Магазин
Корисниците на Android може да се збогуваат со снимањето разговори

Google неодамна објави промени во политиката на Play Store, кои ќе стапат на сила на 11 мај. Една од тие промени е насочена кон трајно откажување на апликациите за снимање разговори на Android.
Компанијата одлучи да го отстрани API што овозможува снимање повици во неколку верзии на Android. Тие објаснуваат како тоа го прават во име на приватноста и безбедноста на нивните корисници, како и затоа што во многу земји постојат закони кои забрануваат снимање на телефонски повици.
Google веќе неколку години го отежнува снимањето на повиците, но специјалните ограничувања се воведени уште од Android 10. Затоа апликациите од трети страни почнаа да користат решенија со API за пристапност.
Сега е укината. Аналитичарите тврдат дека ваквата одлука била очекувана, со оглед на тоа што Google зазема поцврст став кога станува збор за приватноста и безбедноста.
„API за пристапност не е дизајниран и не може да се бара да снима повици“, објасни компанијата на својот вебинар за програмери.
Деновите на Дивиот Запад на Андроид одамна ги нема, иако платформата е сè уште многу поотворена од iOS. Изворното снимање на повик е блокирано и на iPhone-ите.
Ако користите апликација за снимање повици, сè уште не е сосема јасно како ќе изгледаат промените по 11-ти мај. Дотогаш, можно е Google да им даде можност на програмерите да ги ажурираат своите апликации во согласност со новите упатства.
/nova.rs/
Хороскоп
Хороскоп за сабота (6 септември)

ОВЕН
Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не успевавте да ги завршите целосно обврските, но откако го успоривте темпото, завршувате сѐ без притисок и стрес. Немате доволно сила за секојдневните активности, зголемете го внесувањето на витамини и минерали.
БИК
Некои колеги се обидуваат да ве изнервираат од ден во ден, немојте да си го дозволите тоа, особено ако сте свесни дека тоа е нивната цел. Мудроста е важна не само во работата туку и во љубовта, пријдете му на проблемот свесно и рационално и не дозволувајте да изгубите контрола над своите мисли.
БЛИЗНАЦИ
Ако денес имате недоразбирање со некој деловен партнер, вие не сте криви за тоа. Зачувајте ја смиреноста како и секогаш и не им давајте можност на другите да ве изнервираат. Внимавајте што и говорите на саканата личност, само една погрешна изјава може да доведе до тоа да бидете сфатени погрешно и да настане кавга.
РАК
Ако ве наговорува деловниот партнер да направите нешто надвор од своите деловни способности, тоа треба да ви биде опомена да не го правите она што не смеете. Емотивно сте неисполнети, но не е така лесно да напуштите сѐ и да запознаете нова личност толку бргу. Мора добро да размислите пред да донесете конечна одлука.
ЛАВ
Сѐ уште немате влијание врз колегите за да им кажувате што да прават, но се надевате дека денес ќе дојде до решение на некои конфликти од претходно и дека конечно на вистински начин ќе ги распоредите деловните обврски. На тој начин секој ќе знае што треба да направи. Не наоѓате заеднички јазик со саканата личност во последно време и се чувствувате како никој да не ве разбира.
ДЕВИЦА
Се чувствувате исцрпено затоа што работите од утро до мрак, но немате кому да се жалите поради тоа, ќе добиете совет да ја промените работата но моментално не можете да го направите тоа. Внесувајте доволно здрави намирници за да имате сила и енергија да ги завршите сите обврски во текот на денот.
ВАГА
Долго чекате одговор на вашата моментална ситуација на работа и полека губите надеж дека надредените воопшто се занимаваат со вашиот проблем. Ако не можете да најдете заеднички јазик со саканата личност и доколку немате исти цели, сите ваши планови ќе паднат во вода.
ШКОРПИЈА
Не дозволувајте да ви биде криво доколку сте пропуштиле можност да напредувате на работното место, којзнае зошто е тоа добро, ќе имате уште една шанса во иднина за тоа. Плановите се прават за да се реализираат, а вие и вашиот партнер досега ниеден план не сте исполниле.
СТРЕЛЕЦ
Ако првиот впечаток за деловниот партнер е позитивен, тоа не значи дека е реален. Обидете се добро да процените пред да заклучите за каква личност станува збор. Симпатии постојат помеѓу вас и еден познаник, но никако да дојде до ситуација да се зближите и подобро да се запознаете.
ЈАРЕЦ
Не го одбивајте предлогот за соработка од колегата само затоа што не се вклопува во вашиот досегашен стил. Понекогаш мора да се прилагодите на условите на пазарот и денес е идеална пригода за тоа. Не можете да се согласите со партнерот околу некои заеднички цели и сега тоа ви се одбива од глава, мора да прифатите некои работи кои не ви одат од рака.
ВОДОЛИЈА
Нема време за експериментирање на деловно поле, досега сте применувале една тактика, таа се покажала како успешна и држете се до неа и понатаму. Сакате флертот да ве доведе до некоја нова авантура, некои нови емоции, но бидете реални со своите очекувања за да не се разочарате.
РИБИ
Изјавите на вашите соработници нема да ви се допаднат, но ако подобро размислите, можеби се во право, не го давате својот максимум во последно време и треба да го промените тоа. Успехот во љубовта не е исто што и среќа во неа. Ако сте имале многу врски, тоа не значи дека во нив сте биле среќни и исполнети.
Магазин
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос

