Следете не

Култура

Крстовден единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан

Објавено пред

на

Крстовден, или Воздвижението на Чесниот Крст, како празник се јавува со самото пронаоѓање на Светиот и Животворен Христов Крст, којшто бил пронајден од страна на светата царица Елена, мајката на светиот цар Константин Велики. Тој можеби е и единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан на којшто е посветен овој празник.

Се знае дека, откако се случиле оние најголеми настани во историјата на човештвото – Распнувањето, Погребението, Воскресението и Вознесението Христово, се изгубил Крстот на кој беше распнат Спасителот на светот. За тоа најголемо влијание имало уништувањето на Ерусалим од страна на римската војска во 70 година по Христа, а на некои од местата на Христовиот живот биле изградени пагански храмови.

Историската и црковна литература содржи три различни верзии за настанот поврзан со наоѓањето на Крстот Господов. Така Руфин, еден од црковните историчари, го сведочи следново: „Елена, мајката на Константин, жена со беспрекорна вера и религиозна душа, неспоредлива по благородништвото, чиј син навистина беше Константин, поттикната, како што велат, од Божественото видение, отишла во Ерусалим и таму, кај локалните жители, разбрала за она место каде што на Крстот било распнато светото Христово тело. Меѓутоа, потрагата била отежната поради тоа што во времето гонителите на местото ја подигнале статуата на Венера, така што ако некој од христијаните сакал да му се помоли на Христа на тоа место, да изгледа дека ѝ се моли на Венера. И поради тоа, таму веќе посетеноста била ретка и речиси било заборавено. Но, кога (како што рековме погоре) религиозната жена побрзала кон местото, означено со небесен знак, отстранувајќи од него сè нечисто и злобно, во длабочините под ѓубрето нашла нечисти три крста кои лежеле на тоа место. Сепак, радоста од наоѓањето на наодите, ја нарушила надворешната еднаквост на крстовите. Иако таму била пронајдена и табличката, на која Пилат напишал натпис на грчки, латински и еврејски јазик, сепак немало јасно укажување за Господовиот Крст. Затоа, на човечката несигурност ѝ требаше Божјо сведоштво. Се случило во градот, недалеку од ова место, да има една благородна жена, изморена од тешка болест и веќе на умирање. Епископ во тоа време на црквата, во тој град, бил Макариј. Кога ја виде кралицата како неодлучно стои, како и сите присутни, рече: Донесете ги овде сите крстови што се најдоа, а оној што го носеше Господ, ќе ни го открие Бог. И влегувајќи заедно со царицата, како и со луѓето [во куќата], кај скоро умрената, клекнал и Му принел молитва на Бога“. Кога зборува за сето ова Руфин, ја пишува молитвата и продолжува со следново кажување: „И кога го кажа ова [молитвата], најпрво го приложи првиот крст од нив, но ништо не постигна. Го приложи вториот, па исто така ништо не се случи. Кога го постави третиот [крст], жената наеднаш отворајќи ги очите се крена, и кога ѝ се врати нејзината телесна сила, стана посвежа отколку кога лежела болна. И сите во куќата се згужваа и почнаа да ја фалат Божјата семоќност. Така, откако доби очигледни докази, царицата, според дадениот завет, со царска ревност изградила неверојатен храм на тоа место каде што го нашла Крстот.“

Тоа е целосниот текст во историјата на Руфин Аквилејски, а останатите две верзии се слични, од кои едната вели дека пронаоѓањето се случило околу 100 години порано и се вели дека Крстот го пронашла Протоника, сопругата на императорот Клавдиј II (269-270), а потоа е скриен и повторно откриен во IV век. Третата верзија е од Сиријски текстови, слично како и втората и се кажува како светата царица Елена се обидела да ја дознае локацијата на Светиот Крст од Ерусалимските Јудејци и на крајот, еден постар Евреин по име Јуда, кој на почетокот не сакал да зборува, откако бил измачен го посочил местото, поточно храмот на Венера. Откако царицата наредила уништување на храмот и ископувања биле пронајдени три крста. Бидејќи не знаеле како да го препознаат Крстот Христов, тогаш поминала поворка со мртовец и преку допирање на еден од крстовите врз мртовецот се случило чудо и мртвиот воскреснал. Токму овај текст подоцна е внесен во преданието за Крстовден.

Токму поради ова Црквата го празнува почитувањето на Крстот Христов како орудие за победа над смртта, пеколот, сатаната и злите сили, па поради тоа Крстот е знак на Божјата љубов кон нас и кон целиот свет. Тој стана симбол и за нашата вера и за силата Божја. Нека Бог нѐ заштити со силата и дејството на Светиот крст и ни даде сила за победа на искушенијата низ целиот наш живот, па да Го прославиме Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови. Амин!

Честито и благословена слава на тие кои слават, вековити имињата на тие кои ги носат и за многу години!

Нашата кичевска Црква Св.Апостоли Петар и Павле за претстојниот празник ја истакна следната агенда на активности

14/27.09.2022 година (вторник)
ВОЗДВИЖЕНИЕ НА СВЕТИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ (Крстовден)

26.09.2022 година (понеделник)
Вечерна Богослужба – 18⁰⁰ часот.

