Следете не

Спорт

Македонија до 21 година ќе учествува на контролен турнир во Хрватска, во првиот меч силите ќе ги одмериме против Албанија

Објавено пред

на

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.

Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.

Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура.

Првиот натпревар го играме против Албанија на 23. септември.

На 26. септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите на Хрватска и Саудиска Арабија ќе биде нашиот следен противник.

Новата генерација на Македонија до 21 година во јуни месец одигра два контролни меча на домашен терен против селекцијата на БиХ. На двата натпревари избраниците на селекторот Драги Канатларовски забележаа победа со 2:1 и 1:0.

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е закажан на 18. септември во хотел Парк.

Спорт

Скендеровски го објави списокот на репрезентативните футсал фудбалери за квалификациските мечеви против Шведска и Италија

Објавено пред

на

Футсал репрезентацијата на Македонија на почетокот на октомври ги започнува европските квалификации за пласман на Светското првенство 2024 година.

Македонија се наоѓа во групата 10 заедно со селекциите на Италија и Шведска.

Првиот натпревар го играме против Шведска на 7. октомври во Алингсас со почеток во 17. часот. Пет дена подоцна во Скопје ја пречекуваме футсал селекцијата на Италија. Натпреварот Македонија-Италија ќе се одигра во спортскиот центар „Јане Сандаски” со почеток во 19.часот.

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за претстојните квалификации се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Иван Стојановски (Арбен Бајрами), Антонио Петровски (Проект);

Фудбалери: Зоран Левевски (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Иван Крстевски (Врање, Србија), Цека Исмет (Шкупи), Игор Леовски (Мимел- луценец, Словачка), Дарко Ранготов (Проект), Драган Петровиќ (Врање, Србија), Јакуп Рамадани (Лигени), Даниел Марињо Де Соуза (Лозница, Србија), Џокица Арсовски (Хохенштајн Ернштал, Германија), Еркан Сефери (Шкупи)

Прочитај повеќе...

Спорт

Судиска анализа за натпреварите од првата македонска фудбалска лига, потврдени неправилности кон Брегалница, Шкендија и Воска

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти и ги донесе следните заклучоци за 9-то коло од ПРВА МФЛ за сезона 2022/23:

На натпреварот  ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П – ФК СТРУГА ТРИМ ЉУМ одигран на 01.10.2022 година, анализирани се ситуаците од 74. и 83. минута.

Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

74. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Играч од домашната екипа на средина на терен го повлече од зад грб играчот од екипата на гостите правејќи прекршок, играчот имаше отворен простор пред себе и беше во ветувачка акција.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за влечење и спречување ветувачка акција и доделен жолт картон за играчот од екипата на домаќините. Бидејќи тоа беше втор жолт картон, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

83. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите ја одби топката со глава, истата дојде до негов соиграч кој играше невнимателно и  ја удри топката со рака.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за игра со рака на играчот од одбраната на гостите.

На натпреварот ФК Брегалница – ФК Работнички одигран на 01.10.2022 година, анализирани  се ситуациите од 12, 23, 58 и 62 минута.

Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;

12. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостите, топката дојде до играч од нападот на домаќините кој ја удри со глава и помина покрај голот. Меѓутоа откако напаѓачот ја удри топката со глава, пред топката да напушти гол линијата, дојде до невнимателен дуел (тело со тело) со играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на главниот судија што досуди удар од гол, бидејќи играчот од екипата на домаќините  ја упати топката кон голот на гостите и отпосле дојде до невнимателен дуел со играч од одбраната на домаќините, кој е недоволен за да се досуди удар од 11 метри.

23. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на домаќините, играч од нападот на гостите со глава ја удри топката кон голот на домаќините, удрената топка од напаѓачот удира во главата на одбранбениот играч од домаќините и се одбива во рака на соиграч која е во природна положба.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација вториот помошен судија му дава на главниот судија погрешна информација, т.е. да се досуди удар од 11 метри за игра со рака.

58. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на домаќините ја имаше во посед топката и влезе во шеснаесетникот на гостите, на него стартуваше (препнување) играч од одбраната на гостите и направи прекршок.

Исправна проценка на главниот судија што досуди удар од 11 метри, бидејќи играчот од одбраната на гостите направи прекршок (препнување) без да има шанса да игра со топката.

62. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (не досудено офсајд позиција)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостите, играч од нападот на домаќините ја удри топката со глава, која се одби од гредата и дојде до соиграч на напаѓачот кој постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија голот е регуларен, бидејќи во моментот кога играчот на домаќините ја удри топката кон голот, неговиот соиграч што го постигна гол се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостите.

На натпреварот  ФК ПОБЕДА – ФК ШКЕНДИЈА одигран на 02.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 20. минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

20. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостите прими топка централно (на 10 метри) од голот на домаќините и шутираше кон голот. Играч од одбраната на домаќините го блокираше шутот со рака која беше широко одвоена од телото и во неприродна положба.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, требаше да се досуди удар од 11 метри и да се додели жолт картон за играчот од одбраната на домаќините, бидејки шутот беше кон голот и раката на одбранбениот играч беше во неприродна положба, т.е широко одвоена од телото.

Исто така, не сме задоволни од судењето на вториот помошен судија, кој во неколку наврати имаше погрешни проценки за офсајд позиција.

