Следете не

Автомобили

Колку електрична енергија троши просечно електрично возило?

Објавено пред

на

Тешко е да се пресмета точно колку струја троши ЕВ, но можни се многу добри проценки врз основа на неколку фактори.

Како што проценува специјализираната веб-страница Edmunds, просечното електрично возило троши околу 394 kWh месечно, а се објаснува и како стигнале до оваа пресметка.

Сите електрични возила имаат големи батерии кои обезбедуваат напојување на моторите, а количината на електрична енергија складирана во овие батерии е иста како кога ќе го погледнеме капацитетот на резервоарот на „традиционалниот“ автомобил. Современите батериски системи се разликуваат по капацитет, со што на автомобилите им се даваат различни опсези кога се целосно наполнети.

Батериите во модерните ЕВ може да трошат од 30 kWh кај малите модели како што е Mini Cooper SE, до повеќе од 200 kWh кај „тешките“ како што е GMC Hummer EV. Сепак, капацитетот на батеријата не е единственото нешто што треба да го знаеме.

Ефикасноста на електричните возила мора да се пресмета кога ќе се земе предвид поминатото растојание, па за традиционалните возила пресметуваме на пр. „6 литри на 100 километри“, а за ЕВ тоа се изразува преку, да речеме, „50 kWh на 100 километри“, па така мора да гледаме на пресметките.

Овој сајт ги земал предвид статистичките податоци од САД, а со помош на податоците за бројот на километри поминати на просечниот возач месечно, земајќи ги предвид ефикасните и неефикасните ЕВ, дошле до заклучок дека просечното возило троши 0,35 kWh. по милја (околу 1,6 километри), што значи 394 kWh месечно.

Автомобили

VW Golf оваа година го слави својот 50-ти роденден, а по тој повод ќе биде претставена специјална серија

Објавено пред

на

Конечно по извесно време најновото издание на Golf GTI во најава, истакна првиот човек на Volkswagen, Томас Шефер, а моделот треба да дебитира на крајот на месецот на Нирбургринг. Тизерот не открива многу – се гледа целиот автомобил, но сликата е пикселирана до тој степен што ништо не се препознава.

Шафер напиша дека доаѓа новиот болид, велејќи: „Се враќаме на Нирбургринг на 24-часовната трка за да ја прославиме светската премиера со навивачите“.

Од снимката може да се претпостави дека новиот модел има поагресивно дизајниран преден браник со нагласена облога во боја на каросеријата, што ги истакнува рестилизираните предни отвори за воздух.

Ќе се базира на неодамна обновената осма генерација Golf GTI, што меѓу другото значи дека моделот ќе добие IQ LED светла, но за жал не и опција за мануелен менувач, пренесува b92.net

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volkswagen драстично ја менува својата стратегија

Објавено пред

на

Брендот Volkswagen планира да ја зголеми понудата на plug-in хибридни автомобили како одговор на забавувањето на побарувачката за електрични возила, пишува HAK Review.

Проширувањето на портфолиото на PHEV е еден од главните приоритети на VW, изјави во средата извршниот директор Thomas Schäfer. Овој потег е промена на насоката во однос на претходната стратегија на фокусирање главно на електрични возила преку линијата ID, пишува Bloomberg.

„Клиентите сега сакаат plug-in хибриди, вклучително и во Кина и САД“, рече Шефер во интервјуто на маргините на автомобилската конференција во Лондон.

Продажбата на plug-in хибриди расте побрзо од продажбата на електрични автомобили

Продажбата на plug-in хибриди во Европа порасна побрзо од продажбата на електрични возила претходно оваа година. Volkswagen ја менува својата стратегија за електрична енергија откако одложи некои модели и заостана во Кина, каде што доминираат локалните брендови. Минатата година, производителот се откажа од плановите за изградба на фабрика за електрични возила во Германија во вредност од 2 милијарди евра.

Со забавување на растот на електричните возила, производителите на автомобили се свртуваат кон познатите погонски единици за да ја одбранат продажбата и уделот на пазарот.

Тојота има корист од порастот на глобалната побарувачка за хибриди. Групацијата Mercedes-Benz претходно во средата соопшти дека ќе продава автомобили со мотори со внатрешно согорување подолго од очекуваното поради разочарувачката продажба на електрични возила.

Најновата хибридна технологија на VW, која се користи во модели како Passat и Tiguan, веќе нуди електричен опсег од повеќе од 100 километри, пишува HAK Revija.

/Index

Прочитај повеќе...

Автомобили

Tesla во петок го прекина производството во германската фабрика, на работниците им е забранет влез

Објавено пред

на

TESLA во петок ќе го прекине производството во фабриката Gruenheide во близина на Берлин, потврдија денеска од компанијата откако во медиумите беше објавено дека фабриката ќе биде затворена четири дена.

Ќе има „еднодневен планиран прекин на производството“ во фабриката на 10 мај, изјави менаџерот на фабриката Андре Тиериг за X.

За време на викендите во фабриката нема производствени активности, а четврток е државен празник во Германија.

Handelsblatt: Фабриката се затвора поради протести

Германскиот весник Handelsblatt денеска објави дека Tesla ќе го запре производството во својата германска фабрика на четири дена поради протестите против плановите за проширување на фабриката.

Сите вработени беа замолени да работат од дома во петок, според е-поштата што ја виде Handelsblatt и беше испратена од компанијата во понеделникот.

Производството ќе заврши со доцната смена во среда и ќе продолжи со ноќната смена во недела, објави Handelsblatt. Пристапот до фабриката ќе биде возможен само со одобрение на менаџерот.

Граѓаните против проширување на фабриката

Плановите на Tesla за проширување на фабриката во Германија дојдоа до пречка во февруари кога граѓаните гласаа против предлогот да се расчисти шумата за да се отвори простор за поголем објект.

Активистите најавија неколку протести против проширувањето на Tesla за следната недела, вклучително и митинг пред портите на фабриката во петок.

Продажбата на Tesla во Европската унија падна за 5% во првиот квартал од оваа година во однос на претходната година, заостанувајќи зад растот од 4% на пазарот на електрични возила со батерии во тој период, според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили.

/Index

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп10 часа

Хороскоп за петок (17 мај)

ОВЕН Денес, за Овенот, љубовта го придвижува светот. Сите околу вас се чини дека се во некоја голема љубов. Може...

Автомобили14 часа

VW Golf оваа година го слави својот 50-ти роденден, а по тој повод ќе биде претставена специјална серија

Конечно по извесно време најновото издание на Golf GTI во најава, истакна првиот човек на Volkswagen, Томас Шефер, а моделот...

Спорт14 часа

Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Воска одигран на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (16 мај)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Спорт1 ден

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во...

Кичево2 дена

Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на булеварот .„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во...

Магазин2 дена

Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон. Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот...

Свет2 дена

Минатото лето беше најжешкото во последните два милениума

Научниците користеле податоци од дрво години од локации низ западната хемисфера за да ги проценат глобалните температури помеѓу првиот век...

Магазин2 дена

Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!

Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра PlayStation, објави Sony Interactive Entertainment. Тоа е Helldivers 2, која се...

Македонија2 дена

Авто-плинот од денес конечно со намалена цена за литар, после подолго време

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар. Како што...

НАЈЧИТАНИ