27.09.2022 година (вторник)
Утрена Богослужба – 07³⁰ часот;
Света Божествена Литургија – 08³⁰ часот.

Култура

Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој пост претставува еден од најзначајните и подолги пости во православието. Неговото значење не се ограничува само на воздржување од мрсна храна, туку опфаќа и напуштање на лошите мисли, постапки и навики, како и поттикнување на милосрдието, скромноста и искреното покајание.

Црквата истакнува дека постот е воспоставен како подготовка на верниците преку очистување и покајание пред Христовото раѓање, како и преку молитва и примање на светата причест.

Иако се смета за поблаг од Велигденскиот пост, Божиќниот пост содржи денови со построги правила пост на вода, денови кога е дозволено масло, како и одредени денови кога е дозволена риба.

Во прилог ТУКА Ви го претставуваме прекрасниот натпис на Билјана Андоновска, писател и поет.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!

Објавено пред

на

Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар), денес е 6 септември – ден посветен на споменот на чудата што се случиле во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна била изградена и црква во негова чест.

Главниот празник на свети архангел Михаил, пак, е Собор на свети архангел Михаил, кој се слави на 8 ноември по стариот (или 21 ноември по новиот) календар. Овој ден е еден од поголемите есенски празници што нашиот народ традиционално ги одбележува со домашни служби. Кај луѓето е познат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден, а празникот е востановен во чест на сите ангели, особено на нивниот водач – светиот архангел Михаил.

На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Михаила, Мила, Милка, Михо, Рајко, Рајна, Ратка и други.


Ангелите и улогата на Архангел Михаил

Според црковното предание, пред создавањето на видливиот свет, Бог го создадил духовниот свет – ангелите. Тие се невидливи духовни битија и затоа на фреските се претставени во човечка форма, со крилја како симбол дека се Божји весници. Нивното бело облекување означува чистота и невиност.

Архангел Михаил е единствениот ангел прикажан во војводска облека, со меч и копје. Причината се крие во неговата улога во борбата против паднатите ангели. Кога дел од ангелите, предводени од Деница, се одметнале од Бога, архангел Михаил застанал во одбрана на Божјата правда, ги собрал верните ангели и го победил предводникот на злото, симнувајќи го од небесата.

Во знак на верност кон Бога, архангел Михаил и сите ангели ја воспеале Света Троица со песната:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот“.

Во спомен на овој небесен собир е востановен празникот Собор на свети архангел Михаил, со кој црквата им оддава чест на сите ангели.


Зошто празникот се слави токму во ноември?

Според старите сметања, годината започнувала во март, а ноември бил деветтиот месец. Деветката симболично ги претставува деветте ангелски чинови. Осмиот ден од месецот (8 ноември) пак се зема како симболичен знак за „осмиот ден“ – времето по Страшниот суд, кога Христос ќе дојде да им суди на живите и мртвите.

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Празничната убавина во чест на Христовиот војвода во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица

Објавено пред

на

ФОТО: Бигорски Манастир | bigorski.org.mk

Денес во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица, каде што, во храмот на Победоносецот беше отслужена серадосна Божествена Евхаристија. На светата Литургија чиноначалствуваше почитуваниот митрополит г. Кирил, во сослужение со нашиот возљубен Старец, Преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, и со браќата свештенослужители: архимандрит Макариј, јеромонах Еразмо и јероѓаконите Порфириј и Силуан.

Повеќе ќе најдете на официјалниот натпис од Бигорскиот Манастир – ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за вторник (2 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле...

Кичево10 часа

КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини,...

Македонија12 часа

ЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир

Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во...

Македонија14 часа

Повторно паѓа цената на дизелот, бензините остануваат со иста цена за источен литар на бензинските станици ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Спорт14 часа

ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот...

Фото: Yosuke Ota @ unsplash Фото: Yosuke Ota @ unsplash
Магазин16 часа

Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид

Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат...

Фото: Val Vesa @ unsplash Фото: Val Vesa @ unsplash
Автомобили16 часа

Најпродаваните автомобилски брендови во Европа: Шкода се искачува, азиските брендови ограничени во Топ 10

Продажбата на нови автомобили во Европа продолжува да расте, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на моторни возила (ACEA)....

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин16 часа

ChatGPT конечно престанува да ги користи непотребните цртички

ChatGPT долго време ги игнорираше дел од упатствата што му ги задаваат корисниците. Иако многумина бараа да не користи долги...

Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash
Магазин16 часа

Социјалните мрежи влегуваат во ера на поделби, а Facebook и понатаму опстојува

И покрај годините шпекулации дека корисниците масовно го напуштаат, Facebook останува една од најстабилните платформи. Според ново истражување на истражувачкиот...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин16 часа

Google ги заострува правилата за Android апликациите што трошат премногу батерија

Google воведува нови правила со цел подобро управување со потрошувачката на батеријата кај Android апликациите. Компанијата најави дека наскоро ќе...

НАЈЧИТАНИ