Следете не

Кичево

La Casa викендов: За прв пат Дуото „Кико и Коки Бенд“ во живо и неповторливиот Алекса Петрески учесникот на „Ѕвезде гранда“

Објавено пред

на

Овој викенд кичевската ноќна-викенд програма ја надополнуваме со настаните од „La Casa – Ресторан и Бар

Петок 28 јануари: Алекса Петрески
Сабота 29 јануари: Кико и Коки Бенд во живо

Забавите започнуваат после 21:00 часот, така што поради ограничен број на места – резервирајте на време: 076/223-007

 

Кичево

(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес 08 август пред храмот „Св.Параскева“ позната како „Св.Петка“ во кичевското с.Мидинци се освети новиот Крст, симбол на нашата вера, надеж и вечен живот. Со голема желба, љубов и почит го дарува кичевчанецот Александар Велјаноски, наш пријател, кој потекнува од истото село.

Крстот е знак на победа над смртта, на љубовта Божја кон луѓето, денес го подигаме не само како духовен знак, туку како сведоштво дека нашата вера живее и се пренесува од поколение на поколение.

Голема благодарност изразуваме во име на црквата, селото и останатите до сите други кои помогнаа со своја работа, време, средства и љубов за реализација на овој чин. Вашиот придонес е духовен темел врз кој се гради заедницата, истакнаа мештаните на свечената манифестација одржана рано утрово во село Мидинци.

Инаку, Црквата „Св.Петка“ има богата и посебна историја. Нејзината првобитна локација била на повисоко место, но поради изградбата на железничката линија Скопје-Кичево, таа била преместена и повторно изградена далечната 1952 година, со помош на градежното претпријатие „Гранит“, а осветена била во 1963 година.

Денес на покана од г-дин Велјаноски бевме во посета на овој преубав храм, така што ТУКА направивме кратка видео репортажа во чест на големиот чин кој е за сите почести

За многу години!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта

Објавено пред

на

©porta.mk

ТППЕ Кичево и денес со полни раце работа, имено како што известуваат до нашиот медиум, околу 17ч добиле повик за итна интервенција во кичевското село Челопеци, каде горела површина со стрништа лоцирана близу до куќите.

Со едно противпожарно возило и четири пожарникари за среќа истиот бил брзо санкциониран.

Апел за поголемо внимание!

Прочитај повеќе...

Кичево

Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“

Објавено пред

на

©porta.mk

Викендов во Кичево, Секторот за внатрешни работи Охрид и ОВР Кичево, ја реализираа превентивната кампања „Соседска патрола“.

Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, од Советот на родители, новинари/медиуми и други претставници, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2025“, во Кичево, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.


Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања.

СВР Охрид / ОВР Кичево и претставници на медиумите

СВР Охрид / ОВР Кичево и претставници на медиумите

Практично мотивот е преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и  доследно да се почитуваат законските одредби, пред се од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за угостителска дејност и сл, за Порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за недела (10 август)

ОВЕН ЉУБОВ: Расположени сте за средба со личност која емотивно ве исполнува со убави мисли и позитивна енергија РАБОТА: Секогаш постои лесен...

Хроника6 часа

Трагедија на охридско езеро, жител на Бугарија при нуркање повеќе не излегол од водите на езерото

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т. (52) од Република Бугарија,...

Македонија11 часа

(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство

На 08.08.2025 година во  14:30 часот, при контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, полициски службеници...

Временска прогноза23 часа

Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд

Територијата во Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (9 август)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето

Денес 08 август пред храмот „Св.Параскева“ позната како „Св.Петка“ во кичевското с.Мидинци се освети новиот Крст, симбол на нашата вера,...

Култура1 ден

Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка

Денес се одбележува споменот на Преподобната маченичка Параскева, која во народот е позната и како Света Петка. Таа е родена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (8 август)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Македонија2 дена

РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, Регионалниот центар Запад, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, ПО...

Македонија2 дена

МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело...

НАЈЧИТАНИ