.000 Microsoft Rewards поени – поени што се добиваат преку користење на Microsoft услуги и производи.

  • Користење на Windows Backup функцијата – со синхронизирање на поставките и податоците преку облакот, што автоматски активира проширена поддршка.

Според Microsoft, упатствата за активирање на продолжената поддршка ќе започнат да се појавуваат во Windows 10 од јули 2025, а ќе бидат достапни за сите корисници до август. Процесот вклучува следење на едноставни чекори на екранот и избор на еден од понудените методи.

Важно е да се напомене дека оваа дополнителна поддршка важи само една година, од 15 октомври 2025 до 13 октомври 2026. За деловни корисници останува само платената верзија, која може да се продолжи до три години.

Исто така, Microsoft претходно објави дека апликациите од Microsoft 365 ќе продолжат да добиваат безбедносни надградби на Windows 10 сè до 10 октомври 2028 година.

Според експертите, оваа одлука е резултат на фактот дека повеќе од половина од сите Windows корисници сè уште користат Windows 10, што укажува дека миграцијата кон поновите верзии на системот не се одвива доволно брзо.

Извор: Benchmark

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп28 минути

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија3 часа

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин5 часа

Утре започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

Македонија8 часа

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект...

Временска прогноза10 часа

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7...

Македонија10 часа

СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај....

Македонија11 часа

Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (30 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Спорт1 ден

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг....

Кичево1 ден

(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна. Како што не...

НАЈЧИТАНИ