Кичево
Лошо, вчера две малолетни девојчиња од Кичево каснати од кучиња скитници

На 15.09.2022 година, А.Х. од Кичево во полициска станица пријавил дека неговата малолетна ќерка на улица „Мемедалија Велиоски“ во Кичево била касната од куче скитник.
Истиот ден, М.Д.(40) пријавил дека неговата малолетна ќерка на улица „4 јули“ во Кичево била касната од куче скитник, за Порта извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Денес се навршуваат 80 години од првото македонско училиште во с.Подвис – кичевско

На денешен ден пред точно 80 години (23-ти септември) 1943 г. во кичевското село Подвис започнало да работи првото училиште на македонски јазик на ослободена територија.
Денес е останата само урнатина, зарастена во трње и грмушки, а дотаму не може да се стигне со возило, иако оваа зграда е оддалечена само еден километар од магистралниот пат Кичево – Охрид
Да не се заборави ова значајно историско место, иако за негова ревитализација одамна културолошки е надвор од плановите на било која гарнитура.
Од тука произлага легендарната:
“Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик .
И ќе си се поздравуваме на македонски јазик!”
ВАСИЛКО РИСТЕСКИ с.Подвис, кичевско, 23 септември 1943 година.
Кичево
(ФОТО) Најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ денес во Кичево по повод „Светскиот ден без автомобили“ дефилираа со „тротинети“

Денес 22-ри септември во еко-календарот е „Светскиот ден без автомобили“, покрај тоа што е гласник и почеток на есента, важно е да се каже дека автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот и тие испуштаат чад што е многу штетен за здравјето на луѓето и за целата природа.
Традиционално по тој повод најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ облечени во бели маички и капчиња, заедно со клонови групи од 5 до 6 годинки во голем број продефилираа низ кичевските улици со „тротинети“ украсени со најразлични пораки со кои уште еднаш ги потсетија учесниците во сообраќај за важноста на овој ден.
На покана од градинката овој настан го проследивме со големо внимание и истиот Ви го пренесуваме преку фотографија, доколку истата сакате да ја имате, пишете ни на нашата официјална фејсбук фан страна.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ во Кичево вчера и денес посетен од рекорден број на верници по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба вчера вечер и денес се разбира, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ беше посетен од рекорден број на верници, како предвесник на денешниот патрон празник Рождество на Мајката Божја, или кај народот позната како „Мала Богородица“.
Исто така вчерашниот ден беше посебен бидејќи една од искушеничките се замонаши и го доби своето монашко име „Теодосија“, додека денес Манастирскиот кум Горан Стојкоски послужи манастирски ручек и во исто време изврши примопредавање на кумството до новиот кум.
Неколку фотографии преку нашиот објектив, кој го одбележаа овој прекрасен ден
За многу години!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (25 септември)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (26 септември)
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена
-
На денешен ден16 часа
На денешен ден (26 септември)
-
Спорт1 ден
Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров
-
Магазин1 ден
Facebook сега ви овозможува да креирате повеќе лични профили
-
Магазин1 ден
На првиот тест за издржливост, iPhone 15 Pro покажа дека не е толку отпорен и покрај титаниумскиот дизајн
-
Спорт6 часа
Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари