Македонија
Од денес стартува голема наградна игра со „ЛУКОИЛ Македонија“, главна награда „Hyundai Venue“
ЛУКОИЛ наградна игра – “Играј за Hyundai Venue и 120 други награди за патување и кампување”.
Учество во наградната игра можат да земат сите потрошувачи на „ЛУКОИЛ Македонија”, кои во периодот на времетраење на наградната игра ќе направат сметка во вредност од најмалку 1000 денари и ќе испратат СМС порака на бројот 142 241, со следнава содржина: БРОЈ НА ФИСКАЛНА СМЕТКА (празно место) ДАТУМ НА ИЗДАВАЊЕ (празно место) ВРЕМЕ НА ИЗДАВАЊЕ (пример на формат за СМС порака:12345 15.05 16:03:23).
Најсреќниот добитник ќе вози Hyundai Venue, но има уште 120 други награди за патување и кампување кои ќе припаднат во рацете на среќните добитници, како СУП даски, кровни куфери, шатори, лулашки, маси за кампување, торби за ладење и ваучери за ЕКТО гориво.
Извлекувањето ќе биде по случаен избор, еднаш во месецот, при што ќе се доделуваат награди за среќните корисници, додека, пак, на последното извлекување на 18.12.2023 година ќе биде извлечен добитникот/чката на главната награда – возило Hyundai Venue.
Наградната игра трае од 15.06.2023 година до 15.12.2023 година, истакнаа од Лукоил Македонија, реномиран бренд кој е долги години на пазарот во Македонија со докажан квалитет.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт2 денаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
-
Здравје и убавина17 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
