Следете не

Временска прогноза

Ќе врне снег насекаде, ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Денес и утре во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Особено утре и тоа во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени. Во Скопје и околината денес и утре времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, додека максималната температура ќе се искачува до околу 4 степени, вели Славчо Попоски.

Според метео прогнозерот, под влијание на влажен и студен воздушен бран, во текот на утрешната ноќта, како и во петок ќе има врнежи од снег.

Поинтензнивни врнежи ќе има во западните предели каде снежна покривка ќе се формира насекаде, а истата на планините ќе се зголемува. Мала снежна покривка ќе се формира и на останатите места, освен во Повардарието и во југоисточните предели. Ќе започне да дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец.

– Потоа услови за слаби локални врнежи од снег ќе има и за време на викендот.

Наутро и тоа особено за време на викендот ќе биде ОСОБЕНО СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштат дури и под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до само 2 степени, освен на крајниот југоисток каде истите се очекува да се искачат до околу 5 степени. Многу студеното време барем одсега гледано ќе се задржи и во текот на следната седмица – заклучува Попоски во изјава за порталот Еспресо.мк

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.

Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.

Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин44 минути

Хакери тврдат дека украле податоци од корисниците на Viber

Хандала Хак, пропалестинска хакерска група, тврди дека го хакирала Viber и бара компензација. Хакерите на нивниот канал Telegram објавија дека...

Магазин49 минути

Nvidia го објави својот најмоќен чип со вештачка интелигенција досега: „Ни требаат поголеми графички процесори“

Nvidia има за цел да ја зацврсти својата позиција како главен снабдувач на компаниите кои се занимаваат со вештачка интелигенција...

Култура52 минути

Netflix ја враќа Black Mirror во 2025 година

Седмата сезона на Black Mirror е на пат. Netflix потврди дека научно-фантастичната антологија на Чарли Брукер ќе се врати во...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (19 март)

ОВЕН Овен, имате за што да бидете благодарни. Зошто не го прославите тоа вечерва со пријателите? Заборавете на проблемите со...

Кичево14 часа

(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“

Предмалку во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево заврши гламурозната модна ревија со рециклирани материјали насловена како „Eco Fashion Show“, благодарение...

Магазин1 ден

Новото истражување покажа невообичаени последици од борбата против пиратеријата

Заканувачките пораки против дигиталната пиратерија може да имаат необични резултати, нагласувајќи ја потребата од приспособени пристапи, покажа новото истражување. Една...

Магазин1 ден

Најавена е соработка на два гиганти: вештачката интелигенција на Google наскоро ќе се најде и на iPhone

Акциите на Alphabet пораснаа за 2,7% во почетокот на тргувањето во понеделникот, по веста дека технолошкиот гигант Apple преговара за...

Магазин1 ден

Италија инвестира 1 милијарда евра во вештачка интелигенција

Италија планира да формира инвестициски фонд со почетна инвестиција од 1 милијарда евра. Италија сака да промовира проекти за вештачка...

Магазин1 ден

Google Wallet наскоро ќе поддржува Apple Pass

Поддршката за пропусници со формат „pkpass“ на Apple за паричниците на Google Wallet наскоро би можела да стане поедноставна, што...

Магазин1 ден

Претплатите на Google Play Pass пораснаа за 120% во текот на изминатата година

Google Play Points има над 220 милиони членови на 35 пазари пред лансирањето во Бразил што се очекува оваа година....

НАЈЧИТАНИ