Lifestyle
🎵 „La Casa“ продолжува со најдобрите забави во градот, тридневна агенда на музички настани, резервациите се отворени

Почитувани, од кичевска „La Casa“ пристигна предстојната викенд агенда која не смеете да ја пропуштите, спремете се за тридневно музичко уживање на отворено, покрај базен до раните утрински часови, на добропознатата, стара локација, со нов модерен стил.
Многу забава и одличен проверен амбиент.
Четврток, одличните „Скадаралија“ после подолго време во Кичево:
Петок, вистинско време за урбана димензија на Hip Hop музика со мегапопуларниот македонски DJ K-105 со најновиот сет со full performance.
Сабота, дечките од „Скандал Састаф“ ќе бидат главните виновници за да ја заокружите вашата викенд агенда со хитови во живо и здравица!
Бројот на резервации е ограничен, така што навреме резервирајте го вашиот викенд престој на ☎️ 076/223-007, поради тековна припрема за нов помодерен стил на летниот дел од „La Casa“ Restaurant & Bar
Lifestyle
Смути наутро – да или не? Предности и недостатоци на популарниот појадок

Брзи сме, зафатени и постојано сме во движење – а смутито изгледа како совршено утринско спасение во чаша. Ставате банана, малку спанаќ, го завртувате блендерот и појадокот е готов. Но, дали е навистина доволно „јак“ за да издржиме до ручек? И дали е секогаш толку здрав како што изгледа на Инстаграм?
Смутијата станаа популарни уште пред години и сè уште се слават како брз и здрав појадок. Но со текот на времето, прашањата околу нивната вистинска корист сè повеќе излегуваат на површина.
Предности на смутито:
Смутијата се исклучително лесни за подготовка и можат да бидат богати со хранливи материи – ако се направени правилно. Комбинацијата од овошје, зеленчук, протеини, здрави масти и влакна создава избалансиран оброк што може да ве одржи сити подолго време.
Дополнително, смутито содржи повеќе овошје и зеленчук отколку што би изеле наеднаш. Тоа го прави одлично за хидратација и освежување, особено во лето – кога комбинација со мраз и кокосова вода звучи како мини СПА за стомакот.
Недостатоци што треба да се имаат на ум:
Главниот проблем е шеќерот. Дури и ако користите само овошје, комбинацијата од банана, манго и јагоди може да донесе и до 30–40 грама шеќер по порција. А ако додадете мед или засладено млеко, лесно може да премине во десерт, а не здрав појадок.
Друг чест проблем е што смутито не ве држи сити долго. Без доволно протеини и влакна, може да огладнете за два часа. Калориите исто така лесно се потценуваат – една банана, овесно млеко, путер од бадеми и протеин во прав брзо можат да надминат калориите на цел ручек.
И уште нешто – шеќерот и киселината во овошјето се штетни за забите. Ако пиете смути секое утро, исплакнете ја устата со вода или користете сламка.
Како да го направите смутито подобро:
-
Додадете протеини (грчки јогурт, растителни протеини)
-
Не претерувајте со овошје (максимум 1–2 вида)
-
Вклучете влакна (чиа, ленено семе, овес)
-
Внесете здрави масти (лажичка путер од кикирики или неколку бадеми)
Заклучок:
Смутијата можат да бидат одличен појадок – но само ако ги направите паметно. Ако ве држат сити, не предизвикуваат шеќерен пад и одговараат на вашето темпо – уживајте во нив. Но, ако сте повеќе за јајца и тост – тоа е исто така сосема во ред. Бидејќи најздравиот појадок е оној што ви одговара вам.
Извор: 6yka
Lifestyle
Како да ослабете без вежбање? Еве 13 начини

