Следете не

Свет

Луѓето во светот се најзагрижени за пандемијата

Објавено пред

на

Анкетната агенција Ипсос спроведе анкета, прашувајќи ги луѓето што ги загрижува најмногу. Истражувањето, чии резултати беа објавени и на Светскиот економски форум (СЕФ), опфати 19.000 возрасни лица од 28 земји. Како што се очекуваше, пандемијата на коронавирус е од најголема грижа.

Следуваат невработеност, сиромаштија и социјална нееднаквост. Политичката и финансиската корупција се меѓу најчестите причини за загриженост.

Изненадувачки, само 15 проценти од испитаниците се загрижени за климатските промени.

Германците се најзагрижени за климатските промени, 36 проценти, потоа Канаѓаните и Австралијците, 31 проценти.

Повеќето испитаници се песимисти кога станува збор за начинот на управување со нивната земја. Повеќе од 64 проценти од нив веруваат дека земјата се води во погрешна насока. Бројот на оние што мислат така е зголемен во споредба со јануари годинава, кога беа 62 проценти и август минатата година, кога имаше 57 проценти.

Од јули оваа година, оптимизмот најостро падна во Велика Британија, Израел, Турција, Полска, САД, Германија и Канада.

Извор: rtcg
Фото: Unsplash

Свет

Најстариот активен американски астронаут Дон Петит се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица (ISS) на својот 70-ти роденден.

Објавено пред

на

ФОТО: Niketh Vellanki @thenikyv / Unsplash.com

Вселенската капсула Сојуз МС-26, која ги превезуваше Петит и неговите руски колеги Алексеј Овчинин и Иван Вагнер, падна со падобран во степата на Казахстан денеска во 6:20 часот по локално време, пренесува „Би-Би-Си“.

Сепак, тој не е најстариот човек кој полетал во вселената, бидејќи тој рекорд го држи Џон Глен, кој учествувал во мисијата на НАСА во 1998 година на 77-годишна возраст.
Глен почина во 2016 година.

Астронаутите поминале 220 дена на ISS и за тоа време орбитирале околу Земјата 3.520 пати, објави американската вселенска агенција НАСА, наведувајќи дека ова е четврта мисија за Петит, кој досега поминал вкупно 590 дена во вселената.

Петит, кој е роден во Орегон на 20 април 1955 година, ќе биде пренесен во Хјустон, Тексас, додека Овчинин и Вагнер ќе одат во главната руска база за обука на космонаути во Звјоздни Городок (Ѕвезден град) во близина на Москва.

Извор: 021.rs

Прочитај повеќе...

Свет

Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид

Објавено пред

на

За прв пат во историјата, научниците успеаја да вратат во живот изумрен вид – страшниот волк (Aenocyon dirus), предатор кој исчезнал пред околу 12.500 години. Постигнувањето е дело на биотехнолошката компанија Colossal Biosciences од Далас, која го соопшти раѓањето на три младенчиња, создадени со античка ДНК, клонирање и технологија за уредување на гени.

Како изгледаат новите „стари“ волци?

    • Два од младенчињата добиле имиња Ромул и Рем, и се родени на 1 октомври 2024 година.

  • Се работи за хибриден вид што изгледа како изумрениот страшен волк, но генетски се базира на сивиот волк, неговиот најблизок современ роднина.

  • Новите волци имаат пошироки глави, густо светло крзно и посилни вилици, слично на описите од фосилите на нивните праисториски претци.

Научен пробив

  • Генетичарите користеле ДНК од заб стар 13.000 години и череп стар 72.000 години, комбинирајќи ја со технологијата CRISPR за да создадат функционален геном.

  • Со CRISPR се отстранети одредени генски варијанти кај сивиот волк, а заменети со оние карактеристични за страшниот волк.

Нов дом под строга контрола

  • Тројцата волци се сместени на површина од 2.000 хектари, чиешто точно место не е откриено.

  • Областа е заштитена со ограда висока три метри, безбедносен персонал, дронови и надзорни камери.

Што значи ова за иднината?

  • „Оваа пресвртница е само првата од многуте кои докажуваат дека нашите технологии за ‘враќање на изумреното’ функционираат,“ изјави Бен Лам, ко-основач и извршен директор на Colossal.

  • Компанијата работи и на враќање на други изумрени видови, како мамути, со надеж дека ваквите проекти ќе помогнат и за обновување на екосистеми.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Свет

Најпознатата интернет платформа „YouTube“ изрази сочувство за настраданите во Кочани, Македонија

Објавено пред

на

Најпознатата интернет платформа „YouTube“ на сите корисници кои ќе пристапат од македонски IP адреси изразува сочувство за настраданите во страшната несреќа во Кочани. Пред се голем гест и почит за своите корисници.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено...

Хроника10 часа

Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради...

Скопје10 часа

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Хороскоп21 час

Хороскоп за недела (11 мај)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

Здравје и убавина22 часа

Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје

Забите можат да бидат добар показател за проблемите во вашето тело. Внимавајте на здравјето на усната шуплина бидејќи секоја промена...

Македонија1 ден

Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила

На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на...

Македонија1 ден

ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода...

Временска прогноза1 ден

Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (10 мај)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Скопје2 дена

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична...

НАЈЧИТАНИ