Спорт
Освојувачите на купот – ФК Македонија ЃП двата контролни меча ќе ги одигра пред кичевската публика на градскиот стадион
Победниците на Купот на Македонија во фудбал, воедно и македонскиот претставник во квалификациите на Конверенциската лига на Уефа – Македонија Ѓорче Петров своите два контролни натпревари ќе ги одигра во Кичево, на градскиот стадион каде некогаш ФК Напредок ги војуваше своите најголеми битки во историјата.
Натпреварите против Лапи и Дрита од Гнилане се закажани за 22 јуни (среда) и 26 јуни (недела) и двата натпревари ќе започнуваат од 18:00 часот.
Да потсетиме Македонија ЃП. на 21 јули во второто квалификациско коло ќе игра против ЦСКА Софија, а една седмица потоа реванш средба на гостински терен.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Хроника1 денЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево2 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево6 часа„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Македонија1 ден16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија1 денСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
-
Македонија6 часа(ФОТО) МВР: Поради одрон кај Царев Двор-Отешево во прекин е сообраќајот во двата правци кај Ресен, односно Стење