Болоњезе сос е едно од најпознатите јадења во светот, но вистинската тајна на неговиот вкус лежи во традицијата на градот Болоња. Ова кулинарско богатство, познато како рагу ала болоњезе, се подготвува со векови и претставува симбол на италијанската гастрономија.
За разлика од верзиите што често се подготвуваат надвор од Италија, оригиналниот болоњезе сос не се прави брзо, туку полека и со трпение. Главните состојки се мелено говедско и свинско месо, зеленчук (кромид, морков и целер), панчета, бело вино, млеко и малку домати. Она што го прави посебен е долгото варење на ниска температура – најмалку два до три часа – кое создава густ, кремаст и богат сос.
Иако денес многумина го служат со шпагети, италијанските готвачи препорачуваат таљателе, широки тестенини кои совршено ја впиваат аромата на сосот.
Како се готви вистински болоњезе сос?
Подготовката започнува со пржење на ситно исечкан зеленчук на тивок оган, додека не омекне. Потоа се додава панчетата за да ја ослободи својата арома, па меленото месо кое се пржи додека не ја смени бојата. Следува белото вино кое целосно треба да испари, а потоа се додаваат доматите, млекото и малку морско оревче. Од овој момент започнува најважниот дел – бавното варење.
„Тајната на болоњезе сосот е трпението,“ велат готвачите од Болоња. Долгото готвење му дава длабочина на вкусот и го претвора во сос каков што со векови ја освојува Италија и светот.
Болоњезе сос – повеќе од рецепт
Ова јадење не е само уште една комбинација на состојки, туку културно наследство кое ја претставува италијанската љубов кон храната. Вистинскиот болоњезе е доказ дека за добар вкус е потребно време, внимание и посветеност.
Извор: City Magazin
Хороскоп
Хороскоп за петок (5 септември)

Овен
Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака.
Можно е да имате трема пред средбата со личност која многу ви значи. Имате впечаток дека таа е вашата сродна душа.
Исцрпени сте.
Бик
Можете да се потпрете на своите колеги. Денешниот ден е многу поволен за работа.
Ако сте слободни, можете да очекувате ново познанство кое во вашиот живот ќе донесе среќа.
Имате проблеми со циркулацијата.
Близнаци
Можно е да не добивате поддршка онака како што очекувате и да морате да ги менувате плановите врзани за работата.
Ве очекува интересно познанство на љубовен план. Пред вас е фаза која е поволна за почеток на нова врска.
Можни се проблеми со зглобовите.
Рак
Можни се недоразбирања со надредените. Потрудете се да на ги комплицирате работите многу.
Запознавате интересна личност овие денови која покажува голем интерес за вас. Денот е поволен за флерт.
Можни се проблеми со алергиите.
Лав
Немојте да очекувате премногу бидејќи денешниот ден не е претерано поволен. Пуштете ги работите по својот природен тек.
Не се сложувате најдобро со саканата личност. Сепак, избегнувајте ги кавгите.
Лош метаболизам.
Девица
Имавте некои поголеми трошоци, но успеавте да ги избалансирате. Горди сте на себеси.
Често мислите на личноста која ви значи.
Намалете го алкохолот.
Вага
Ситуацијата на работа во голема мера зависи од ставот кој ќе го заземете. Потрудете се да се поставите зрело и одговорно.
Добро се чувствувате покрај саканата личност. Ве очекува фаза во која вашата врска ќе напредува.
Ве очекува мал пад на енергијата.
Шкорпија
Можете да очекувате позитивен став од колегите. Работите ви одат од рака и задоволни сте.
Денес ве очекува интересна и возбудлива ситуација со личноста која ја сакате. Ќе се зближите повеќе.
Потрудете се да вежбате.
Стрелец
Ве очекува поволен ден за почеток на нова работа и нови соработки.
Добивате внимание од личност за која подолго сте заинтересирани. Можно е конечно да сте подготвени за љубовна врска.
Стомакот ви е чувствителен.
Јарец
Можете да сметате на стабилна ситуација кога станува збор за работата. Работите ви одат од рака.
Лесно ги покажувате своите чувства и добро се сложувате со брачниот партнер. Задоволни сте со тоа што го имате.
Здравјето е одлично.
Водолија
Ќе бидете добро расположени и мотивирани за работа.
И верувате на личноста која сте ја избрале и сметате дека ве очекува светла иднина.
Можете да очекувате одлична состојба.
Риби
Ако сакате промена на професионален план, ќе треба да се потрудите за тоа.
На прво место ви е односот со саканата личност. Тежнеете кон стабилност.
Низок притисок.
-
Кичево24 часа
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Македонија21 час
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Мобилни уреди2 дена
Батеријата се празни додека полните? Еве што треба да знаете
-
Магазин2 дена
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство
-
Автомобили23 часа
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Магазин23 часа
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос