Следете не

Lifestyle

Купете „MAX“ велосипед за 500 денари месечно

Објавено пред

на

Кога едно финансиско друштво со една компанија која работи во сферата на трговија ќе препознаат шанса во која соработката ќе значи бенефит за крајните потрошувачи се раѓа пакет на производи кои се логичен след на таквата соработка.
СН Финансии е првата Финтек компaнија во Македонија основана пред 5 години со домашен капитал и за мошне кратко време,  одлично се позиционира на пазарот, каде што изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг. А Агротехна веќе 31 година е една од водечките компaнии за продажба на бела техника, акустика, апарати за домаќинство, мебел, велосипеди и се што е потребно на еден дом.

Петгодишната успешна соработка на овие два бренда, деновиве се круниса со настан во Битола, на кој беа презентирани нови погодности за кредитирање на купувачите, и тоа наменски насочени кон купувањето на велосипеди МАХ. Имено, Агротехна е компанија која е сопственик на брендот МАХ и отсега по мошне поволни услови, истите ќе можат да се купат на кредит, со месечна рата од само 500ден.

„Денес сме тука домаќини на еден настан кој е круна на 5 годишното работење со Агротехна.Практично со оваа комапнија работиме од првата година на нашето постоење. Тоа е вреден доказ зошто токму со оваа компанија имаме и шанса да развиваме посебни продукти за кредитирање на клиенти, иако веќе денес на нашата листа имаме 150 трговски партнери и синдикати со кои соработуваме„ – истакна м-р Томе Чагоровски менаџер за продажба и маркетинг.

СН финансии е компанија која е целосно орентирана кон клинетите и со евидентен стабилен и здрав раст во изминатите 5 години.Познати се по брзина и ефикасност. Одобрувањето на кредити се брои во минути.Она што особено ги поттикна двете компании со креирање на посебен продукт за кредитирање на граѓаните за велосипеди МАХ е придобивката која градовите и жителите во нив со возење на велосипеди ја добиваат. Се намалува загадувањето, се штеди, придобивки има и здравјето на тие што возат велосипед.

„Како основачи на брендот на велосипеди МАХ сакаме што повеќе наши граѓани да купат велосипед, со една цел, а таа е градовите да се профилираат во мапата на светски градови кои го поттикнуваат велосипедизмот.

Кај нас постои една нагорна тенденција за здрав живот и за еколошко живеење, но уште е тоа скромно. Сакаме што повеќе луѓе да бидат свесни за придобивките од возење на велосипед, особено на луѓе кои патуваат до и од работа на верниот пријател на две тркала. Нашата мисија е јасна, а во СН финансиско друштво најдовме партнер кој препознава зошто треба да се поддржи ваква иницијатива и со привлечно кредитирање, секој жител на Македонија да има шанса да си купи нов велосипед„ – истакна Влатко Марковиќ директор за големопродажба на Агротехна.

СН Финансии е една од водечките Финтек комапнии во овој дел од Европа, кои наметнаа дигитална револуција во онлајн кредитирањето. Компанијата е препознатлива и по сите свои проекти кои и го даваат епитетот на општествено-одговорна комапнија која ги поместува границите кога станува збор и за корпоративна култура, која е суштински темел на нејзиниот успех.

„Современиот пристап во креирање финансиски понуди за кредитирање според потребите и очекувањата на клиентите е она што го прави СН финансии препознатлива финтек компанија, поинаква од другите на пазарот. Наша цел е нашите клиенти да бидат нашето семејство, да мислиме на нивните потреби, но и да делуваме одговорно кон придобивките на начинот на живот кои ги лоцираме од здравствени до економски, социјални, еколошки….

Во Агротехна имаме долгогодишен партнер со кој имаме простор да креираме и посебни финансиски понуди во интерес на крајниот потрошувач„ – изјави Никола Јошевски генерален директор на СН финансии.

