Скопје
Лишен од слобода мотоциклист кој удри малолетничка во Скопје

Денеска (25.04.2025) полициски службеници го лишија од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче.
Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ј.О. ќе биде поднесена соодветна пријава, вели МВР.
Скопје
В недела во Скопје посебен режим на сообраќај поради велосипедска трка

На 18.05.2025 (недела) во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 09:45 часот со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение право по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски Крст“) и траса на движење на планинарите со почеток во 10:00 часот од пред О.У.„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно по планинската патека кон Средно Водно, од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски крст“) во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, вели МВР.
Скопје
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем

На 16.05.2025 во Скопје, по добиена судска наредба, полициски службеници од Секторот за комјутерски криминал извршија претрес во дом и други простории кај Л.К. (21) од Скопје, по претходно спроведена истрага поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување” казниво по член 271 од КЗ, кривично дело „компјутерски фалсификат” казниво по член 279-а од КЗ, кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ казниво по член 149 од КЗ и кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ казниво по чл.251 од КЗ.
При претресот пронајдени се и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптоп компјутери, пет усб стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра, уплатници и исплатници, како и фалсификувани паркинг налози од ЈП Паркинзи на општина Центар и полициски картички со логото на МВР.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, истакна МВР.
Скопје
МВР со детали во врска со информацијата за поставена бомба во салата Јане Сандански

Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба.
Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани.
Во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот концертот ќе продолжи, информира МВР.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Кичево18 часа
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (17 мај)
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за недела (18 мај)
-
Скопје2 дена
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем
-
Временска прогноза2 дена
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации
-
Временска прогноза1 ден
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски
-
Временска прогноза1 ден
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени