Спорт
ЛЕБРОН НЕ БЕШЕ НЕЖЕН: Стјуарт доби осум конци (ВИДЕО)

Нови инциденти во НБА.
Тепачките и инцидентите стануваат навидум тренд во НБА. Најнов инцидент имавме можност да го видиме на натпреварот помеѓу Детроит и Лејкерс. Леброн Џејмс го удри по глава со лакто Исак Стјуарт, по што крвавото лице играчот на Постонс ја бркаше ѕвездата на Лејкерси низ теренот.
The Lakers and Pistons had to be separated multiple times after this play between LeBron and Isaiah Stewart. pic.twitter.com/im0o7fXeoI
— SportsCenter (@SportsCenter) November 22, 2021
-Кога го загубивме Ајзе (Стјуарт) болеше бидејќи бевме ослабени на таа позиција со таа висина. Кога другиот тим влезе да им даде одмор на овие момци, тогаш тие го презедоа моментумот и не можевме повеќе да се вратиме. Значи, знаете, и поразот може да биде добро искуство. Тоа беше тешка ситуација за Ајзе. Окото му било оштетено и отворено, па се налутил со причина. Мислам дека Леброн Џејмс не е валкан играч, но повторно, бидејќи тоа помогна да го прекинеме нашиот моментум што го имавме, влијаеше се покренат – изјави Кејси.
Тренерот на Детроит Пистонс одговори дали Исаја Стјуарт треба да добие поголема казна.
– Не треба да се соочува со ништо. Не го напушти теренот кога требаше, за тоа треба да одлучи НБА, но човекот доби осум конци, не е важно колку конци ќе има на неговото лице. Мислам дека не знаеше кој го удри. Но, знаете, не гледам причина Лигата да реагира, освен затоа што не го напушти теренот кога требаше. Затоа мислам дека беше исфрлен од игра. За мене тоа е доволна казна – изјави Кејси.
Комесарот и челниците на НБА се на потег.
Извор: SD
Фото: Profimedia
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
Спорт
Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.
Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.
Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.
Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.
Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.
Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.
Честито Ноле!
-
Кичево2 дена
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (15 јули)
-
Кичево1 ден
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Временска прогноза17 часа
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?
-
Македонија1 ден
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Македонија2 дена
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за среда (16 јули)
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица