Македонија
Ковид-19 денес, вкупно 410 нови случаи, починале 10 пациенти..
Во последните 24 часа направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 185
• Битола – 31
• Прилеп – 22
• Охрид и Струмица – по 15
• Велес, Кавадарци и Штип – по 14
• Куманово – 13
• Тетово и Кочани – по 10
• Делчево – 8
• Крива Паланка и Пробиштип – по 6
• Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5
• Берово, Кратово и Крушево – по 4
• Неготино – 3
• Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2
• Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 69г, 70г, 75г, 80г и 94г), и по едно починато лице од Прилеп (88), Охрид (58г), Велес (57г), и Тетово (50г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.
Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од:
• Скопје – 156
• Битола – 26
• Куманово – 14
• Кавадарци – 10
• Прилеп и Охрид – по 9
• Струмица и Штип – по 8
• Неготино – 6
• Гевгелија и Македонска Каменица – по 5
• Делчево – 4
• Тетово, Кратово, Свети Николе и Ресен – по 3
• Велес, Радовиш, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Богданци – по 2
• Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Берово, Пехчево и Кичево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Кичево12 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп9 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина13 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