Купувајте урбани велосипеди МАХ за само 500 ден/месечна рата.Велосипедот треба да ни стане начин на живот.Бидете паметни, купувајте паметно, возете паметно…зошто само паметни луѓе ќе направат паметни градови.

Lifestyle

Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина

Објавено пред

на

Фото: Gurth Bramall @ unsplash
Фото: Gurth Bramall @ unsplash

Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен леплив слој. Иако садовите се темелно измиени, маснотијата како постојано да се враќа. Добрата вест е дека причината е јасна, а решението — едноставно.

Зошто садовите стануваат лепливи?

Според Лорен ДаСилва, менаџер во „All-Clad“, лепливоста се јавува поради хемиски процеси кои се активираат при готвење. Ниту еден материјал не е имун — дури ни висококвалитетните стаклени садови или садовите од не’рѓосувачки челик.

Главни причини за леплив слој:

  • Разградба на масла и масти на висока температура, кои се претвораат во полимеризиран леплив филм.

  • Пареа што носи микро-честички маснотии нагоре, кои се таложат на постудени површини — најчесто на капаците.

  • Прскања од храна, скроб и неправилно исплакнати детергенти, кои создаваат тврд, мазен и леплив слој.

Како да ги отстраните тврдокорните лепливи наслаги?

1. Сода бикарбона + сол + топла вода (универзален метод)

  • Измешајте сода бикарбона, сол и малку топла вода.

  • Нанесете ја смесата на лепливите делови.

  • Почекајте 3–5 минути.

  • Истријте со мека четка за заби и добро исплакнете.

2. Оцет + вода + сода бикарбона (само за нерѓосувачки челик)

  • Истурете вода и оцет во сооднос 1:1 во тавата.

  • Оставете да зоврие неколку минути.

  • Истурете ја течноста и почекајте тавата да се олади.

  • Додадете сода бикарбона на топлата (но не жешка) површина.

  • Истријте со неабразивен сунѓер.

Како да спречите повторно формирање на леплив слој?

Корисни навики за чисти садови:

  • Не потопувајте мрсни садови во полн мијалник – маслото се шири и се врзува за целата површина.

  • Користете квалитетен детергент со формула за тешки маснотии. Благи детергенти често оставаат филм што подоцна станува леплив.

  • Редовно чистете ги капаците и рачките, бидејќи таму најмногу се таложат маснотии од пареа.

Со овие едноставни совети можете да ги одржувате садовите чисти, без лепливи наслаги и без дополнителен стрес околу миењето.

Извор: index

Прочитај повеќе...

Lifestyle

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/tiktok/anatoly_pranks

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.

Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.

По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.

Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.

Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:

@anatoly_pranks

Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank

♬ original sound – ANATOLY

Прочитај повеќе...

Lifestyle

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Óscar Aguilar Elías

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.

Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.

Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.

За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.

ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили6 часа

Германија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година

Германија во 2026 година ќе забележи значителен раст на електричната мобилност. Според проценките на Националното здружение на автомобилската индустрија (VDA),...

Фото: Gurth Bramall @ unsplash Фото: Gurth Bramall @ unsplash
Lifestyle6 часа

Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина

Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин6 часа

Samsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година

Samsung One UI 8.5 пристигнува со освежен изглед инспириран од стилот на Liquid Glass интерфејсот на Apple — со позаоблени...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин6 часа

YouTube го уредува фидот на почетната страница

• Пронаоѓањето видео на YouTube што навистина одговара на вашите интереси често знае да биде предизвик. Платформата го препозна ова...

Технологија7 часа

„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг

Google Maps воведува новитет кој, за почеток само на iOS, автоматски ја препознава локацијата каде што сте го оставиле автомобилот...

Македонија8 часа

ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за среда (10 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое...

Македонија1 ден

На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!

Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари...

Македонија1 ден

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин1 ден

Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости

• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта...

НАЈЧИТАНИ