Спорт
Македонија до 19 години од негатива два гола до пресврт и голема победа против своите врсници од Кипар

Младата репрезентација на Македонија до 19 години во еден интересен натпревар, со многу возбудување и пресврти, успеа да забележи минимална победа со 3:2 над соодветната селекција на Кипар во рамките на вториот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции.
Нашите млади фудбалери по првите 26. минути од средбата имаа негатива од два гола, но до крајот на средбата направија комплетен пресврт, постигнаа 3 погодоци и сосема заслужено успеаа да слават победа.
Најпрвин Шабан Зенку во 40. минута успеа да го намали водството на противникот. Со негатива од еден погодок се замина на полувреме.
Во продолжението од мечот, Македонија одигра одлично, создаваше можности и во последните осум минути од средбата успеа да го скрши отпорот на противникот. Во 83. минута Зани Назифи погоди за 2:2. Во 90. минута, Марко Стоилевски погоди за победа и голема радост на Македонија.
Македонија: Стефан Тасев, Максим Милошевски, Давор Серафимов, Ардијан Османи, Суфијан Чајани, Матеј Ангелов, Мартин Горгиевски, Леон Тасов, Дашмир Елези, Шабан Зенку, Михаил Талевски;
Селектор: Неџат Шабани
Додека младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра нерешено против Саудиска Арабија го заокружи контролниот турнир што се одигра во Свети Мартин, на Мура, Хрватска.
Нашата млада селекција одигра квалитетен натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија, која на овој меч настапи со играчи до 23 години. Крајниот резултат беше 1:1.
Одличната форма и на овој натпревар ја потврди Марио Илиевски, кој беше стрелец на единствениот погодок за Македонија.
Првата посериозна прилика за избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја имаше Методи Максимов, кој по одличниот продор по десната страна биеше покрај голот на противникот. Лука Станковски пропушти прилика од пенал да и донесе предност на нашата селекција, противничкиот голман успеа да го скроти ударот од 11 метри. Во последната минута од првиот дел Саудиска Арабија со гол од пенал стигна до предност од 1:0.
Во продолжението, Македонија одигра уште поофанзивно и поконкретно по голот на противникот. Тоа на крај резултираше со погодок на Марио Илиевски во 60. минута за конечни 1:1.
Во првиот меч од контролниот турнир во Хрватска, Македонија до 21 славеше победа над Албанија со 3:1.
Македонија: Иван Николоски, Аган Мјаки, Стефан Деспотовски, Андреј Стојчевски, Кристијан Тасевски, Иван Николов, Алекс Златков, Методи Максимов, Бехар Фета, Љуан Абази;
Селектор: Драги Канатларовски
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.
– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА
Нека е со среќа!
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот