Спорт
Клубовите од првата македонска фудбалска лига снабдени со дефибрилатори, донација од фудбалската федерација
Ненадеен срцев удар е можеби една од главните причина за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош (како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор) можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.
ФИФА користи свои регистар за ненадејни смртни случаи, а пред неколку години, исто така започна кампања за ненадејна срцева слабост за да го подобри нивото на едукација за пружање прва помош кај фудбалерите и љубителите на фудбалот на стадионите.
Главните чекори што ФИФА ги наложува во кампањата за спречување на ненадејна срцева смрт на теренот – првенствено едукативни програми за реанимација и употребата на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите, активности што континуирано ги спроведува Комисијата за медицина и антидопинг на ФФМ.

– Нашата федерација долги години работи на најдобра можна едукација на нашите фудбалски лекари и персонал за реанимација и итна интервенција. Сите лекари кои се членови на македонските репрезентации редовно минуваат тренинзи за реанимација, а комисијата за медицина и антидопинг се залага за задолжителни и редовни прегледи за професионалните и младите играчи – за медиумите истакнаа од ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија со цел подобрување на условите во тој дел и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од МФЛ, донираше дефибрилатори за сите екипи од ПРВА МФЛ.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Кичево23 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево1 ден„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Кичево20 минутиОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Хроника22 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза23 часаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Магазин1 денРецепт за најсочните мини пици: Брзи, меки и едноставно неодоливи
