Магазин
Компанијата на Маск ќе лансира сателит платен со Dogecoin кон Месечината!
Американската компанија SpaceX ќе лансира сателит во орбита на Месечината во 2022 година, кој се плаќа во целост со крипто-валута dogecoin, објави шефот на компанијата Елон Маск на Твитер.
„Следната година, SpaceX ќе го лансира сателитот Dog-1, платен со криптовалутата dogecoin, кон Месечината“, напиша Маск.
SpaceX launching satellite Doge-1 to the moon next year
– Mission paid for in Doge
– 1st crypto in space
– 1st meme in spaceTo the mooooonnn!!https://t.co/xXfjGZVeUW
— Elon Musk (@elonmusk) May 9, 2021
На веб-страницата на канадската компанија Геометриска енергетска корпорација (Geometric Energy Corporation – GEC), која е сопственик на сателитот, се напоменува дека тој ќе биде лансиран во првиот квартал од 2022 година со помош на лансирачко возило Falkon 9. Со помош на сензори и камери, ќе собира податоци за Месечината. Компанијата ќе го испрати сателитот користејќи програма за лансирање на комерцијални летала понудена од SpaceX.
„Користејќи Dogecoin во договор од вакви размери, GEC и SpaceX го консолидираа Dogecoin за валута како валута за деловно работење на Месечината“, се вели во изјавата на GEC.
„Оваа мисија ќе демонстрира примена на крипто-валути надвор од орбитата на Земјата и ќе ги постави основите за меѓупланетарна трговија“, рече потпретседателот на трговските операции на SpaceX, Том Окинеро.
Маск на почетокот на април објави на Твитер дека SpaceX „ќе испрати Dogecoin на Месечината“, но не објасни што точно сакал да каже. По објавувањето, вредноста на криптовалутата се зголеми за 30 проценти. Во неделата, среде веста за испраќање на сателит платен од Dogecoin, валутата се искачи на 0,58 УСД по единица, од 0,50 УСД претходната вечер.
Магазин
ChatGPT ќе се интегрира со Apple Health: Што значи тоа за корисниците?
ChatGPT наскоро би можел да стане дел од екосистемот на Apple Health, носејќи понапредни можности за анализа на здравствени податоци и одговарање на кориснички прашања. Според првичните извештаи, OpenAI работи на функција што ќе овозможи ChatGPT да ги обработува, толкува и контекстуализира информациите собрани преку апликациите на Apple Health.
Интеграцијата е забележана во најновата верзија на iOS апликацијата ChatGPT
Корисници и аналитичари забележаа дека најновата верзија на iOS апликацијата на ChatGPT содржи функционалности кои изгледа дека се наменети за поврзување со Apple Health.
И покрај тоа, нема официјална потврда ниту од Apple ниту од OpenAI. Засега останува непознато:
-
кога би можело да се очекува пуштањето во употреба,
-
како точно ќе изгледа процесот на интеграција,
-
и кои здравствени податоци би биле достапни за анализа.
Сепак, бројните извештаи укажуваат дека постои јасна намера за соработка меѓу двете компании.
Интеграцијата отвора прашања за приватност и безбедност
ChatGPT веќе е дел од неколку Apple Intelligence функции, што предизвика реакции кај дел од корисниците загрижени за приватноста на податоците. Интеграцијата со Apple Health – која содржи чувствителни здравствени информации – уште повеќе го зголемува вниманието околу безбедносните стандарди.
Корисниците кои се противат на ваквите спојувања стравуваат дека можноста за споделување здравствени податоци со надворешен модел може да претставува ризик, дури и со силни безбедносни протоколи.
Заклучок
Иако нема официјална потврда, очигледно е дека Apple и OpenAI сериозно ја разгледуваат можноста за поврзување на ChatGPT со Apple Health. Ако интеграцијата навистина се реализира, таа може значително да го промени начинот на кој корисниците ги разбираат и користат своите здравствени податоци — но истовремено отвора важни прашања околу приватноста и безбедноста.
Извор: gadgets360
Хороскоп
Хороскоп за четврток (11 декември)
ОВЕН
Размислувате да започнете нова работа во која би ги уклучиле и некои од членовите на вашето семејство. Не ви е поволен ден за љубов, можно е да ве разочара саканата личност. Потребен ви е одмор.
БИК
Можно е да имате потешкотии на деловно поле и да не ви е лесно да донесете конечни одлуки по некои прашања. Вашите очекувања на љубовно поле сега не можат да бидат исполнети. Можни се проблеми со желудникот.
БЛИЗНАЦИ
Во текот на денешниот ден може да очекувате трошоци кои ќе ве загрижат. Ве очекува можност на љубовно поле да дојдете до промените кои ги сакате. Личноста која ви се допаѓа гаи емоции кон вас. Склони сте кон воспаленија.