Иако слабеењето најчесто се поврзува со диета и физичка активност, постојат и ефикасни начини за губење тежина без вежбање.
Ако не ви е омилена теретаната, имате здравствени ограничувања или едноставно немате време – следниве 13 совети ќе ви помогнат да ослабете без напор.
1. Изберете свежа и непреработена храна
• Фокусирајте се на овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки, семиња и јаткасти плодови
• Избегнувајте преработена храна полна со шеќери и масти
• Две третини од чинијата нека бидат растителни намирници, остатокот – посни протеини и млечни производи
2. Внесувајте повеќе протеини и влакна
• Протеините градат мускули и даваат подолготрајно чувство на ситост
• Влакната го подобруваат варењето и го стабилизираат шеќерот во крвта
• Вклучете јајца, риба, мешунки, овошје и житарки во исхраната
3. Гответе дома што е можно почесто
• Дома имате контрола врз порциите и состојките
• Надворешните оброци често се калорични и со многу сол и масти
4. Купувајте паметно
• Направете список за пазарење додека сте сити
• Избегнувајте преработени закуски – носете јаткасти плодови или свежо овошје
• Не пазарете гладни
5. Пијте доволно вода
• Водата го намалува апетитот ако се пие пред јадење
• Ладната вода може да го забрза метаболизмот на краток рок
• Минимално 1.5–2 литри дневно
6. Избегнувајте калории од пијалоци
• Газирани пијалоци, засладени чаеви и алкохол содржат празни калории
• Пијте вода со лимон, незасладен чај или црно кафе
7. Јадете бавно и свесно
• Џвакајте темелно и направете пауза меѓу залакот
• Избегнувајте јадење пред екрани
• Така ќе препознаете кога сте сити и ќе избегнете прејадување
8. Користете помали чинии
• Помалите чинии создаваат илузија дека јадете повеќе
• Ова ви помага во контролата на порциите
9. Спијте доволно
• Недостатокот од сон го зголемува апетитот и желбата за слатки
• Спијте 7–9 часа дневно за хормонска рамнотежа
10. Намалете го стресот
• Стресот го зголемува хормонот кортизол кој поттикнува таложење масти
• Медитација, длабоко дишење и прошетки можат да помогнат
11. Консумирајте пробиотици
• Го балансираат варењето и ја подобруваат цревната флора
• Природни извори: јогурт, кефир, ферментирана храна
12. Следете го напредокот
• Важно е редовно да се мерите – еднаш неделно е доволно
• Водете евиденција за вашата тежина и исхрана
13. Препознајте го емоционалниот глад
• Јадењето поради досада, тага или стрес е честа навика
• Наместо храна, пробајте разговор, прошетка или водење дневник
Заклучок:
Слабеењето не мора да значи потење во теретана. Со овие едноставни навики, можете да постигнете резултати без напорни тренинзи – сè што ви треба е малку свесност и дисциплина во секојдневните избори.
Извор: krenizdravo
Lifestyle
Како настанал компирот? Откриен е неочекуван заеднички предок со доматот

Компирот е една од најпопуларните намирници на планетата. Без разлика дали е варен, печен или пржен, милиони луѓе секојдневно консумираат некаков облик на компир.
• Компирот е богат со:
-
Витамин Ц
-
Калиум
-
Влакна
-
Отпорен скроб (корисен за дигестивниот систем)
-
Природно е без глутен
• Се одгледуваат над 5.000 сорти компири низ целиот свет.
Потекло на компирот
• Потекнува од Андите во Јужна Америка, каде што првпат бил одгледан од древните цивилизации.
• Се проширил низ светот по 16 век, по доаѓањето на Европејците во Америка.
Научно откритие: Компирот и дивиот домат имаат заеднички предок
Во нова студија објавена во списанието Cell, научниците анализирале 450 геноми од култивирани компири и 56 геноми од диви видови. Откриле:
• Компирот потекнува од природно вкрстување пред околу 9 милиони години.
• Вкрстувањето се случило меѓу:
-
Растение од родот Etuberosum (сродник на компирот, без клубени)
-
Растение од родот див домат
• Овие растенија имале заеднички предок пред 14 милиони години, што овозможило создавање на нов хибрид.
Развој на клубени и прилагодување
• Гените што кај доматите создаваат плодови, кај компирот довеле до развој на клубени.
• Тоа му овозможило на компирот да преживее во сурови планински услови и да се прошири.
Значењето на компирот денес
• Компирот е еден од најважните прехранбени производи на човештвото, според геномскиот биолог Санвен Хуанг од Кинеската академија за земјоделски науки.
• Резултатите од истражувањето можат да помогнат во подобрување на одгледувањето на компири, особено во услови на климатски промени.
Извор: Dnevnik
-
Хроника4 часа
ЖАЛНА ВЕСТ: Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Чешка
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 август)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Вчера официјално заврши дводневниот музички настан во Кичево, каде домашните музички имиња беа дел од одличните гала вечери!
-
Македонија11 часа
СВР Охрид истакна детали за приведувањето на српскиот пејач
-
Македонија2 дена
Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за недела (4 август)
-
Спорт9 часа
Во петок започнува новата сезона на првата македонска фудбалска лига, првото дерби ќе се одигра во Тетово, подоцна Вардар го дочекува Пелистер
-
Lifestyle14 часа
Како да ослабете без вежбање? Еве 13 начини