Следете не

Спорт

Македонија до 15 години во фудбал води против репрезентацијата на Косово во гости, во финишот на првото полувреме

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/youtube/livestream/FFK

Македонската репрезентација до 15 години од 15-та минута води во натпреварот во гости против репрезентацијата на Косово со 0:1. Нашиот тим на млади надежи комплетно ја преземаат контролата на теренот и може да се каже дека доминираат, иако домаќините имаа неколку добри шанси за погодок.

Во првиот состав, дресот со број 10 го носи нашиот интернационалец од редовите на „ФК Кичево“ – Борис Матески, кој за сега маестрално ја користи довербата на селекторот.

Фудбалската федерација на Косово овој натпревар го пренесува во живо:

Спорт

Фудбалерот на „PSG“ – Дембеле е добитник на „Златната топка“ за најдобар играч на светот за 2024/2025

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, е новиот носител на престижната награда „Златна топка“ за најдобар играч на светот во сезоната 2024/25. Церемонијата се одржа вчера во Париз, каде што францускиот репрезентативец ја доби наградата од рацете на легендарниот Роналдињо.

Дембеле имаше блескава сезона во која со ПСЖ ги освои сите можни трофеи: Лигата на шампионите, Француското првенство, Купот на Франција и УЕФА Суперкупот. Со овој успех тој заслужено стигна до најголемото индивидуално признание во фудбалот.

Конкуренција и рангирање

Зад Дембеле во изборот останаа неколку од најдобрите светски фудбалери:

Ламине Џамал (Барселона) – второ место

Витињо (ПСЖ) – трето место

Мохамед Салах (Ливерпул) – четврто место

Во првата десетка се најдоа и Рафиња (Барселона), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Кол Палмер (Челзи), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Нуно Мендеш (ПСЖ) и Ашраф Хакими (ПСЖ).

Женска „Златна топка“

Кај дамите, Аитана Бонмати од Барселона ја освои „Златната топка“ по втор пат по ред. Таа триумфираше пред својата клупска и репрезентативна соиграчка Марион Калдентеј и Англичанката Алесија Русо. Со ова Бонмати ја потврди својата доминација во светскиот женски фудбал.

Други индивидуални признанија

  • „Копа“ трофеј за најдобар млад играч: Ламине Џамал (Барселона), кој ја добива оваа награда втора година по ред. Во женска конкуренција ја освои 19-годишната Вики Лопез, исто така од Барселона.
  • „Герд Милер“ за најдобар стрелец: Виктор Џекерс (Арсенал) со неверојатни 54 гола за Спортинг Лисабон. Кај жените наградата замина кај Ева Пајор од Барселона.
  • „Јашин“ за најдобар голман: Џанлуиџи Донарума, кој летово премина во Манчестер Сити, а кај жените – Хана Хемптон од Челзи.
  • „Јохан Кројф“ за најдобар тренер: Луис Енрике (ПСЖ) и Сарина Вигман (селекторка на Англија).
  • „Сократес“ награда: Фондацијата Хана, основана од Луис Енрике во чест на неговата ќерка, за нејзината посветеност на поддршка на деца со тешки заболувања.

Тимски признанија

Најуспешен машки клуб: Пари Сен Жермен, благодарение на историската прва титула во Лигата на шампионите и уште три домашни трофеи.

Најуспешен женски клуб: Арсенал, кој го освои Европскиот куп и заврши втор во англиската Премиер лига.

Инаку оваа престижна манифестација „Златна топка“ е индивидуално фудбалско признание кое се доделува од 1956 година од страна на списанието „Франс Фудбал“. Од 2018 наградата се доделува и во женска конкуренција. Од оваа година, организацијата на церемонијата е заедничка со УЕФА и француското спортско списание „Екип“.

Со новите лауреати, 2025 година влезе во историјата како сезона во која ПСЖ и Барселона доминираа во светскиот фудбал – и во машка, и во женска конкуренција.

Прочитај повеќе...

Спорт

Одличен старт за „ФК Кичево“ во новата сезона на Детската фудбалска лига на ФФМ, нашите момчиња се вратија со победа од Струга

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес во Струга, нашите момчиња од „ФК Кичево“ ја започнаа новата сезона во Детската лига при ФФМ!

Генерацијата 2014 блескаше со одлична игра и победи против екипата „Ултрас Кидс“. Стрелци:

Давид Мицески (x2)
Дамјан Ѓорески (x1)
Кристијан Николоски (x1)

Вистинско шоу направија и најмалите – генерацијата 2016/17, кои денес дебитираа со својот прв официјален натпревар. Иако резултатот не беше во наша полза, радоста по голот на Давид Јованоски беше неопислива!

Следниот викенд продолжуваме со уште повеќе возбуда и нови предизвици!

Напред!

Прочитај повеќе...

Спорт

Ливерпул единствениот тим со 5 од 5 во Премиер лигата, денес падна и Евертон

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Ливерпул извојува победа над Евертон со 2-1 во градското дерби, одиграно во рамките на петтото коло од Премиер лигата.

„Црвените“ го обезбедија триумфот уште во првиот дел со два погодоци, но Евертон се врати во игра во второто полувреме и внесе неизвесност до самиот финиш.

И покрај притисокот на „карамелите“ во завршницата, Ливерпул успеа да ја сочува предноста и остана единствениот тим со максимални 15 бода од првите пет средби. Екипата на Арне Слот е лидер во шампионатот, додека Евертон се наоѓа на седмата позиција со освоени седум бода.

Првиот гол падна во 10-тата минута – Мохамед Салах беше фаулиран, а од таа акција Гравенберх погоди за 1-0. Иако Ливерпул не создаваше многу шанси, сепак вториот удар кон голот донесе и втор погодок. Во 29-тата минута, Етиките стрелаше за 2-0, а асистент повторно беше Гравенберх.

Евертон намали во 58-та минута, кога Ндијаје одлично пронајде Гуеје, кој ја затресе мрежата на Алисон и постави 2-1. До крајот следуваше вистинска борба, но домаќините не дозволија изненадување и ги задржаа бодовите.

Во наредното коло, Ливерпул ќе гостува кај Кристал Палас, додека Евертон ќе игра пред своја публика против Вест Хем.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје8 часа

МВР: Старец во с.Љубин бил пронајден починат во неговиот дом, лекар на итна медицинска помош констатирал смрт

На 22.09.2025 во 17:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека во неговиот дом во с.Љубин, скопско бил пронајден починат...

Спорт8 часа

Македонија до 15 години во фудбал води против репрезентацијата на Косово во гости, во финишот на првото полувреме

Македонската репрезентација до 15 години од 15-та минута води во натпреварот во гости против репрезентацијата на Косово со 0:1. Нашиот...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин10 часа

Android 16 пристигнува на најмоќните телефони на Samsung

Samsung започна со дистрибуција на големото ажурирање One UI 8, базирано на Android 16, за серијата Galaxy S24 и сите...

Фото: Andreas Haslinger @ unsplash Фото: Andreas Haslinger @ unsplash
Магазин10 часа

Колку време е навистина потребно за полнење на Android и iPhone телефони?

Со зголемувањето на популарноста на брзото и безжичното полнење, времето за полнење денес е побрзо и попрактично од кога било....

Фото: NordWood Themes @ unsplash Фото: NordWood Themes @ unsplash
Магазин10 часа

Телефонот работи бавно? Забрзај го со три лесни чекори!

Дали вашиот Android телефон станал поспор со тек на време? Не сте сами – кај паметните телефони, почетната брзина и...

Скопје12 часа

АМСМ: Од утре започнуваат градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2 – обиколница Скопје, ќе трае четири месеци

Од утре 24.09.2025 год, ќе се започне со градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат...

Спорт13 часа

Фудбалерот на „PSG“ – Дембеле е добитник на „Златната топка“ за најдобар играч на светот за 2024/2025

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, е новиот носител на престижната награда „Златна топка“ за најдобар играч на светот...

Мобилни уреди13 часа

Новиот процесор за мобилни телефони на „Qualcomm“ ќе се вика „Snapdragon 8 Elite Gen 5“

Qualcomm најави дека неговиот следен водечки мобилен процесор ќе се вика Snapdragon 8 Elite Gen 5 – име што може...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за вторник (23 септември)

Овен Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Додека во прашањето поврзано со работата воглавно ќе бидете...

Кичево1 ден

Кичево: За среќа само материјална штета од сообраќајката на кружен тек кај „Автобуска станица“

Предмалку сообраќајка се случила на влез на град Кичево, односно во близина на „Автобуска станица“. Според очевидци, учествувале пмв. „Голф“ ...

НАЈЧИТАНИ