Автомобили
Кои возила повеќе се расипуваат на ладно, електричните или оние кои движат на фосилно гориво?
Автомобилите со фосилни горива почесто се расипуваат за време на студено време отколку електричните – потврдуваат од „Викинг“, норвешката служба за помош на пат. А ако некој е релевантен за вакво нешто, Норвежаните секако се. Имаат снег и ниски температури неколку месеци во годината, а патиштата често им се тешко проодни, што е исклучително предизвик за автомобилите, пишува N1 инфо.
За време на екстремно студените услови на почетокот на оваа година, Викинг имал 34.000 барања за помош. Само 13 отсто од тие барања се однесуваат на електрични возила, и покрај тоа што земјата има водечки удел на електрични возила од над 24 отсто, пишуваат од хрватскиот Јутарњи.
Ова е интересна информација во време кога од САД пристигнуваат информации дека електричните возила не возат или полнат на полначи во ладни услови. Имено, сопствениците на моделите на Tesla во Чикаго биле принудени да ги напуштат своите возила откако не успеале да ги наполнат батериите на температури под нулата.
Вистина е дека електричните возила може да имаат намален опсег и тешкотии при полнење во услови на замрзнување. Дополнително, истражувањето сугерира дека губењето на опсегот може да варира од десет до 36 проценти. Тесла го призна овој проблем и им даде совет на сопствениците на својата веб-страница.
„Во ладно време возилата трошат повеќе енергија за загревање на батеријата и внатрешноста и нормално е да се забележи зголемена потрошувачка на енергија. „Оставањето на возилото приклучено секогаш кога е можно и одржувањето на нивото на полнење над 20 проценти кога не е приклучено ќе го намали влијанието на ниските температури“, ги советуваше возачите Тесла.
Експертите ги повикуваат производителите на автомобили да смислат повеќе начини за заштита на батериите во ладни услови и методи за нивно загревање пред да се полнат.
Извор: Jutarnji.hr / N1 info
Автомобили
Renault Mégane се враќа на бензин: повраток кон класиката по ерата на електричните возила
По три години целосна електрификација, Renault повторно го разгледува враќањето на бензинските мотори во своите семејни модели Mégane и Scénic. Според најавите, следната генерација на овие автомобили — која се очекува пред крајот на деценијата — ќе понуди комбинација од електрични и хибридни погонски системи.
Новиот извршен директор на групацијата Renault, Франсоа Провост, изјави дека компанијата работи на стратегија за „повраток на поголемите модели“. Тој додаде дека електричните верзии на Renault 4 и 5 се покажале како успешни, но Mégane и Scénic сè уште се борат со продажбата во сегментот на семејни автомобили.
„Поголемите автомобили се еден од нашите приоритети,“ изјави Провост за Auto Express. „Во следниот среднорочен план, развиваме нова платформа што ќе ја поттикне понудата во Ц-сегментот – во срцето на Европа.“
Новата платформа ќе ги обедини идните генерации на Mégane, Scénic, Austral, Espace и Rafale, кои моментално се достапни само како хибридни модели.
Баланс помеѓу електричен и бензински погон
Renault нема намера да се повлече од електричните возила, но сака да понуди поголема флексибилност за купувачите кои сè уште не се подготвени за целосна електрификација.
„Доколку усвојувањето на електричните автомобили се одвива побавно од очекуваното, ќе го надополниме тоа со решенија како плаг-ин хибриди или системи за продолжен домет,“ изјави Фабрис Камболив, извршен директор на брендот Renault.
Камболив додаде дека е поверојатно Renault да се одлучи за систем сличен на Nissan e-Force, каде што моторот со внатрешно согорување не ги придвижува директно тркалата, туку ја полни батеријата.
Освежување пред новата генерација
До излегувањето на новите модели со мотори со внатрешно согорување, Renault ќе се обиде да ја зголеми продажбата на актуелниот Mégane преку неколку надградби.
Првата е редизајнирана верзија на моделот, која веќе е забележана во тестирање под камуфлажа. Дополнително, можно е зголемување на капацитетот на батеријата — над сегашните 60 kWh со опсег од 468 км.
За споредба, Scénic користи батерија од 87 kWh со автономија до 622 километри, а новиот Nissan Leaf, кој дели технологија со Mégane, нуди батерија од 75 kWh и опсег од околу 600 километри.
Извор: Index
Автомобили
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“
Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.
Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.
Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА
Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:
Автомобили
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј
По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.
Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.
Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.
Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.
Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.
Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.
Извор: BUG
-
Кичево1 денНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Кичево1 ден(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Македонија2 часаТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Здравје и убавина1 денДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Спорт1 денАталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
-
Временска прогноза16 часаОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
-
Хороскоп2 часаХороскоп за среда (12 ноември)
