Следете не

Временска прогноза

Ладниот бран се поблиску до нашата држава, ова се последните метео вести

Објавено пред

на

Попладнево во Македонија на повеќе места дува силен ветер, над 60/70 км/час. Особено во Битола истиот носи кровови, а има и паднати дрвја. Пред да не зафати ладниот бран оваа ноќ, попладнево во Македонија имавме речиси пролетни температури на неколку места, а најтопло беше во Битола со измерени дури 19 степени.

Од друга страна пак, речиси целиот регион е под снежна покривка, што значи дека ладниот бран е се поблиску до нас, и во следните часови ќе започне да ја зафаќа нашата Македонија.

На повеќе места во регионот има минусни температури и појава на голомразица, информираше Славчо Попоски

АМСМ инфо предмалку:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.

Временска прогноза

Попоски овјави метео прогноза за 1- мај

Објавено пред

на

ФОТО: unsplash

За 1-ви мај, метео анализа која сите вас ве интерезира, ќе имаме многу постабилна атмосфера за разлика од сега, а ќе биде  и потопло со повисоки температури на воздухот. Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, но ќе биде ветровито и покрај тоа што ќе биде топло, односно, ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Сепак, во попладневните часови можна е ретка појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, но ова  и не би било нешто сериозно, што значи може да си го планирате празникот за на отворен простор  и за правење скара на отворено.

Инаку, температурите за 1-ви мај ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, утрово истакна Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Цела седмица честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи

Објавено пред

на

ФОТО: unsplash

Под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во нашата Република Македонија од денес (среда 23 април) па се до самиот крај на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.

Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град. Токму поради ова апелирам на поголема внимателност.

И во Скопје и околината следува период на многу променливо време со повремен дожд. Во делови од колтината ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие до крајот на оваа работна недела  ќе бидат без поголеми промени во однос на оние кои ги имаме сега, а постепено опаѓање на истите ќе има за време на викендот.

За време на овој нестабилно – влажен период локално во нашата Република Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 35 литри дожд), пренесува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од понеделник повторно нашата територија под влијание на циклонска активност која носи обилен дожд и електрични празнења

Објавено пред

на

ФОТО: NighthawStudio / Unsplash.com

Под влијание на циклонска активнот со центар над Медитеранот, од понеделник (21 април) па се до самиот крај на следната седмица (недела 27 април) во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината во текот на следната седмица ќе има честа појава на повремен дожд, кој во делови од котлината повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Температурите и покрај ова нема многу да се менуваат во однос на оние кои ги имаме сега, што значи ќе бидат пролетни, до рано – летни.

Да напоменам дека за време на овој влажен период, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 литри на метар квадратен дожд). Поради ова, можно е ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а можни се и локални поплавувања.

Исто така, апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворено како и под осамени дрвја. Во случај на појава пак на силен ветер, граѓаните да внимаваат каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не бидат во близина на дрвјата, предмалку истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (27 април)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Кичево15 часа

ОВР Кичево во текот на вчерашниот ден со полни раце работа!

На 25.04.2025 во 23.50 часот во угостителски објект  на булевар „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги приведоа...

Кичево16 часа

(ФОТО) „Атва Маркети“ во Кичево отвори нова пекара со највкусниот асортиман на бели пецива

Почитувани Потрошувачи, повелете и посетете ја новата пекара во АТВА МАРКЕТ 10 на ул. 11 Септември бр 76 каде ве...

Македонија16 часа

(ФОТО) СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби

СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби Отсекот за превенција при СВР Охрид, деновиве спроведува...

Временска прогноза18 часа

Попоски овјави метео прогноза за 1- мај

За 1-ви мај, метео анализа која сите вас ве интерезира, ќе имаме многу постабилна атмосфера за разлика од сега, а...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (26 април)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Спорт1 ден

Денес заседаваше УО при ФФМ, ОФС Охрид доби суспензија, донесени и низа одлуки

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени следните одлуки: Управниот одбор на ФФМ донесе...

Македонија1 ден

Кривична пријава против тројца полициски службеници од Полициската станица Кочани за пожарот во дискотеката Пулс

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Скопје1 ден

Лишен од слобода мотоциклист кој удри малолетничка во Скопје

Денеска (25.04.2025) полициски службеници го лишија од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон...

Кичево2 дена

На регионалниот пат Кичево-Осломеј вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу две пмв

На 24.04.2025 во 16.55 часот, на регионалниот пат Кичево-Осломеј, на влез во селото Мамудовци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко...

НАЈЧИТАНИ