РАК
Имате прилично големи очекувања од моменталната деловна ситуација, па може да ви се случи да бидете малку разочарани. Саканата личност се труди да ви удоволи и да направи да се чувствувате добро покрај неа. Помали проблеми со бубрезите.
ЛАВ
Ве очекуваат многу обврски денес, може да се каже дека ќе ви биде напорно но ќе остварите добри резултати. Засега сте пасивни и не покажувате интересирање кон личноста која ви се додворува веќе некое време. Можен е пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Доколку сте имале некоја кавга со деловните соработници, ќе успеете да ја разрешите во наредниот период. Поволен период за љубов, ве очекува фаза во која ќе имате многу убави моменти со саканата личност. Внимавајте на градниот кош.
ВАГА
Моментално не сте задоволни од деловните случувања и многу работи ве оптеретуваат на ова поле. Односот со саканата личност се менува. Ви се чини дека некогаш ја немате истата доза на емоции кон неа. Можни се проблеми со стомакот.
ШКОРПИЈА
Ќе донесете нова одлука на деловно поле. Ќе успеете да го остварите напредокот кој сте го посакувале. Ви се допаѓа личност која ќе покаже дека кон вас има искрени емоции и добри намери. Можни се проблеми со грлото.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува стабилност кога станува збор за работата. Судбината ви е наклонета и нема да имате поголеми проблеми. Немате причина да се сомневате во саканата личност која ви е сосема посветена. Посетете лекар поради редовна контрола.
ЈАРЕЦ
Не е поволен ден и може да направите грешки во работата. Можеби ќе се заљубите во личност која е поврзана со вашето деловно опкружување. Ве прати вртоглавица.
ВОДОЛИЈА
Имате впечаток дека доаѓате до многу препреки и поради таа причина тешко напредувате. Ве очекува интересна средба со симпатијата. Пред вас е поволен ден за љубов. Проблеми со циркулација.
РИБИ
Може да очекувате дека ќе успеете да остварите позитивни околности на деловно поле во наредниот период. Прилично сте задоволни со ситуацијата во која се наоѓате на љубовно поле. Здравствената состојба е добра.
Lifestyle
Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен леплив слој. Иако садовите се темелно измиени, маснотијата како постојано да се враќа. Добрата вест е дека причината е јасна, а решението — едноставно.
Зошто садовите стануваат лепливи?
Според Лорен ДаСилва, менаџер во „All-Clad“, лепливоста се јавува поради хемиски процеси кои се активираат при готвење. Ниту еден материјал не е имун — дури ни висококвалитетните стаклени садови или садовите од не’рѓосувачки челик.
Главни причини за леплив слој:
-
Разградба на масла и масти на висока температура, кои се претвораат во полимеризиран леплив филм.
-
Пареа што носи микро-честички маснотии нагоре, кои се таложат на постудени површини — најчесто на капаците.
-
Прскања од храна, скроб и неправилно исплакнати детергенти, кои создаваат тврд, мазен и леплив слој.
Како да ги отстраните тврдокорните лепливи наслаги?
1. Сода бикарбона + сол + топла вода (универзален метод)
-
Измешајте сода бикарбона, сол и малку топла вода.
-
Нанесете ја смесата на лепливите делови.
-
Почекајте 3–5 минути.
-
Истријте со мека четка за заби и добро исплакнете.
2. Оцет + вода + сода бикарбона (само за нерѓосувачки челик)
-
Истурете вода и оцет во сооднос 1:1 во тавата.
-
Оставете да зоврие неколку минути.
-
Истурете ја течноста и почекајте тавата да се олади.
-
Додадете сода бикарбона на топлата (но не жешка) површина.
-
Истријте со неабразивен сунѓер.
Како да спречите повторно формирање на леплив слој?
Корисни навики за чисти садови:
-
Не потопувајте мрсни садови во полн мијалник – маслото се шири и се врзува за целата површина.
-
Користете квалитетен детергент со формула за тешки маснотии. Благи детергенти често оставаат филм што подоцна станува леплив.
-
Редовно чистете ги капаците и рачките, бидејќи таму најмногу се таложат маснотии од пареа.
Со овие едноставни совети можете да ги одржувате садовите чисти, без лепливи наслаги и без дополнителен стрес околу миењето.
Извор: index
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (10 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Македонија2 денаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Магазин2 денаДоаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости
-
Македонија1 денОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Магазин2 денаТелефоните на Samsung добиваат голема реконструкција: Започна бета-програмата One UI 8.5
-
Магазин2 денаNvidia ја прогласи Huawei за најсилна технолошка компанија во историјата
