Следете не

Спорт

Македонија до 19 години загуби од Германија на квалификацискиот турнир во Полска, во последното коло ќе се соочиме со Казахстан

Објавено пред

на

©ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 19 години во еден интересен, возбудлив и отворен натпревар беше поразена од соодветната селекција на Германија, во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир што се одржува во Полска за пласман во елитната фаза квалификации.

Нашите млади фудбалери одигра нов добар меч, одлично и парираа во поголемиот дел од средбата на силната Германија, која е апсолутен фаворит во нашата група.

По првите 45. минута мрежите мируваа. Двете репрезентации пропуштија неколку добри можности за постигнување на погодок.

Во продолжението од квалификацискиот дуел беа постигнати сите 4 погодоци. Во 57. минута Германија го отвори разултатот. Пејчиновиќ беше стрелец на водечкиот погодок за својата селекција. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски во 63. минута постигнуваат погодок за израмнување на резултатот против големиот фаворит. Стрелец на погодокот за Македонија беше Ѓорѓиевски. Само четири минути подоцна, Германија преку Бишоф доаѓа до нова предност. Во 75. минута Бишоф постигнува нов погодок и ги поставува конечните 3:1 за Германија на денешната средба.

Македонија: Џеков, Аризанковски, Марковски, Стојилевски, Џеков, Николовси, Зенделовски, Ѓорѓиевски, Елмас, Назифи, Данев

Селектор: Тони Јакимовски

Во вториот натпревар од нашата група 5, домаќинот, репрезентацијата на Полска издвојува победа со 3:0 над Казахстан.

Во последното коло од турнирот за пласман во елитната фаза квалификации ќе се соочиме со селекцијата на Казахстан, на 17. октомври во 15:30.

Спорт

Истакнат распоред и термини за официјалните мечеви на соседна Србија за Европското првенство, во првиот меч игра против „пеколната“ Англија

Објавено пред

на

UEFA ги објави и распоредите за сите натпревари на претстојното Европско првенство во Германија следната година. По ждрепката нашите соседи Србија се пласираа во групата Ц заедно со Англија, Данска и Словенија.

Првиот меч, познато е од вчера, избраниците на Стојковиќ на 16. јуни го играат во Гелзенкирхен против фаворизираните Англичани, а сега точно се знае во кое време.

Тој дуел е закажан за вечер – од 21 часот.

Инаку, тоа е еден од трите термини во кои ќе се играат сите натпревари на евро. Преостанатите две се 15 и 18 часот.

Србија четири дена подоцна од 15 часот го игра натпреварот против Словенците, а во исто време, како и обично, ќе се одиграат сите натпревари од групата во последното коло.

Комплетниот распоред и распоред на натпреварите на Србија на ЕУРО.

16 јуни: Србија – Англија (Гелзенкирхен) 21:00 часот
20 јуни: Словенија – Србија (Минхен) 15:00 часот
25 јуни: Србија – Данска (Минхен) 21:00 часот

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Дали голманот на германскиот Хамбург го даде најлудиот авто-гол на сезоната?

Објавено пред

на

printscreen/official video

Се чини голманот на германскиот „Хамбург“ го даде најлудиот гол на сезоната, што ли се случи погледнете во продолжение:

Доколку не се вчита видеото, погледнете го на следниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) „ФК Кичево“ успешно го заврши првиот дел од сезоната, денес се одиграа одлични мечеви..

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес во Кичево се одигра последното коло за оваа полусезона од детската лига на југо-западниот регион, каде екипата на „ФК Кичево“ во генерациите 2011, 2012 и 2014 ги одигра своите мечеви.

Најпрво генерацијата од 2011 одигра одличен меч со врсниците од „ФК Влазрими“ од Кичево, каде победија со резултат од 4:0. Стрелци на головите за нашиот тим беа, Васко Грујоски 1 гол, Павел Димоски 1 гол, Сарџино Сарџоски 1 гол и Стефан Грозданоски 1 гол.

„ФК Кичево“ во генерацијата 2012 ја одигра втората утакмица денес каде се сретна со екипата на „ФК Велешта“. Тој меч заврши нерешено, односно 1:1. Единствениот гол за нашата екипа го постигна Илијан Чакароски.

И завршниот трет меч денес „ФК Кичево“ во генерацијата 2014/2015 се сретна со екипата на „Еврофудбал“ од Охрид. Резултатот на тој меч заврши со високи 0:5 за гостинската екипа која покажа супериорна игра.

Максим Николаевски – тренер на „ФК Кичево“:

Одличен ден, одлично заокружена полусезона, им честитам на сите фудбалерчиња за прикажаната игра. Продолжуваме со напорна работа, тука нема да застанеме, затоа што за нешто помалку од една седмица ќе учествуваме на уште еден традиционален, воедно и интернационален престижен турнир во Охрид, каде нашите момчиња во три генерации ќе ги бранат боите на „ФК Кичево“

Генералниот спонзор „Порта.мк“ на „ФК Кичево“ го проследи првиот меч од натпреварот одигран против екипата на „ФК Влазрими“ и истиот ви го пренесува преку фотографија:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за понеделник (4 декември)

ОВЕН Конечно би можеле да донесете одлука што ја одложувате толку долго. Откако еднаш ќе пресечете и ќе го надминете...

Хроника7 часа

ТРАГЕДИЈА: Пронајдено безживотното тело на малата Вања, МВР истакна извештај

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје...

Временска прогноза13 часа

Попоски: Променливо, постудено со дожд и снег, детали за времето во следната седмица

Во новата седмица која што ни претстои во Македонија ќе имаме многу промелниво и постудено време за разлика од сега,...

Спорт16 часа

Истакнат распоред и термини за официјалните мечеви на соседна Србија за Европското првенство, во првиот меч игра против „пеколната“ Англија

UEFA ги објави и распоредите за сите натпревари на претстојното Европско првенство во Германија следната година. По ждрепката нашите соседи...

Спорт16 часа

(ВИДЕО) Дали голманот на германскиот Хамбург го даде најлудиот авто-гол на сезоната?

Се чини голманот на германскиот „Хамбург“ го даде најлудиот гол на сезоната, што ли се случи погледнете во продолжение: Доколку...

Култура1 ден

Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, нека е за многу години!

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (3 декември)

ОВЕН Пауза од работните обврски ќе се покажи како доста корисна. Оние кои се страдаат од некоја хронична болест конечно...

Македонија1 ден

Возило со миганти учествувало во сообраќајка кај Струмица, возачот и мигрантите избегале, па биле пронајдени..

На 01.12.2023 околу 08.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна...

Спорт2 дена

(ФОТО) „ФК Кичево“ успешно го заврши првиот дел од сезоната, денес се одиграа одлични мечеви..

Денес во Кичево се одигра последното коло за оваа полусезона од детската лига на југо-западниот регион, каде екипата на „ФК...

Автомобили2 дена

(ВИДЕО) Маск го претстави долгоочекуваниот автомобил „Cybertruck“, неговата носивост на влечење ги надминува сите граници

Во четвртокот, Илон Маск го претстави долгоочекуваниот „Cybertruck“, футуристички дизајниран пикап за кој наводно веќе добил милион резервации. Американскиот милијардер...

НАЈЧИТАНИ