Кичево
(ВИДЕО) Традиционалниот Велигденски концерт на КУД „Рацин“ од Кичево вчера беше поздравен со громогласен аплауз од преполната сала присутни
Вчера на ден 26.04 по повод најголемиот Христијански празник „Велигден“ во НУ Центарот за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево успешно се реализираше традиционалниот концерт каде со свое учество на македонско оро и песна се истакнаа имаа домаќините, културно уметничкото друштво „Рацин“.
Од наше име им честитаме за успешната изведба и посакуваме традицијата да трае, а публиката тоа секогаш знае да го поздрави со свое масовно присуство и громогласен аплауз.
- – Гајдарско оро
– Поречки игри/младински ансамбл
– Ајдучко оро/младински ансамбл
– Вокално истументален блок
1. Денеска ми е сабота
2. Блажена гора зелена
3. Мајко ќе одам јабана
– Копачија/младински ансамбл
– Вокално иструментален блок
1. Нико, Нико меанџико
2. Саноќ ле Наде
3. Седнав да вечерам
-Тропнало оро, Сред село/детски ансамбл
– Фолклорна плетенка/детски ансамбл
– Инструментален блок
1. Касапско оро
2. Ампево оро – Малешевка/младински ансамбл
Во прилог ви го презентираме целиот концерт, снимен преку нашиот објектив:
Кичево
„Саншајн Кидс“ – Кичево со серија бесплатни работилници за еманципација и едукација во рамките на проектот #BeHerVoice.
Граѓанското здружение од Кичево „Саншајн Кидс“ Ве поканува да учествувате во уникатна серија работилници за еманципација и едукација организирани во рамките на проектот #BeHerVoice.
Овие работилници се отворени за жени од сите возрасти и се целосно бесплатни, со цел да поттикнат зајакнување, и тоа зајакнување на самодоверба и разбирање на правата на жените.
Што е #BeHerVoice?
#BeHerVoice е европски проект имплементиран во Патра (Центар Ерифили), Кичево (Sunshine Kids) и Софија (Балкански мост), финансиран од Европската Унија. Неговата главна цел е да ја подигне свеста, да обезбеди едукација и да ги зајакне жените за прашањата на родово базирано насилство.
Проектот содржи кампањи за подигање на свеста и едукативни работилници прилагодени за различни целни групи, од професионалци до пошироката јавност. Целта е да создаде безбеден простор каде жените ќе можат да се изразат, да се оспособат и да стекнат вештини за да се поддржат помеѓу себе и другите на кои им е потребна помош.
Зошто да учествувате?
Во безбедно и доверливо опкружување, ќе имате можност да:
– Ги разберете критичките концепти поврзани со родово-базираното насилство;
-Ги истражите и деконструирате стереотипите и митовите околу семејното насилство;
-Ги Препознаете вашите емоции и да ја зајакнете самодовербата;
-Научите како да управувате со критични ситуации со инклузивни комуникациски вештини и практични совети за помош;
-Се вклучите во процес на групна поддршка и зајакнување;
-Се стекнете со сертификат за учество во европски проект;
Распоред на работилницата;
Работилница 1: Вовед и концептуално појаснување на родовата дискриминација и семејното насилство
Работилница 2: Инклузивна јазична работилница и анализа на стереотипи и митови за насилството од интимни партнери.
Работилница 3: Препознавање емоции.
Работилница 4: Управување со емоции.
Работилница 5: Градење самодоверба.
Работилница 6: Работилница за искуствено читање.
Работилница 7: Изработка на план за бегство од навредливи врски.
Работилница 8: „Убавицата и ѕверот“ и завршна сесија
Како да се аплицира?
Местата се ограничени, а апликациите ќе се примаат до вторник, 28 јануари 2025 година. Пополнете го формуларот на овој линк ТУКА
Или контактирајте на телефонските броеви ☎️ 071/228-423 ☎️ 071/544-369 ☎️ 072/274-688
Кичево
Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Кичево.
Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите каде има појава на надминување на праг на алармирање.
СОГЛАСНО НАСТАНАТАТА СОСТОЈБА, ЗА КИЧЕВО ВАЖАТ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ:
- Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола
- Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати
- Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци
- Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила
- Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата
- Забрана на горење на отворено
- Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар
- Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот
- Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање
Кичево
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории
Дистрибутерот на „Жито Лукс АД“ – Скопје, водечката компанија во прехранбената индустрија, има потреба од вработување на дополнителен персонал за работа за реон на град Кичево. Имено, потребен е персонал за работа во следните категории:
- 2 слободни позиции: (Возач / Дистрибутер)
- 1 слободна позиција: (Администратор)
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работено со дистрибуција на леб. Работното време е од утрински часови до пладне. Вработените ќе бидат осигурани и со платени придонеси од првиот момент на работа, се разбира, додека нивните примања ќе бидат навремено исплаќани.
Кандидатите потребно е да имаат важечка возачка дозвола „Б“ – категорија, „Ц“ категорија понатаму ќе се смета за предност.
Сите вие, мотивирани, стабилни, флексибилни, способни за индивидуална и тимска работа, насочени да постигнете резултати, контактирајте за повеќе информации на тел бр ☎️ 076/395-648, испратете кратка биографија на Viber, ќе бидете контактирани и повикани на разговор.
Станете дел од големото семејство на „Жито Лукс АД“ – Скопје
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за сабота (25 јануари)
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
-
Кичево4 часа
„Саншајн Кидс“ – Кичево со серија бесплатни работилници за еманципација и едукација во рамките на проектот #BeHerVoice.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (24 јануари)
-
Македонија1 ден
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
-
Социјални мрежи22 часа
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари
-
Македонија11 часа
Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!
-
Временска прогноза7 часа
Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините