Кичево
(ФОТО) Вечерва се реализира спектакуларен концерт на КУД „Нико Пусоски“ од Кичево, каде со своето присуство настанот го збогатија гостите од соседна Србија
Предмалку заврши прекрасниот концерт во организација на КУД „Нико Пусоски“ од Кичево, кој беше реализиран по повод доаѓање на гостите од Власотинце, Република Србија, каде една од помалите групи на кичевското културно уметничко друштво беше исто така гостин летово на официјалниот гала настан „Власотинско културно лето 2024“
Концертот го отворија најмладите мали но големи надежи со орото „Македонците од Пустец“, потоа настапија гостите од КУД „Црниловиќ“ од Република Србија со „Игри од Власотинци“, додека како трети настапија домаќините со игри од Егејска Македонија.
Нашите играорци настапија исто така и со фрагменти од „Бркање на чумата“, „Густа ми магла паднала“, „Надигруванка“. Гостинката Нина Валчиќ се претстави со песната „гнездо орлово“, додека на сцената го видовме и оркестарот на КУД „Нико Пусоски“ кои во придружба со домашното вокално трио се претставија со „Ајде поминувам, заминувам“ и „Мори чупи костурчанки“, за на крај домаќините за прв пат да изведат фрагменти од сплетот „Моме Митро“.
Во продолжение галерија преку нашиот објектив, додека сите кои сакаат да си ги имаат за себе овие прекрасни фотографии, тоа можат да го направат од денес и во следните 7 дена преку линкот ТУКА, со почит вашите Порта.мк, број 1 онлајн медиум во регионот!
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
-
Македонија10 часаМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (ноември 2025)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за недела (2 ноември)
-
Македонија1 денДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
-
Здравје и убавина1 денТреба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
-
Технологија8 часа„Google Maps“ има нова корисна функција










































































































































