Следете не

Спорт

Клубовите од првата македонска фудбалска лига снабдени со дефибрилатори, донација од фудбалската федерација

Објавено пред

на

Ненадеен срцев удар е можеби една од главните причина за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош (како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор) можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.

ФИФА користи свои регистар за ненадејни смртни случаи, а пред неколку години, исто така започна кампања за ненадејна срцева слабост за да го подобри нивото на едукација за пружање прва помош кај фудбалерите и љубителите на фудбалот на стадионите.

Главните чекори што ФИФА ги наложува во кампањата за спречување на ненадејна срцева смрт на теренот – првенствено едукативни програми за реанимација и употребата на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите, активности што континуирано ги спроведува Комисијата за медицина и антидопинг на ФФМ.

Нашата федерација долги години работи на најдобра можна едукација на нашите фудбалски лекари и персонал за реанимација и итна интервенција. Сите лекари кои се членови на македонските репрезентации редовно минуваат тренинзи за реанимација, а комисијата за медицина и антидопинг се залага за задолжителни и редовни прегледи за професионалните и младите играчи – за медиумите истакнаа од ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија со цел подобрување на условите во тој дел и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од МФЛ, донираше дефибрилатори за сите екипи од ПРВА МФЛ.

Спорт

Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари

Објавено пред

на

Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот од ланската сезона во натпреварувањето, Струга Трим Љум ќе гостува кај Воска.

Работнички ќе игра против Шкендија, Пелистер против Тиквеш, Шкупи со Охрид, додека пак Брегалница за противник го има тимот на Јанг Тим. Силекс ќе ги одмери силите со Башкими, додека Брера со Гостивар.

Мечевите за закажани за 25. октомври.

ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Вардар – Македонија Ѓ.П

Брегалница – Јанг Тим

Работнички – Шкендија

Силекс – Башкими

Пелистер – Тиквеш

Брера – Гостивар

Шкупи – Охрид

Воска – Струга

Што се однесува до комисијата за натпревари на ФФМ, на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово  се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија, пренесуваат од Федерацијата.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров

Објавено пред

на

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе бидат на располагање на квалификациските мечеви во октомври, односно против Македонија во Прага на 14 октомври, и три дена подоцна против Малта во Ла Валета.

На листата повикал вкупно 25 фудбалери, а во него се и тие повисоко рангирани според фудбал маркетот, Олександр Зинченко, Руслан Малиновски, Роман Јаремчук, Михаило Мудрик…

Македонија на првиот меч во Скопје имаше два гола предност, но на крајот загуби од Украина со 2-3 и се чини дека за тој меч треба и тоа како да се одмаздиме на гостински терен!

На списокот на Сергеј Ребров се наоѓаат следните фудбалери:

Прочитај повеќе...

Спорт

Нашата женска „А“ репрезентација на Македонија забележа минимален пораз од Бугарија на домашен терен

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската А репрезентација на Македонија забележа минимален пораз од Бугарија во рамките на првото коло од групата 5 во Лигата на нации. Избраничките на селекторот Кирил Изов не успеаа да ги искористат своите прилики, противникот рано поведе и успеа да ја сочува минималната предност до крајот на натпреварот.

Двете репрезентации одиграа возбудлив натпревар со многу борба и желба за победа. Гостите од Бугарија беа поконкретни кон нашиот гол и успеаа да слават заслужена победа.

Стрелец на единствениот погодок за нашиот источен сосед беше беше Станкова во 4. минута од средбата.

Во следното коло од Лигата на нации, кое ќе се одигра во ноември, женската А репрезентација на Македонија силите ќе ги одмери со селекцијата на Косово.

Македонија: Панчурова, Милчевска, Коларвоска, Ефтинџиоска, Андреевска, Шемсовиќ, Андонова, Дервиши, Рочи, Максути

Селектор: Кирил Изов

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за среда (27 септември)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Спорт11 часа

Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари

Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот...

Автомобили21 час

(ВИДЕО) „BMW XM“ изненади на тестот на еден престижен настан за автомобили

Шпански специјализиран сајт го тестираше BMW XM, првиот независен модел М, но и најтешкиот сериски BMW во продажба од 2.800...

На денешен ден22 часа

На денешен ден (26 септември)

1186 – Дубровник склучил мир со српскиот голем префект Стефан Немања, кој се обидел да го заземе градот во два...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (26 септември)

ОВЕН Размислувајте однапред при носењето одлуки на деловно поле и важно е некои проекти добро да ги организирате. Со саканата...

Спорт1 ден

Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе бидат на располагање на...

Македонија2 дена

Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за...

Магазин2 дена

Пристигнаа првите информации за серијата Google Pixel 8: Дали iPhone 15 добива „ривал во сенка“? (ФОТО)

Впечатоците по iPhone 15 сè уште не стивнуваат, а веќе ги имаме првите информации за новиот изданок на серијата Google...

Магазин2 дена

Snapchat се обидува да им отежне на тинејџерите да се поврзат со странци

Snapchat додава нови функции кои имаат за цел да ги обесхрабрат тинејџерите да комуницираат со странци на својата апликација. Промените...

Магазин2 дена

YouTube работи на алатки за вештачка интелигенција за да им помогне на креаторите

YouTube има нови AI функции за креаторите. Функциите со вештачка интелигенција што компанијата ги објави на настанот „Made on YouTube“...

НАЈЧИТАНИ