Технологија
Мајкрософт поправи рекорден број безбедносни проблеми

Мајкрософт официјално испорача рекорден број безбедносни ажурирања за своите производи, а компанијата ги окарактеризира овие ажурирања како критични. Според компанијата, дури 147 безбедносни пропусти биле поправени во средината на неделата.
Меѓу нив, три се во Microsoft Defender за IoT, а два од нив се карактеризираат како високоризични.
Мајкрософт вели дека ниту една од овие пропусти не била експлоатирана и користена за малициозен софтвер, но компанијата не објави никакви детали за самите пропусти.
Најголемиот број пропусти се однесуваат на далечинско активирање на код (RCE), SQL Server, DHCP и DNS сервери, како и Secure Boot. Кога станува збор за интернет прелистувачите, ажурирањето поправи некои проблеми за Edge, пренесува b92.net
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
Магазин
Google Play Games добива нови профили со статистика и социјални функции

Google најави големо ажурирање на својата услуга Play Games за Android уредите. Новите промени ќе донесат поинформативни кориснички профили, детална статистика и социјални алатки за поврзување на играчите.
Што носи ажурирањето?
-
Детална статистика – корисниците ќе можат да го следат својот напредок во игрите.
-
Достигнувања – профилите ќе прикажуваат отклучени награди и успеси.
-
Социјални функции – нови опции за градење заедница и полесно поврзување со други играчи.
-
Персонализација – можност за прилагодување на корисничкиот профил.
Датум на достапност
-
23 септември 2025 – ажурирањето започнува автоматски во повеќето региони.
-
1 октомври 2025 – корисниците во Европската Унија и Обединетото Кралство ќе ја добијат надградбата.
-
Google ќе извести преку е-пошта за сите промени.
Интеграција со Google Play Store
-
Новите профили ќе бидат директно интегрирани во Google Play Store, што значи дека нема повеќе потреба од користење на посебни апликации за управување со гејмерскиот идентитет.
-
Ова унифицирано решение ќе создаде централизирано место за сите гејмерски активности на мобилните уреди.
Сличности со други платформи
-
Концептот е сличен на начинот на кој Steam со години ги прикажува профилите, историјата на игри и достигнувањата на играчите.
-
Целта е полесна интеракција меѓу корисниците и поттикнување на споделувањето на успеси во игрите.
Извор: Bug
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (9 септември)
-
Македонија1 ден
МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за среда (10 септември)
-
Временска прогноза2 дена
Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи
-
Македонија4 часа
(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога
-
Спорт1 ден
Англиската репрезентација со четири победи вечерва со фаворитски статус во Белград пред Србија
-
Македонија1 ден
Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Временска прогноза10 часа
Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд