Спорт
Македонија до 17 години славеше убедлива победа од 3:0 над Кипар на првата средба, имаме младина која ветува многу!
Младата репрезентација на Македонија до 17 години, денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар. Во Струмица, избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа одличен меч, беа подобри од противникот во текот на сите 90. минути и сосема заслужено успеаа да издвојат убедлива победа со 3:0.
Уште на стартот на натпреварот, Македонија наметна иницијатива и создаваше можности пред противничкиот гол. Подобрата игра ја крунисавме со постигнување на погодок во 26. минута од средбата. Стрелен на водечкиот гол за нашите млади фудбалери беше Албион Муслиу. Марко Киш во 33. минута постигнува нов гол за предност на полувремето од 2:0 за Македонија.
Во продолжението, на самиот старт, нов погодок за Македонија. Во 47. минута Адмир Латифи постигнува погодок и ги поставува конечните 3:0.
Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Никола Ангелов, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Адмир Латифи, Каменчно Андоновски, Хисар Али, Марко Киш, Албион Муслиу, Един Етоски
Селектор: Дашмир Беари
Втората контролна средба овие две селекции ќе ја одиграат на 24 август.
Целиот натпревар проследете го на официјалниот јутјуб канал на Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
УЕФА денес соопшти дека најостро го осудува физичкиот напад кон претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, повика на брза и темелна истрага
УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Имено како што стои во соопштението, УЕФА ги повикува локалните власти да спроведат брза и темелна истрага.
– Заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следиме ситуацијата во северномакедонската фудбалска заедница за да обезбедиме федерацијата да остане ослободена од какво било мешање, во согласност со Статутот на УЕФА и ФИФА, и континуирано ќе проценуваме дали се потребни дополнителни активности.
– Заедничка делегација на ФИФА/УЕФА наскоро ќе отпатува во Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, со што ќе се погрижи независноста на ФФМ да се одржи и почитува.
Извор: UEFA
Спорт
Вардар против Тиквеш, Струга ТЛ против Македонија ЃП, додека Пелистер ќе игра против Детонит во осминафиналето на Купот на Македонија
Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, Комисијата за натпревари ја одржа ждребката со која беа извлечени паровите за 1/8 финалето од Купот на Македонија.
Двојките за 1/8 финалето од Купот на Македонија се следните:
А.П. Брера – Беса
Вардар – Тиквеш
Гостивар – Брегалница
Пелистер – Детонит Плачковица
Шкендија – Шкендија Арачиново
Струга Трим Љум – Македонија Ѓ.П.
Силекс – Шкупи
Аресими – Воска Спорт
Извор: ФФМ
Спорт
Ова се критериумите за конкурс за „УЕФА A“ Фитнес диплома – Г.1
Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА Фитнес А курс објавени во детали во документот подолу (прикачен), како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.
Ве информираме дека едукативниот центар при ФФМ отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Фитнес А курс.
За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот онлајн прашалник кој е отворен најдоцна до 13.10.2024 (24:00ч). По овој датум, прашалниците автоматски стануваат неактивни и конкурсот завршен, а понатамошната комуникација во врска со курсот ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот. ФФМ го задржува правото да конкурсот биде затворен и порано од наведениот краен рок.

Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА Фитнес курс.
Линк за пријава на УЕФА ФИТНЕС А курс (Модул 1 од 5 до 9.11.2024 / ФФМ-Скопје) во прикачениот документ.
За можни нејаснотии или дополнителни прашања пред апликација, можете да се обратите на следните е-маил адреси:

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА УЕФА ФИТНЕС А КУРС ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕ НА ФФМ_01.10.2024.pdf
Стои во интегралното соопштение на Фудбалската федерација на Македонија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 октомври)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за сабота (5 октомври)
-
Кичево11 часа
Во вторник по трет пат во Кичево ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“, кои ќе приредат вистинско уживање во звуците на познатите великани во класичната музика
-
Временска прогноза2 дена
Циклонска активност викендов носи врнежи од дожд
-
Македонија1 ден
(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“
-
Магазин1 ден
Spotify: Слушање музика дури и без интернет конекција
-
Магазин1 ден
Корисниците на Android менуваат телефони почесто од сопствениците на iPhone
-
Спорт1 ден
Вардар против Тиквеш, Струга ТЛ против Македонија ЃП, додека Пелистер ќе игра против Детонит во осминафиналето на Купот на Македонија