Спорт
Македонија до 19 вчера славеше победа над Сан Марино во последното коло од квалификацискиот турнир во Скопје
Репрезентацијата на Македонија до 19 години вчера оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Сан Марино во натпреварот од последното коло на квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје.
Младата репрезентација на Македонија ги освои првите бодови и со победа го заврши квалификацискиот циклус (прва фаза) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство 2023 година во Малта.
Во првото полувреме, избраниците на селекторот Неџат Шабани од старт ја презедоа иницијативата и не дозволија противникот посериозно да се закани по нашиот гол Подобрата игра ја крунисавме со погодок во 36. минута. Трајков се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и успеа да погоди за предност на Македонија.
Во продолжението од натпреварот, Македонија успеа да постигне уште еден погодок. Назифи во последните мигови од средбата ги постави конечните 2:0.
Во вториот натпревар во нашата група, на стадионот на Македонија Ѓ.П., селекцијата на Србија ја совлада Норвешка со 2:0 во директна борба за првата позиција во нашата група.
Македонија: Тасев, Чајани, Серафимов, Јаневски, Ѓоргиевски, Османи,Чилафи, Зенку, Трајков, Талевски, Ташов
Селектор: Неџат Шабани
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