На натпреварите ФК ШКУПИ – ФК СИЛЕКС и ФК ТИКВЕШ – ФК. СКОПЈЕ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 6. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 2022/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 6. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК ПЕЛИСТЕР – ФК ВОСКА одигран на 01.10.2022 година анализирани се ситуациите од 37, 81 и 87 минута.

Главен судија: Марјан Младеновски; Помошен судија: Бранко Путилин и Слаѓан Марковски;

37. минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија што го поништи голот и досуди офсајд позиција, бидејќи во моментот на центаршутот играчот од нападот на гостите беше понапред од претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

81. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Во шеснаесетникот на домаќините играч од нападот на гостите додаде топка до свој соиграч кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, бидејќи во моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот на гостите се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

87. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, на неа скокнаа двајца противнички играчи, домашниот одбранбен ја удри топката со глава која потоа се одби од главата на играчот од нападот на гостите и дојде до негов соиграч кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција, голот е регуларен, бидејќи во моментот кога играчот од нападот на гостите играше со глава, неговиот соиграч се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

На натпреварот ФК Беласица – ФК Беса одигран на 01.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 90. минута.

Главен судија: Спире Арсов; Помошен судија: Богданчо Ѓорѓиев и Јордан Ѓорѓиев;

90. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНА И СОРАБОТКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН И ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на домаќините странично од голот на гостите даде долга топка, на неа тргна негов соиграч кој беше во офсајд позиција, но не играше со топката, туку истиот играч што ја даде топката продолжи да игра со неа.

Погрешна одлука на асистентот судија што досуди офсајд позиција, требаше да сочека да види и процени кој ќе игра со топката, исто така во оваа ситуација мора и главниот судија да донесе правилна одлука, т.е. да дозволи играта да продолжи, бидејќи јасно ја гледа цела ситуација.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Прочитај повеќе...

Спорт

Тиквеш славеше против Скопје, Победа изгуби на домашен терен од Шкендија

Објавено пред

на

Шкендија успеа да ја совлада Победа во Прилеп со 1-3 и барем малку ја намали негативата во однос на лидерот Струга Трим Лум. Сега тетовци имаат 15 бода, идентично како и второпласираниот Силекс кој одолеа на Чаир и одигра 0-0.

Тиквеш славеше против Скопје со 2-0 на дуелот во Кавадарци.

Огњен Ѓурковиќ во 12.минута донесе водство за Победа на мечот во Прилеп, но израмни Љупчо Дориев пред крајот на првиот дел.

За пресврт се погрижи Аденис Шала во 53.минута, а во финишот Шкендија постигна уште еден гол преку Дориев, но и остана со фудбалер помалку.

Шкупи долго се обидуваше да го отвори резултатот на Чаир, но попусто затоа што Силекс се покажа како добро организиран тим, посебно во одбраната.

Тиквеш го победи Скопје со 2-0. Темелков во 25.минута донесе предност за кавадаречкиот тим, а Мишов во 81.минута го потврди триумфот на асистенција на Нгоба.

Вчера, Македонија ЃП и Струга ТЛ ремизираа 1-1, а Работнички славеше гостинси триумф над Брегалница (1-3).

Текст: makfudbal.mk (Лидери за спортски новости во Македонија)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за среда (5 октомври)

ОВЕН Многу ве интересира нешто што сте слушнале или некоја нова тема со која сакате да се занимавате. Можеби размислувате...

Временска прогноза6 часа

Драстична промена на времето од утре, ова се најновите метео вести

Од денес па во следните денови следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена, а повремено...

Хроника8 часа

Ноќеска пред кичевски угостителски објект, албанец бил прободен со нож

На 03.10.2022 во 23.07 часот во ОВР Кичево е пријавено дека пред угостителски објект на булеварот „Ослободување“ во Кичево, физички...

Македонија9 часа

И понатаму сè вози брзо, само вчера 452 санкции за пречекорување на брзина

Во текот на вчерашниот ден (03.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за...

Магазин13 часа

Прототипот на Google Keyboard е долг преку 1,5 m со копчињата распоредени во еден ред

Google Japan има традиција да прави комични решенија кога станува збор за прототипови на тастатура кои на некој чуден начин...

Магазин13 часа

5-те најчести измами на TikTok

TikTok е се попопуларен, а како што беше случајот со сите социјални мрежи во фаза на проширување, покрај зголемениот број...

Магазин13 часа

Протекоа нови информации за камерите и батериите на серијата телефони Samsung Galaxy S23

Според информациите до кои дојде GSMArena, Samsung Galaxy S23 треба да има малку поголема батерија од неговиот претходник: 3.900 mAh...

Магазин13 часа

YouTube воведува промена која на многумина нема да им се допадне

Google одамна ја воведе опцијата YouTube Premium – верзија на својот видео сервис кој не прикажува реклами, туку бара месечна...

Свет13 часа

Универзален полнач за сите мобилни уреди од есен 2024 година.

Од есента 2024 година, на потрошувачите од ЕУ повеќе нема да им треба различен уред и кабел за полнење на...

Автомобили13 часа

Mercedes го најави Електричен Mercedes G класа

Mercedes-Benz откри кога би можеле да седнете зад воланот на неговата електрична класа G. Од компанијата најавија дека возилото ќе...

НАЈЧИТАНИ